МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Наше необично пејзажно сликарствo- супер забава за летните денови

   

Ако и Вие ги сакате белите камчиња, бесплатните сувенири, миговите со дечињата и креативните занимации, оваа летна анимација убаво ќе Ви дојде и Вам а Вашите дечиња, секогаш ќе се сеќаваат на уште еден интерсен миг од своето детство. Сликање на камчиња...А се што е потребно се фломастери и безбоен лак за нокти со кој на крајот би ја фиксирале готовата слика на камчето за да не се размачкува при допир со водени рачиња и така нашиот спомен-сувенир да остане траен. Така, вечерната прошетка низ град можеме да ја искористиме за „детективско„ набљудување на сликите на многуте магнет-сувенири и разгледници изложени низ локалните продавници, со цел да запомнеме нови идеи за сликање за следниот ден. Во потрага по наша сликарска инспирација можеме да фотографираме места кои ги посетуваме или објекти кои ни се интересни а следниот ден да избереме кое место од нашите фотографии ни се допаѓа за да го насликаме на следното камче. И тоа се исто така, корисни занимации за нашите дечиња. Фокусираното набљудување навистина може да даде шарм на нашите заеднички прошетки и добро да ги анимира дечињата. Самото цртањето на ситни елементи бара прецизна координација на раката, трпение и истрајност, вештини чие увежбување е во прилог за децата во развој. Корисно е да се работи со сет тенки и сет дебели фломастери, едните за цртање а другите са боење на површините или само со еден сет тенки и за цртање и за боење. Било каква слика насликана од нашето детенце е наше вистинско богатство кое го уважуваме и на кое му се радуваме искрено а со тоа кај него поттикнуваме и охрабруваме понатамошна креативност.

   

Можеме дури и  да си поставиме и интересен предизвик-Најмалку едно украсено камче за секој поминат ден од нашето летување, со слика од едната и датум од другата страна. Било каква кутија (од млеко, сок, чевли), украсена со лепен песок, школки и качиња може да стане интересен дом за нашите спомени. 

Дури и дечињата од двегодишна возраст уживаат во оваа игра заедно со нас. Нивните вештини за шкрткање се доволни за оваа игра иако вниманието им е кракотрајно. Ако имаме добар пристап, трпение и насмеан лик и ако со различни конкретни задачи (собирање камчиња, миење на камчињата, едно по едно во сад со вода, подредување на линија), го анимираме нашето малечко, и тоа ќе биде добар партнер за креативна работа. 

Добро ќе биде, кога сме веќе таму, да понесеме со себе и неколку чисти камчиња на заминување. Можеби она што не сме стигнале да го направиме за време на одморот ќе ни стане омилена игра во домот, како забава за жешките долги денови. Но, ајде сега уште еднаш детално да се навратиме на оваа активност, овој пат со додавање на научно истражувачки елементи кои ќе ви бидат потребни и вам доколку се согласувате дека скоро секоја креативна активност може да стави и во функција на поттикнување на сестран развој и широки интереси:

 

Можеме ли тука, спонтано да внесеме почетно запознавање со нови поими, нивно значење....? На пример :

Поим-Пејзажното сликарство е дел од сликарството со кој се претставуваат предели, места, долини, реки, дрвја, шуми, море...Речиси секогаш небото е составен дел на пејзажните слики а временските прилики (сончево, облачно, врнежливо, невреме, дење, ноќе..) се особено истакнати. Иако најчесто под пејзаж се подразбира сликање на реален предел, често во уметноста низ историјата и денес доста популарно е сликање, цртање на замислени предели, места, со замислени елементи, објекти со необични форми (згради, куќи, планини...) 

Зошто овие информации се корисни за дечињата и на која возраст почнуваат да бидат интересни? Секоја, за возраста прилагодена информација, која во себе носи приказна (податоци,факти,макар и легенда), во голем мера влијае на зголемување на квалитетот на игровната активност која во моментот ја планираме и реализираме со нашите дечиња. Иако дечињата од 3 и 4 години се малечки за вакви информации, никогаш не е рано да се обидеме да најдеме неколку кратки реченици кои ќе ги пренесеме за време на играта без посебни очекувања. Веќе од петтата година секоја информација за нив станува интересна приказна, посебно ако возрасниот знае да маѓепса со своите раскажувачки вештини и доколку ги вклучи и нив во процесот на барање податоци и фотографии на конкретната тема. Тогаш и возрасниот станува љубопитен другар кој сака да истражува за да дознае што повеќе заедно со своето дете. 

Дали сликањето на камчиња може да се нарече пејзажна уметност? А зошто да не? Но доколку и вие сакате да додатете малку наука за време на овие активности, направете истражување заедно со вашите дечиња. Ова е уште една прилика интернетот да се доживее како потенцијален извор на корисни информации. На пример, разгледајте ги заедно најстарите пејзажни слики зачувани низ историјата: 

https://www.google.com/search?q=oldest+landscape+paintings&espv=2&biw=1366&bih=609&tbm=isch&tbo=u&source=univ&sa=X&ved=0ahUKEwj93q-bl4zOAhVERhQKHdNkCtUQsAQIGQ&dpr=1

Интересно ќе биде заедно со нашите дечиња да ја толкуваме оваа поделба :

Сега можеме да направиме посебен сет украсни камчиња, по едно камче за секој тип од наведената поделба. Не се грижете за камчиња, ги има насекаде околу нас. Потребно е само да побараме во блиската околина. Дури и оние кои летниот одмор го минуваат во своето место, можат да уживаат со овие креативни занимации.

 

Доколку возраста на децата дозволува, можеме да подготвиме и неколку ливчиња со информации кои ќе бидат интересни а нашето дете ќе може и ќе сака со интерес да ги прочита самостојно.  Потоа можеме заедно да зборуваме за прочитаните информации, значење, нејасни поими.. На пример:

  • Најстарите пејзажи се фрески од  Грција од околу 1500 п.н.е, На нив најчесто се прикажани сцени од лов, од секојдневниот живот, религијата, обичаи, животот на луѓето околу реката Нил од древниот Египет. Прикажувале реална слика на местото, но сепак на нив повеќе биле истакнати форми на растенијата и човечки и животински фигури, отколку на целокупниот амбиент на пејзажот. Прикази на цел пејзаж, први се развиени во Античка Грција во хеленистичкиот период, иако нема многу зачувани примери кои можат да се видат. Служеле за уkрасување на ѕидови и некои биле изработени во форма на мозаици.
  • Кинеската традиција на цртање „беспримесен“ пејзаж е таква во која имало насликани човечки фигури но човекот бил насликан многу мал, и само со цел да дава размер и контекст на делото, а со тоа го примамува набљудувачот да се чувствува како да  учествува во делото, како да е таму и учествува во мигот. 

Еве уште еден интересен предлог:

1. Разгледајте ги со своите дечиња најубавите фотографирани пејзажи од Eвропа.

2.Потоа преминете на изработка на сет пејзажни камчиња на кои ќе бидат насликани пределите кои посебно ви се допаднале и би сакале да ги посетите во некоја прилика.

3.Обидете се да пребарате податоци за сите тие ваши омилени места и замолете ги дечињата да запишат по неколку реченици за секое место во својата збирка. Дури и ако солидно знаете англиски, користете онлајн преведувач за да ги преведувате информациите на македонски, затоа што се што правиме со нашите деца ним им останува како патоказ и пример за идни самостојни активности, вештини за истражување, снаоѓање за собирање и преведување на потребни податоци. Оставете ги да го прочитаат дигитално преведениот текст кој секогаш содржи и по малку збркани и помешани содржини и почекајте да се обидат самите да го откријат логичниот тек на мислата која се преведувала. На овој начин детето преку игровен предизвик ќе вежба и разбирање на нелогичен текст. 

http://www.europeanbestdestinations.com/best-of-europe/best-of-europ/most-beautiful-landscapes-in-europe/

Вложете време во игри со своето дете. Можеби токму една ваква игра ќе стане негово идно хоби кое можеби ќе се развие во идна професија избрана со љубов и интерес(истражувач, сликар, уметник, историчар, писател..), никогаш не се знае. Но внимавајте, не дозволувајте да станете нападни со намерата да внесете истражување, читање и пишување. Проценете го и почитувајте го нивото, границата на интересите на вашето дете и во прав миг мудро свртете го акцентот само кон креативноста, веднаш штом забележите дека е потребно, дека станало напорно за него. Дури и ако детето воопшто не пројави интерес да испрашува и истражува на темите кои сакаме да ги наметнеме, цртањето е сосема доволна активност со која треба да бидеме задоволни затоа што секое дете расте со свое темпо а развојот на интересите не се наметнува со сила и ускратување на игрите и слободното време.

И само уште нешто интересно и за нас возрасните- Стари зачувани пејсажни слики со податоци за секоја посебно. Секако дека и овие информации би можеле да им ги интерпретираме на дечињата доколку забележиме дека и понатаму постои интерес за оваа тема

http://www.theartwolf.com/landscapes/50-landscape-paintings.htm

 

Автор Весела Б 2016

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024