Ucime niz igra - ТВОРЕЧКИ И ЛЕКСИЧКИ ИГРИ




     МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                                                                                                            
ТВОРЕЧКИ И ЛЕКСИЧКИ ИГРИ
ВЕСЕЛАТА КОЦКА
-Колку страни-толку приказни(измисли приказна според сликата залепена на коцката)
-Именувај ги буквите на страните на коцката и кази збор на таа буква.
-Прочитај што пишува на страната што си ја завртил(глобално читање)
-Изброи од колку букви е зборот напишан на страната на коцката што тебе ти паднала. Која е првата буква а која последна.
ТЕЛЕВИЗОР
-Опиши,раскажи што се случило на сликата ставена во "телевизорот"..
Што мислиш дека потоа ке се случи...
Зошто тој/таа е тажен-срекен...
Од каде доага-каде оди....
Кој, што зборува но не се слуша..
-Нацртај своја илустрација и стави ја во телевизорот за да ја раскажеш на другите.
Раскажување на приказна по серија слики
Телевизорот се изработува од било каква картонска амбалажа. Ние го направивме од кутија од играчка а потоа од пластични тапи ставивме дугмиња за менување програми .
ПИСМО
-Состави ги деловите од сликата во писмото и измисли приказна по редослед на настани.
-Состави ја сложувалката во писмото и опиши ја сликата со што повеќе зборови
-Состави ги буквитево писмото за да го добиеш твоето име.
-Погледни ја сликата во писмото а потоа од буквите состави го името на предметот.

ПОГОДИ ЈА ПРИКАЗНАТА..
Пример1-(работа во групи со различни делови од приказна)Обои слика со мотив од дадена позната бајка ..
Составете ја приказната по слики и обидете се да ја раскажете во целост.
Пример2-погоди ја приказната по слушнат дел а потоа раскажи ја целосно..

Замислување на содржината на приказната според илустрациите во сликовницата...
Проверка на претпоставките...Кој беше во право..
 
..............................................................................................
Раскажување на приказна со помош на :
-Макета и апликации.
 -Серија слики.
-Со помош на кукли.
-Изведба на мали драмски игровни активности со дидактички материјал.
...............................................................................................          
Гледај дел од цртан филм и обиди се да го предвидиш крајот а потоа погледни каков е навистина.
Измени го крајот на приказната....кога ти би бил писателот...
Раскажи ја приказната со ставање на имиња на твоите другарчиња
на местото на јунаците во неа.
Измисли лажна случка.
................................................................................................
Нонсенсно раскажување-
Oткри што е нелогично во слушан текст..и кажи што би било логично.
................................................................................................
ВЕЖБИ ЗА АКТИВНО СЛУШАЊЕ 
И ПРИЛАГОДЕНО ЗБОРУВАЊЕ                               
ЗАМИСЛЕНО ПАТУВАЊЕ-
Наставникот ја започнува играта..си замислуваме дека патуваме во земјата на џиновите...или во земјата на џуџињата....може и во вселената....ЗАмижете ги очите...што гледате лево....замислете дека преминуваме преку река..шлапкајте во неа....горе лета лоша птица..наведнете се....ене ги џуџињата...видете ги колку се убави...ајде да ги опишеме....
ЈА СЛУШАМЕ ТИШИНАТА-
Учениците се седнати во круг  на подот...На знак ги затварме очиме и слушаме се што може  да се слушне.На даден знак ги отвараат очите и раскажуваат што слушнале.
ТИ ЗБОРУВАЈ СИ А ЈАС НЕ ТЕ СЛУШАМ-Целта е да се сфати значењето на тишината и сослушувањето кога некој нешто ни зборува.
Е ден ученик добива задача да ни раскаже некое свое ново и убаво доживување или да ни каже кои желби сака да му се исполнат....Додека кажува тој ние сите на даден знак започнуваме да му сметаме,да не го слушаме и да си разговараме меѓусебно.
ПОГОДИ ШТО ПРАВАМ-Додека сите мижат еден тропка со различни предмети..или шушка..или шлука...а потоа другите погодуваат што правел.
ПОГОДИ КОЈ ЗБОРУВАШЕ-Едно дете е со заврзани очи и се обидува да погоди кој испушта гласови,кој шепотел..

Игра-ИМИТИРАЊЕ-ЦЕЛТА Е ПРАКТИКУВАЊЕ НА ПРИЛАГОДЕНО ЗБОРУВАЊЕ-
Изведба на кратки драмски игри во кои се имитира бавно зборување на бабичка...гласно обраќање со викање и нервозен тон..известување со шепотење...
РАСИПАН ТЕЛЕФОН...
................................................................................................
Игри со набројување:
-Што има во шумата?..........
-Што има во кујната?..........
-Кој живее во твојот дом?.......
-Кое овошје расте во овошната градина.....
....................................................................................................
ИГРИ СО ОПИШУВАЊЕ
(збогатување на речникот со придавки): 
-ОПИС НА ПРЕДМЕТИ,ИГРАЧКИ
-ОПИС НА ДРУГАРЧИЊА,себе,
-ОПИС НА СЛИКИ
Опиши што гледаш низ нашиот прозорец
Предлог игри:
игра-ВОЛШЕБНА ТОРБА (извлечи и погоди со замижани очи а потоа опиши)
игра-извлечи сликичка и кажи се што знаеш за предметот на неа да го опишеш богато.
натпревар-кој од двајца ке ја опише играчката со повеке зборови...
ОПИШУВАЈ ИГРАЧКА ИЛИ ПРЕДМЕТ А ОСТАНАТИТЕ ПОГОДУВААТ ЗА КОЈ СТАНУВА ЗБОР.
...ДОНЕСИ МИ,ДОНЕСИ МИ....(опишуваш предмет со повеќе зборови за да погодат што да донесат)
..................................................................
Реченици......ЗБОГАТУВАЊЕ РЕЧЕНИЦА СО ПОВЕКЕ ЗБОРОВИ-
направи богата реченица...
Да ја направиме реченицата исправна- 
направија реченицата соодветна..(ПРИМЕР-Креветот лежеше на Диме)

ПОТВРДНА-ОДРЕЧНА(Јас утре ке одам на училиште.
                                          Јас утре нема да одам на училиште)
ОД ПОТВРДНА ВО ПРАШАЛНА И ОБРАТНО

ОД ЕДЕН ЗБОР НАПРАВИ РЕЧЕНИЦА(ОД ИЗВЛЕЧЕНА СЛИКИЧКА )

ДОВРШИ ЗАПОЧНАТА РЕЧЕНИЦА соодветно
   Месарот продава...(месо,јогурт,облека)
   Децата треба да пијат....(вино,сок,пиво)
   Во пекарата купувам(молив,леб,книга)
   Рибата има..(нога,перки,крилја)
   Возот оди по(пат,шина,вода)
РЕЧЕНИЦИ СО КОРИСТЕЊЕ УЧТИВИ ФРАЗИ
     Кога наутро доаѓаме во училница треба да кажеме..(здраво,..догледање,...добро утро)
     Брат ми сака колаче...треба да каже..
     На Маја и е роденден а јас и велам(догледање,..срекен роденден)
     Кога подавам на некој треба да кажам(на,...повели,...еве ти)
     Брат ми се најал убаво а јас му велам(наздравје,....создравје)
     Вчера добив подарок но имама ист таков па велам(не сакам таков имам,....благодарам,...да си го вратите зосто имам таков)
     Преѓе случајно го турнав другарчето и му реков(така и ти требаше ко си застанал тука...извини)
     Брат ми бара помош а јас сум зафатена во моментов и велам(мрш бе таму....ај малце попосле...бриши)
    
................................................................................................

Зборови...
Збогатување на речникот 
ДОБРИ-ЛОШИ ЗБОРОВИ(ИГРА СО ЗНАМЕНЦА И ИЗВЕДБА НА КРАТКИ ДРАМСКИ СИТУАЦИИ)

Украси  ДРВО НА УБАВИТЕ ЗБОРОВИ-
Активност изведена во соработка со повозрасните деца од училиштето
 
Кажи збор на-ка
Кажи збор на-јас
Кажи збор кој завршува на-он
-КАЖИ СПРОТИВЕН ЗБОР НА МОЈОТ штом ја фатиш топката во рака(АНТОНИМИ)
-СИНОНИМИ
     Како поинаку се вели за градина..(овоштарник,бавча,)
     Како уште се кажува за детето(бебе,доенче,клинче,малеечко,девојче,машко)
     Какви се чевли постојат.(сандали,патики,мокасинки)
     Како може уште да го наречеме зборот'црн'(темен,мрачен,црнолик,чадлив,замрачен)
     Како уште се кажува за одењето(да се пешачи,доаѓа,маршира,трча)
     Како уште се вели за хранењето(ужина,ждере,срка,лапа.јади)
-ДЕМИНУТИВИ И АУГМЕНТАТИВИ
     вода-водичка-водиште
     куќа-куќичка-куќиште
     рака-раченце-рачиште

"Дедо седи на грутка"http://ucimenizigra.ucoz.com/index/seme_stvo/0-36
................................................................................................
ИГРА-РИМУВАЊЕ НА ЗБОРОВИ
Воведна активност-Игра со подавање топка и изговарање на збор што се римува(бела-цела)
Творење стихови со дополнување-На местото на зборот кој недостига цртаме симболи...
Твориме стихотворба на дадена тема со римување...
Штом е готова ја лепиме и поставуваме како украс за нашата училница

Пример часови-



............................................................................................................................
КЛАСИФИЦИРАЊЕ НА ЗБОРОВИ СО ЦЕЛ 
ОПЕРИРАЊЕ СО ПОИМИ ОД РОДОВИТЕ И ВИДОВИТЕ,
КАКО И ВОСПИТУВАЊЕ НА БРЗИНА НА РЕАГИРАЊЕ
 
   ПРВА ВАРИЈАНАТА:
   ПРИМЕР-Наставникот кажува-ДОМАШНИ ЖИВОТНИ-а децата треба да набројат барем  три што побрзо.
                -Наставникот вели-ПРИБОР ЗА ЛИЧНА ХИГИЕНА...децата набројуваат три предмети.
   ВТОРА ВАРИЈАНТА:
   ПРИМЕР-Наставникот набројува -малина,јагода,грозје...а учениците одговараат-ОВОШЈЕ!

.....................................................................................................................................................................................

ЗБОГАТУВАЊЕ НА РЕЧНИКОТ СО ГЛАГОЛИ
-работа во парови-(нацртај кој дома што помага и ке составиме сликовница)
.......................................................................................................................................................................................

ИГРИ ЗА ПРАВИЛНА АРТИКУЛАЦИЈА И
 ДИСКРИМИНАЦИЈА НА ГЛАСОВИТЕ

ВОЛШЕБНО ДРВО-(извлечи сликичка и кажи на кој глас започнува зборот за нацртаниот предметна неа а потоа стави ја на дрвото)

ИЗВЛЕЧИ ИГРАЧКА И КАЖИ НА КОЈ ГЛАС ПОЧНУВА...

НА КОЈ ГЛАС ПОЧНУВА МОЕТО ИМЕ..НА КОЈ ЗАВРШУВА..

НА БУКВАТА..НА БУКВАТА

ДОДАВАЊЕ-ОДЗЕМАЊЕ ГЛАСОВИ ОД ЗБОРОТ(смешен збор)

ТОЧНО-НЕТОЧНО(наставникот кажува зборови со неправилна употреба на гласовите а децата реагираат-точно-неточно )
.......................................................................................................................................................................................


РАБОТА СО ЕНЦИКЛОПЕДИИ





MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5 and 6 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-
Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.
SCIENCE activities

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Part of collection 
-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
 
 

 
Наши работни листови
 

 
 
 
 
 

 
 

Избор
Online
боенки



 

Весела Богдановиќ
Наставник автор
Креатор и администратор

Адреса
 за контакт и соработка
veselabogdanovik2@gmail.com



Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2014 Create a website for free