Ucime niz igra - Изработки-Работни листови за прво одделение




     МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 0
Guests: 0
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                                                                                                            
Пример работни листови за работа со деца од прво одделение и можности за примена на ИКТ со оваа возраст.
Досегашното искуство покажува дека работните листови за работа на компјутер може да се содржат активности во кои нешто ќе се
-влече и распоредува
-брише
-обојува
-зголемува-намалува
-доцртува
низ страницата на документот понуден на децата од прво одделение.За таа цел документите се изработуваат во Word или уште подобро во Power Point бидејки нуди лесни можности за користење на алатките кои таму им се лесно достапни на децата а истовремено на повеке слајдови може да се решат повеке понудени задачи во само еден документ.Наставникот усно ги поставува целите и повеке пати се наврака на нив во текот на работата.Напишаните задолженија на самиот лист може да му користат на наставникот но не и на ученикот кој не умее да чита на оваа возраст.Наставни листови за работа на компјутер може да бидат подготвени за сите наставни предмети а во кој дел од часот ке се користат и со каква цел ке бидат понудени тоа зависи од замислата на самиот наставник. Иако наставникот е навистина ограничен што да подготви поради возраста на децата кои истовремено треба да научат и да работаат во понудените документи и како да ги користат можностите на програмот,сепак постепеното воведување,со давање едноставни задолженија со радост ке бидат прифатени од учениците и училиштето ке се доживее како забавна средина која нуди учење низ игра.На почетокот на учебната година добро е да се користи видео бимот преку кој сите би следеле како работи нивното другарче-доброволец да покаже а потоа убаво е учениците да работаат во парови за полесно да научат како се работи во Word или Power Point документот.Подоцна самите ученици инсистираат на индивидуална работа па наставникот има можност да следи индивидуални постигања.Изработките на самите ученици наставникот може да ги складира во електронски портфолија за секој ученик(папка за секој ученик)а истите можат да бидат пратени и на маил адреса на родителот за детето да има можност да ги работи и во домот.
http://ucimenizigra.ucoz.com/index/edukativni_linkovi/0-5-Ова е збирка на линкови на кои се распоредени игри со кои се остваруваат голем дел од целите од наставната програма во прво одделение а истите се проверени во наставна пракса и се со огромна радост прифатени од страна на децата.Дури и кога подготовка на наставен работен лист за некоја тема е неизводливо за нас наставниците,секогаш можеме да најдеме барем некоја интересна игра на интернет со содржина која одговара на наставната содржина која ја обработуваме.
Што се однесува до работните листови за цртање и обојување кои не се наменети за работа на компјутер,истите може да бидат подготвени од страна на наставникот соодветни на наставната содржина која се обработува а примери можеме да погледнеме на следниве линкови
Следниот сајт ни нуди и можност за креирање на наши работни листови-http://www.dltk-cards.com/writingpaper/cpaper1.asp
Во продолжение следат едноставни работни листови веќе применети во прво одделение ОУ Кочо Рацин с.Ивањевци
Наставник Весела Богдановиќ


МАТЕМАТИКА


Работни слајдови


(лист за печатење)

(лист за печатење)

за работа на компјутер
    
за работа на компјутер

за работа на компјутер

за работа на компјутер


за работа на компјутер(со влечење на знаците постави да биде правилно)          
(за работа на компјутер)



   МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

   (лист за печатење)       

(работа на компјутер)
Ајде да ги прочитаме сликите.
Заокружи ја буквата В секаде во зборовите.


(работа на компјутер)



ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА



за работа на компјутер


за работа на компјутер

   (за работа на компјутер-Семафор)



(работа на компјутер)



(Работен лист за обојување и одрежување)


Работен лист за обојување и одрежување)


МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (второ одд)



МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ


(работен лист за печатење)




Работни листови за печатење
Поради возраста на децата од прво одделение и активностите кои претежно се состојат од боење,одрежување,подредување..на следниве ленкови можеме да најдеме материјали за работа и истите да ги прилагодиме и искористиме соодветно.



Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Our Ecology-website

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Part of collection 
-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
 
 

 
Наши работни листови
 

 
 
 
 
 

 
 

Избор
Online
боенки



 

Весела Богдановиќ
Наставник автор
Креатор и администратор

Адреса
 за контакт и соработка
veselabogdanovik2@gmail.com



Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2014 Create a website for free