МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Вежба за интерактивно читање со разбирање и поттикување на креативно творење по аналогија

Дел од развојна активност за унапредување на јазични вештини во почетните одделенија

Преку оваа активност учениците од второ одделение или трето одделение ќе почувствуваат уште една забавна страна на читањето (кирилица или латиница)- Вештината за читање со разбирање на прочитаното во оваа прилика ќе им овозможи да играат интересна игра. Самооценувањето на учениците тука самото ќе се наметне како составен момент затоа што секој ученик ќе има прилика самиот да почувствува дали неговите читачки вештини се доволни за да може непречено да ужива во оваа игра и да придонесе во тимот или во иднина треба повеќе да вежба.

 

Активноста исто така нуди солидна основа за унапредување на вештините за тимска работа, развој на детската фантазија и унапредување на основите за авторско литературно творење од најмала возраст. Како мотив и идеја за пишување на овој текст ми послужи делото Робинзон Крусо бидејки сум имала прилика да видам со колкав интерес децата го читаат тоа авантуристичко дело и тргнав од претпоставка дека ваквиот тип на текст ќе го побуди интересот за читање и творење и кај најмладите читатели. 

 

ВРЕМЕ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА - 1 час, со мал вовед или 2 часа слеан тек со квалитетена воведна активност како мотивација. Понатаму активноста треба да продолжи како домашна задача со нови насоки, опишани на крајот на прегледот,  или како долгорочна активност со пообемни барања, за време на летниот одмор.

Средства за реализација

Синиот најлон со апликации риби (често споменуван во нашите активности и применуван за разни намени во текот на годината) Дури и да го немате него, доволно ќе биде децата почетно да се соберат во круг на погодно место а самиот амбиент ќе го замислат со помош на фантазијата и усни инструкции на наставникот (Игра-гледање со затворени очи)

 

Дневникот на главниот јунак (импровизирана стара тетратка, со исчадени и искинати корици, направена од картон и стари хартии, подвразана со конец. Во него треба да стои мапата и текстот- понудни се долу)

 

Воведна слика (прва горе)

Интернет, тајмер за мерење на брзина на читање http://www.online-stopwatch.com/eggtimer-countdown/full-screen/

Мапа (слика 2 долу) Направена е со комбинирање на сликички и позадина во Power Point, подоцна зачувана како слика. 

Текст 1-понуден на странава 

Текст 2-Приказна во ленти- Поставена подолу за печатење

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ

 1-УТРИНСКА СРЕДБА-Патуваме со брод

-Играме диригирана драмска игра- Во вода, под вода ( имитации, замислено патување во далечен свет, пливање во вода, под вода, брзо и бавно пливање..)

 

2-Потоа наставникот 

-Ја покажува воведната слика на која е претставен ликот за кој се зборува во приказната што следува....

-Го покажува дневникот на главниот лик и од него го чита воведот во приказната но најпрвин со децата се договара дека тие мора да ги затворат очите и убаво да си замислуваат слики за се што ќе слушнат :

"Пред неколку недели додека шетав на морскиот брег, пред мене во водата здогледав малечко шишенче. Ги соблеков чевлите и внимателно влегов во водата. Го зедов во рацете необичното шише и веднаш забележав дека во него има некакво ливче па со нетрпение го отворив. Веднаш препознав дека тоа мора да е некоја мапа но јазикот на кој беа обележувани важните места ми беше сосема непознат. Единствено што успеав да разберам беше  името на островот кој беше нацртан на мапата но за таков остров досега не сум чул. Ја ставив мапата во џепот и си заминав дома. Таа ноќ воопшто не заспав. Постојано мислев на необичното писмо од шишето. Некаде пред разденување донесов одлука дека јас морам да одам и да видам што има на тој чуден остров. Уште еднаш ја отворив мапата за да видам убаво што има на неа и во тој миг се случи вистинско чудо над чудата. Само за неколку секунди, неколку трепкања со очите додека се мачев да прочитам како се викаше островот, јас веќе бев на неговиот брег. Околу мене бела песочна плажа, неколку високи палми и чудна тишина. Се што имав со мене беше една тетратка и стило со кои дома сакав да направам план што ми треба за патувањево токму во мигот кога се случи ова чудо. Дури и мапата никаде ја немаше. Добро проверив во џебот но ја немаше ни таму. Така започна мојата најголема и најчудна авантура на пустиот остров чие име не го запомнав.

Одлучив секој миг да запишувам по нешто што е важно во мојата тетратка, за секој случај, може ќе ми биде од корист. Потоа тргнав да го разгледам островот.

Поминуваа денови и денови...."

Читањето на приказната завршува тука.

После краток разговор за прочитаното, децата во парови добиваат :

1.По една испечатена мапа, или мапа отворена на компјутер во Paint

2-По едно писмо со ленти со содржината што следува во продолжение. Оваа содржина треба да биде испечатена но секој дел да биде посебно исечен во ленти. Содржината може наставникот претходно да ја прилагоди со продолжување или кратење, во зависност од периодот во кој се одвива активноста, возраста на децата и досегашните постигања на ниво на одделение.

ЛЕНТИ ЗА РЕДЕЊЕ-СОДРЖИНА ЗА ЧИТАЊЕ

ОПИС НА АКТИВНОСТА НА ПАРОВИТЕ

Секој пар има  задача:

1-Прво лентите да ги подреди по ред, според именуваните денови за кои се зборува. На децата треба да им се објасни дека треба добро да забележат како одат  броевите на деновите по ред бидејки главниот јунак не пишувал во својот дневник баш секој ден. Тој пишувал тогаш кога имал нешто интересно да раскаже.

2-Потоа треба да започнат со наизменично читање на лентите, читање на глас, од прва кон последна лента, еднаш едното а потоа другото дете. На ваков начин децата заедно ќе откриваат што се му се случувало на главниот јунак.

3-Додека читаат имаат задача на мапата по ред внимателно да ги обележуваат сите места на кои се движи главниот лик, да зокружуваат места и предмети за кои се зборува во текстот додека читаат и да цртаат патеки за секое опишано движење.

 

НАСТАВНИКОТ пред самиот почеток подесува тајмер со кој ќе мери брзина на читање и реализирање на ова активност. http://www.online-stopwatch.com/eggtimer-countdown/full-screen/ Тајмерот е силна мотивација за дечињата кој овозможува концентрирано да се посветат на активноста и во иднина редовно да вежбаат читање за да постигнуваат подобро време на читање. Наставникот сега ќе има доволно слободно време во кое ќе може да следи поединечно поголем број на дечиња без тие да бидат изолирани во процесот на оценување на читањето.

 

Откако сите ученици ќе стигнат до седумдесеттиот ден во кој останува неизвесно што се случило, што толку необично открил тој ден главниот јунак, се прави мала пауза со навраќање на содржината преку прашања и одговори. 
Сега децата имаат две нови задачи -Куса говорна вежба на ниво на одделение
1- Да пресметаат колку вкупно седмици главниот јунак поминал на чудниот остров
2- Да смислат свои краеви со кои приказната ќе завршува среќно токму тој, седумдесеттиот ден .
 
Активноста може да се работи и индивидуално доколку текстот со ленти се преработи на три нивоа или се работи со деца од трето одделение, или на час за додатна настава. Истата активност во трето одделение може да се примени и за читање на текст на латиница, доколку тестовите се подготват на латиница.
 
 
ШТО СЛЕДНО МОЖЕ ДА СЕ РАБОТИ СО ОВАА АКТИВНОСТ КАКО ОСНОВА И ПОТТИК?
ТВОРЕЊЕ НОВА ПРИКАЗНА ПО АНАЛОГИЈА
 
Ова би била интересна домашна задача за време на викенд или за време на летниот одмор. 
Потребни средства:
-Тетратка, како дневник направен со пренамена на картон и стари листови
-Голем хамер, туткан, превиткуван неправилно и со неправилно сечени краеви да личи на стара карта. На него детето полека, тековно, додека пишува ред и како му доаѓаат идеите, ќе ги внесува местата и најдените предмети со цртање и пишување. 
 
 
Детето треба да пишува во прво лице, од свое име. Има задача да опише едно свое замислено патување и авантура на еден или повеќе соседни острови. Во оваа нова приказна треба да постои и брод со кој тоа ќе патува и ќе стигне до необични места а потоа на сличен начин по денови во дневникот ќе забележува измислени настани. Може да патува сам или со пријател кој треба добро да ни го опише и нацрта.
За секој настан или откритие треба да нацрта на картата каде се движело и сликовито да претстави. Така на крајот ќе има готова, интересна мапа и забавна авторска приказна.
Ова може да се пишува во подолг временски период доколку е зададено како задача за врема на викенд или летен одмор. Во тој случај, раскажувањето на случките по денови треба да биде пообемно, богато.
 
 
Автор Весела Б Лиценца Криејтив комонс Сите права се задржани. Може да се применува со наведување на извор и автор



NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2017