Ги отвараме ширум вратите на нашата училница и се радуваме на секоја ваша посета.Бидете со нас за време на нашите часови за да кажете браво на вредните дечиња-првачиња кои за прв пат се запознаваат со камерата а толку убаво и се смеат и другаруваат со неа.Поектот на ПЕП и УСАИД -Снимање часови на добра пркса-е најубавото и највредното нешто понудено на нашите училишта,наставници,настава,дечиња и родители во насока на соработка и размена на идеи.А еве што зборува минатогодишното искуство:
Учениците опфатени со проектот покажаа извонреден напредок со нивно максимално ангажирање и активна вклученост но и огромно задоволство и желби и понатаму да се снимаат нивните часови.
Повлечените дечиња ненаметнато и спонтано станаа првите кои сакаат да кажат нешто на поставените прашања и првите кои сакаат да покажат што знаат и умеат пред малата камера,своите родители и целиот свет.
И после секој гледан час малите првачиња самите се оценуваа себе си и својата активност и носеа заклучоци во што треба и можат да бидат подобри при наредното снимање иако тоа никогаш и никој не го побара од нив..
Согледаува и дискутираа кој со кого соработувал а кој бил и по малку себичен...кој можел да одговори и што уште можел да каже а не кажал...кој употребил недругарски или лош збор а забележува колку лошо звучи...И така полека и неосетно секој за себе а заедно со сите забалежа и сфати што сака да поправи кај себе наредниот пат.
Што друго добивме:
-Одлична соработка помегу првачиња кои секогаш се помагаат но спремни се дури и да прикријат нечие незнаење наместо да се исмеваат и потценуваат другарче.
-Ученици кои активно се вклучуваат во активностите без да кажат-Јас не знам! или Не можам!
-Истражувачи кои со радост ги дочекуваат прашањата-ЗОШТО и ШТО МИСЛИТЕ и спремни се да разговараат и анализираат,да истражуваат,прашуваат и бараат одговор за да не остане нешто неодговорено.
-Добивме драг спомен како сведок на моменти од првите училишни искуства.
-Добивме прва награда на Филмскиот фестивал во Скопје...
-Срекни сме кога го споделуваме своето искуство со светот:-)