1.Повторување на усвоени математички поими преку драмска техника-АКЦИОНА ПРИКАЗНА
2.Интерпретација на стихови со помош на мобилен телефон
3.Илустрирање на строфите и претставување на стихотворбата во форма на КУЌА.
4.Интерпретација на СТИХОТВОРБА ВО СЛИКИ
5.Повторување математички поими прекудрамска техника НАРАТИВНА ПАНТОМИМА
Македонски јазик и Ликовно образование
во корeлација со Математика (Повторување усвоени поими:Напред,назад,Горе-долу... )
Ова е навистина забавен начин за учење на стихотворба бидејќи ги задоволува детските потреби за игра и примена на современа технологија.
Оваа апликација има можност за снимање на нашиот говор.Том е маче кое повторува се што ние ќе кажеме. Нашата задача е да го научиме Том убаво да ја кажува песничката.
Така, децата кажуваат а потоа Том повторува со својот забавен мил глас. Учениците имаат можност да слушнат каде грешеле и уште во истиот миг имаат желба повторно да се обидат да ја рецитираат стихотворбата додека не ја меморираат во целост. Рецитираат индивидуално, во парови и групи.
КОМПЛЕТЕН ВИДЕО ЗАПИС
Напомена
Многу е важно на децата да им дозволиме опуштена атмосфера додека применуваме ваков начин на обработка на стихотворба. Тоа значи дека на почетокот на часот треба да им оставиме време и малку да си поиграт, да го запознаат Том и да ги истаражуваат неговите можности за потоа да бидат концентрирани на негова насочена употреба. Дури и за време на главниот тек ќе се случи децата да заборават на стиховите и наместо тоа да започнат со "капење" или "хранење" на мачето. Наставникот во тој момент не ја запира веднаш нивната игра туку и самиот покажува заинтересираност за активностите а потоа неосетно ги пренасочува повторно да продолжат со песничката.
Доколку се работи со голема група на деца пожелно е да бидат вклучени неколку телефони со инсталирана Апликација и ученици ментори кои би помагале за време на активноста поставени како водачи во групите. Оваа апликација е добра и за воведно претставување на нова необработена песничка бидејќи децата би биле заинтересирани да ја слушаат и многу пати во целост без да им здодее.
"ПЕСНА ЗА ЗБОРОВИТЕ"
ГОРЕ на таванот се нешто има баба круши,ореви ни чува за во зима. ДОЛУ во визбата што ли се крие? Слатко и зимница ке јадеме ние. НАПРЕД на масата приборот ми стои, тука ги цртам цртежите свои. НАЗАД на sидот часовникот стои. Минути и секунди неуморно брои. Тука над креветот слика е ставена. Таму под столчето топка истркалана. ВНАТРЕ сме сите ко птици збрани, со топла љубов мама не храни. НАДВОР е ладно и многу студи. Фучат и вијат ветришта луди.
Ова лево е нашата нацртана стихотворба. Ние не знаеме да пишуваме и читаме но затоа знаеме убаво да нацртаме.
А ова десно е Том. Ја запомнал песничката и сега ќе ви ја каже.