МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Правила и насоки за учество во категоријата MINECRAFT Eду -КРЕФ меѓународен фестивал

 "КРЕФ" е Меѓународен фестивал на едукативни филмови одобрен, акредитиран од страна на Министерство за образование, наука и технолошки развој на Србија.  Во рамки на овој фестивал достапно е учество во категоријата Minecrfat edu со цел Учење преку истражување и претставување на сознанија и идеи преку игра.

КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА ВО ОВАА КАТЕГОРИЈА?

Се однесува на пријава на ТИМОВИ на ученици од приватни и државни основни училишта.

ШТО ТРЕБА ДА СОДРЖИ ФИЛМОТ?

-Должината на конечниот видео запис е најмалку 4 до најмногу 7 минути.

-Содржината на филмот треба да прикаже снимка од продукт Игра, дел-делови од град, населба, село, географски предели, место, локации од историска важност и слично, претставени-изградени во играта Minecraft. (Снимена виртуелна прошетка низ готовиот продукт) како и најмалку една фотографији или снимка од пределот во реалност, за споредба. 

Во воведот на филмот треба задолжително да стои

Место кое го прикажувате. Основно училиште и место, одделение, имиња на члeновите на тимот.

Филмот треба да биде прикачен на You Tube со наслов- За КРЕФ Minecarft EDU Film + име на тимот и Земја

Во полето за опис, под филмот, за време на прикачувањето треба да напишете:

Одделение-возраст, училиште-место.

Краток опис на она што може да се види во филмот НО и опис на претходната и тековната истражувачка работа за да се дојде до информации.

Имиња на деца учесници

За пријава на филмот, претставник на тимот го испраќа линкот (на адреса за која дополнително ќе ве информираме) заедно со Word документ со детален опис- на претходната и тековната истражувачка работа за да се дојде до информации( посета на места, виртуелна посета, линкови, видео записи, фотографии од интернет, енциклопедии, музејсkи поставки и слично) Како работел тимот, како избрале идеја на која ќе се работи, како соработувале за реализцаија на идејата, колку време им било потребно....Се што сакате да ни кажете околу вашата приказна за начинот на работа.

Внимавајте да бидете сигурни дека не кршите туѓи авторски права . Користете снимки на игри кои се ваша креација и ваша приватна сопственост. 

-Пријавата трае од март до мај 2016 година.

Организаторот го задржува правото за дисквалификување на пријави после стручна процена.
Организатотот го задржува правото за промоција на филмовите секаде каде е потребно и корисно за едукативни цели и промоција на наставничката професија.

 

ИЗБОР НА ПОБЕДИЧНИ ФИЛМОВИ

Изборот на најуспешни филмови ќе биде направен од страна на стручно жири, составено од меѓународни реномирани професионалци, едукатори и педагошки стручни соработници .

-Изборот на три најдобри филма од оваа категорија,  прогласувањето на победничкиот филм од оваа категорија и филмови кои ќе добијат специјални признанија од сите категории ќе се одржи во рамки на свечена програма , настан за кој дополнително ќе бидете известени.

УШТЕ ЕДЕН ОПИС НА ЗАДАЧИТЕ ВО ЧЕКОРИ

Чекор 1. Направете тим, најмалку двајца ученици од предметна или одделенска настава.
Чекор 2. Избор и договарање околу тема на која ќе се работи- ИСТРАЖУВАЊЕ за позната локација, место, карактеристики, значење-Ова се податоци кои ќе требаат за работа но и подоцна треба да бидат објаснети, приложени во описи на продуктот приложен со пријавата- Опис на процесот на истражувањето и корисни линкови и додатоци ставени во Word док.
Податоците може да се собираат со посета и фотографирање на објектот или местото- на само место, снимки од повеќе агли или собирање соодветни снимки и податоци достапни преку интернет, разговор со стручни лица и слично....Овој почетен момент на истражување е важен при формирање на вкупната оценка за проектот. 
3. Тимска работа на проектот.
4. Снимка од виртуелна прошетка низ готовиот продукт. Дозволено е да се додава позадинска музика и снимен говор или текст кој објаснува во текот на виртуелната прошетка. 
5. Во самиот видео запис на почетокот треба да стои име на авторите, држава, место, објект кој е цел на претставување и споредбена фотографија од местото, една или повеќе, може додавани и во понатамошниот тек на монтажата. 
6. Линкот од готовиот видео запис заедно со WORD документ со прилози и опис на истражувачката постапка, податоци за претственото место и тимската работа, треба да се приложи на адресата на КРЕФ.

Во прилог се линкови кои можат да послужат како насока

https://www.youtube.com/watch?v=IihvzlFneSM

https://www.youtube.com/watch?v=U7pd3MGGiJY

http://services.minecraftedu.com/worlds/

https://www.youtube.com/user/MinecraftTeachr

 

За сите понатамошни прашања пишувајте на pitamkref@gmail.com или на нашата Facebook страна https://www.facebook.com/%D0%9A%D0%A0%D0%95%D0%A4-1112996875384947/?ref=hl

 


Тимот на КРЕФ ви посакува успешна работа.

 

Весела Богдановиќ

Зоран Илич

Мариа Петреска




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024