МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Нашите магични вулкански приказни-Научно-истражувачка, креативна и творечка активност 

   

Активноста е подготвена и реализирана како интеграција на два наставен предмет-Природни науки и Македонски јазик, без никакво разграничување на двата предмети во текот на реализацијата. Претставува функционален спој на наука и творештво, насочен кон: стекнување искуства за учење преку чекорите на истражување, унапредување на фантазијата и вештините за писмено литературно изразување и творење со акцент на правилна употреба на голема буква и интерпункциски знаци на крајот на речениците.
Клучен вокабулар/поими- Карпа, камен, вулкан, лава, тече, жешко, растопено..

Елементи на НАУЧНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ: Kористи различни извори за собирање информации, гледа, прашува, споредува, анализаира, црта, претпоставува и запишува претпоставка(од што и по колку количински да се стави за подобар ефект) проверува, повторно препоставува и повторно проверува, користи секојдневни искуства.. Изведува заклучоци, прави план и дава идеи за следно истражување на слична тема...Кажува/покажува,објаснува.. 

Средства: Тесто, земја, глинамол, школки, камчиња, црвена пипер, оцет, кисела вода, обична вода, сода бикарбона, прашок за перење, пластични чашки или тенки мали пресечени шишенца за внатрешноста на вулканите...

   

 

Претходни активности во соработка со родителите: Со комуникација преку нашата online група за соработка, изведовме истражување преку насочени линкови, слободно тематско истражување и користење на енциклопедии и интернет како средства за собирање информации. Oвој начин на соработка со родителите е добро разработен во нашата секојдневна пракса. Темите дадени за домашно истражување (вулкани, познати вулкани во светот, активни вулкани, делови на вулкан) беа веќе обработени на претходниот час заедно со дечињата преку анализа на видео записи достапни на интернет,  но овој пат дечињата и родителите имаа  и нова задача :

1. Да откријат нови информации: Како може да се направи макета-домашен активен вулкан. 2. Да соберат материјали потребни за следниот час, со цел да направиме макети и да експериментираме со нив. 

ТЕК НА КРЕАТИВНИОТ ДЕЛ ОД АКТИВНОСТА

Започнавме со разговор во насока на размена на искуства од минатиот час и собрани информации преку истражувањето дома. Учениците во две групи изработија постери а за време на изработката имаа задача да ги сумираат сознанијата од истражувањата и да претстават важните податоци сликовито и текстуално.

 

По истражувањето учениците стигнале до неколку идеи за изработка на макета :1. Макета направена со моделирање земја 2. Моделирање тесто 3. Моделирање Глинамол. На материјалите со кои располагаа учениците им додадовме школки и камчиња од нашето математичко катче. Како идеја од еден ученик, црвената боја на вулканската лава ја претставуваа со црвена пипер за готвење. Моделирањето на секој вулкан пожелно е да оди околу платична чаша или тенки мали пресечени шишенца затоа што тие ќе ни овозможат понатаму да направиме повеќе истражувања со употреба на ист вулкан. Во спротивно доколку чашката ја нема во внатрешноста, при првото сипање на мешавините вулканот може да се разводни и распадне.

 

Додека малку се зацвртат нашите спремни вулкани, ние ќе работиме нешто многу интерено а потоа ќе преминеме на истражување

НАШИ ВУЛКАНСКИ ПРИКАЗНИ

АКТИВНОСТИ: Творење, пишување наши нови приказни за Штрумфовите и други ликови од приказните кои едно утре биле изненадени од чудни појави во блиската шума...Се појавил чуден вулкан кој еден ден испуштал течно чоколадо, другиот ден во 12 часот фрлал лижалчиња а попладнето  од него течела лимонада.

 

Во текот на творењето на новите приказни учениците имаа дозвола: 

Или да го искористат овој почетен опис за пишување но да го збогатат и издигнат на ниво на комлетна приказна со почеток, тек и крај.. 

-Или да направат сосема нова приказна со слична тема но различни мотиви, со повеќе вулкани и нови моменти како проблемски ситуации.

Овие дечиња имаат искуство во творење приказни на различни теми. Она што како најважно го потенцирав во овој миг е тоа дека треба да внимаваат на употреба на голема буква и соодветни интерпункциски знаци. Како основна мотивација и насока најпрвин изигравме говорна вежба. Ги користевме гумените ликови кои се секогаш достапни во нашето литературно катче. 

 

Приказни за лава од шлаг, сладолед и стопени гумени бомбони..:-)

 

ОПИС НА ИСТРАЖУВАЧКАТА ПОСТAПКА КОЈА СЛЕДУВАШЕ :

Иако секој ученик направи свој модел, во понатамошниот тек работевме во парови. Секој ученик имаше задача индивидулано  да запише што е потребно да се употреби за да се произведе вулканска ерупција. Потоа записите се спојуваа и проверуваа на ниво на пар. Експериментот се изведуваше по три пати- по еднаш според индивидуланите записи на секо дете и еднаш според заеднички заклучок и заедничка идеја.

  

Понатаму децата имаа слобода заедно, на ниво на пар да запишат и проверат нови идеи со комбинација на разни средства. Така проверуваа да стават течен сапун или прашок во прав наместо сода бикарбоната од успешниот експеримент, обична вода наместо оцет, минерална вода наместо оцет и слично. Црвената боја на лавата ја правеа или со црвена пипер според предлогот на едно од дечињата или со црвена прехрамбена боја.

  

 

Активноста беше успешно реализирана во целост. Ваквиот пристап, спојување на двата наставни предмети беше навистина соодветно решение затоа што нашите вулкани и онака го имаа привлечено комплетното внимание на учениците и немаше да има ефект ако активноста поврзана со нив завршеше за еден час. Со ова и самото истражување, учењето и творењето за овие дечиња беа забавна игра во која покрај се наведено градеа вештини за соработка, комуникација и тимска работа, почитувајки ги своите и туѓите идеи и наоѓајки заеднички решенија преку обиди и грешки.

 


 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2017