МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Тема на денот: "Необично патување"

Преглед на забавна, интегрирана активност за второ одделение. Содржи примери на основни чекори за воведување на малите ученици во процесот на почетно компјутерско програмирање.  Истата може да се примени во целост, да се искористат поедини делови со изолација на потребните наставни предмети или да се прилагоди за друго одделенско ниво (прво и трето одделение). Во голема мера акцентот е ставен на развој на фантазијата, творечките вештини како и вештините за тимска работа и меѓусебна соработка при работа во парови и на ниво на група.

 

ПРЕДМЕТИ ВО ИНТЕГРАЦИЈА И КОРЕЛАЦИЈА:

МАТЕМАТИКА- Геометрија и решавање проблеми (повторување и утврдување). Разбира и применува поими вртење и прав агол. Следи и дава упатства за положба, насока и движење, насока на движење на стрелките на часовникот и во обратна насока. Препознава дека правиот агол е четвртина завртување. Креира свои проблемски задачи на оваа тема (Колку завртувања под прав агол, лево а колку десно, ќе направиш за да стигнеш до езерото со 5 риби, куќата со три прозорци, гнездото со јајца...). Поврзани активности низ кои претходно поминале учениците :http://ucimenizigra.ucoz.com/index/geometri_a_i_reshava_e_problemi/0-331

ПРИРОДНИ НАУКИ во интеграција и корелација со македонски јазик:Творење-Приказни за сенките. Податоци од природни науки кои децата имаа за цел и задачи да ги вметнат во своите приказни беа: Кога изгрева сонцето, кога е највисоко на небото (пладне) и кога заоѓа, вклучување на сознанијата за сенките направени од луѓе, згради и други објекти. МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК 2 часа- Говорна вежба на дадена тема и Творечка писмена вежба за примена на правилна поделба на зборовите при префрлување во нов ред, употреба на голема буква и интерпункциски знаци.

СРЕДСТВА- За креирање на поставката се користени предмети и играчки со кои располагаме во училницата а сме ги собирале во текот на годината за различни намени. Подлогата на поставката е отпаден материјал-хартијата која останува како вишок од задната страна на самолеплива зидна тапета. Може да се направи и со спојување, лепење на два големи хамери. 

Во очи на Велигден, денес денот го започнавме со весела трка со варени јајца кои децата ги донесоа од дома по договор од минатиот ден. Потоа следуваше презентација на домашните задачи- Секој ученик имаше домашна задача да осмисли и нацрта патека на движење на замислени јунаци,богата со предизвици.

  

Ова произлезе како идеја од нашите претходни вежби за усвојување на поимите вртење и агол во кои ние бевме главните ликови, следевме наредби на другарчињата за да се движиме низ шема нацртана на подот на училницата. Освен цртањето на патеката секое дете имаше задача и да опише неколку патувања на неговиот јунак, патувања до различни цели- места нацртани на шемата, но внимателно да ги запише сите движења кои треба да се изведат по ред. Денес, тука на часот, заедно со партнер вежбаа движење до разни нацртани цели, објекти, со употреба на поимите- движење право, лево и десно, завртување под прав агол во лево или во десно. Овој пат секое дете "играше" врз шемата која ја нацртал дома и ја донел неговиот партнер, а тој му задаваше цел до која треба да стигне и ја следеше точноста на вербалното опишување на движењата кои ги правеше првиот играч. Улогите се менуваа.
Потоа со заеднички предлози и идеи направиме заедничка шема:

  
Најпрвин им ја објаснив мојата идеја и ги поттикнав да ми помогнат. Така децата носеа одлуки за употреба и поставеност на предмети, завртувања, куќички, ликови и слично за време на креирање и цртање на шемата за игра. Предизвик за нив беше секој да разгледа што се имаме во училницата и да предлага што, каде може да се употреби за да се збогати поставката.

Бидејки во средината на шемата одлучивме да ставиме големо гнездо со јајца и пилиња кои ги имавме на располагање поради празникот, се договоривме сите следни активности да одат соодветно со паралелно креирање на приказна во која: Пиленцата по повод празникот Велигден објавиле дека подаруваат украсени јајца, па сега сите ликови од приказните тргнале на далечен пат за да стигнат до огромното гнездо, скриено во шумата, во лавиринт од патишта ....Приказна која за почеток усно ќе се твори, постапно за време на активноста, а всушност главениот акцент раскажувачот ќе мора да го стави на прецизно опишување на движењата кои ги прави до одредената цел, поаѓајки од различни места на шемата.

 

Секое дете избра своја појдовна точка и свој лик за игра од кошничката со гумени играчки. ВАЖНО ДА СЕ ЗНАЕ- Овие деца се веќе навикнати на вакви говорни игри за творечко поттикнување и со леснотија започнуваат раскажување од прво или од трето лице, на дадена тема. Така уште веднаш имавме прилика да слушнеме неколку различни приказни на оваа тема а посебно беше интересно тоа што сите дечиња се обидуваа да смислат свој оригинален почеток, различен од другите. Во текот на патувањето раскажуваа што сретнале по патот, водеа замислени дијалози со замислени ликови кои божем ги сретнале и слично. Додека едното дете раскажуваше, останатите деца следеа и внимаваа правилно да ги опише движењата кои ги прави до целта. Посебно внимававме на точноста на описот за завртување под прав агол во правец на завртување на стрелките на часовникот или обратно завртување.

 
Потоа следуваше нов предизвик, опишан во следните чекори:

 -Секое дете запиша свои предлог задачи со поставена цел до која треба да се стигне. Овој пат цел можеше да биде било кој објект или место на шемата а не само гнездото во средината како претходно. (Пример-Колку завртувања под прав агол, лево а колку десно, ќе направиш за да стигнеш до езерото со 5 риби, куќата со три прозорци, гнездото со јајца...)

 

-Запишаните цели ги собравме како збирка предлози во една кутија.

-Во друга кутија на посебни ливчиња ги запишавме имињата на учениците. 

-Потоа секој ученик извлече по една задача од едната кошничка и едно ливче со име на партнер од другата кошничка. 

-Детето од првиот пар ја прочита задача пред сите.

-Потоа секое дете од одделението индивидулано си направи проценка и си запиша на свој лист претпоставка од око, колку завртувања во насока на движење на стрелките и во обратна насока ке направи јунакот до целта која е предизвик во моментот.

- Сите се собираа околу масата и внимваа како парот ќе ја изигра оваа задача. 

-Сега првото дете имаше задача со правилни команди да го води другарчето партнер до целта запишана на листот. При тоа патување требаше да му објаснува точно како се движи и да ги упоребува поимите поврзани со вртења, страна и агол.

Останатите следеа и внимаваа исказите за водење да бидат правилно изречени а по потреба интервенираа со помош и кај "водичот" и кај "патникот" по потреба.

-Истовремено ги бележеа исказите за на крај да пресметаме колку и какви завртувања се направени на крајот на тоа патување и кој бил најблиску или точно претпоставил по брза проценка од око. Јас имав прилика да следам и бележам индивидулани постигања на целите.

-Потоа следуваше нов пар и ТНТ.

 

ПРИРОДНИ НАУКИ во интеграција и корелација со МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Во овој момент пристапив кон ново интегрирано реализирање на две други наставни содржини и нивните засебни а поврзни цели:

ПРИРОДНИ НАУКИ-Приказни за сенките.

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК-Творечка писмена вежба за примена на правилна поделба на зборовите при префрлување во нов ред, употреба на голема буква и интерпункциски знаци.

Најпрвин постапно и преку разговор и избор на идеи ја направивме оваа мапа или збирка на "МАГИЧНИ ЗБОРОВИ", како што често ги нарекуваат децата. Зборови кои понатаму ни се важни за креирање на содржина на приказната која секој индивидуaлно ќе ја пишува. 

За време на пишувањето на зборовите во оваа мапа внимававме да напишеме што повеќе зборови кои се во некаква асоцијација со насловот но и со она што го учевме на минатиот час по природни науки а треба да биде содржано во нашите нови приказни: Ден, ноќ, излез, залез на сонцето, кога изгрева сонецето, кога е највисоко на небото (пладне) и кога заоѓа, сознанијата за сенките направени од луѓе, згради и други објекти. Во подготвителниот дел посебно внимание посветив на навраќање на правилата за употреба на интерпункциските знаци, голема и мала буква, правила за разделување на збор во нов ред, бидејќи тоа беа основните работи кои имав за цел внимателно и датално да ги следам при ова писмено творење.

 
Нашите приказни и сега беа на тема- Велигденска прошетка или Велигденски јајца, по избор на дечињата. Уште еднаш да се навратиме-

При пишување на приказните имавме задача:

-да ја користиме математичката шема-лавиринт како основна инспирација

- во развој на настаните да вметнуваме податоци за случки и движења на ликовите со употреба на математичките изрази- Свртување десно под прав агол, свртување лево под прав агол, свртување во насока на стрелките на часовникот и обратно-ПОВТОРНА ИНТЕГРАЦИЈА СО МАТЕМАТИКА

-во развој на настаните да вметнуваме изучени поими и претстави од тематаа Светлина по приридни науки

-да внимаваат  на интерпункциските знаци, голема и мала буква, правила за разделување на збор во нов ред, 

СИТЕ ОВИЕ ПРАВИЛА ИМ БЕА ЗАПИШАНИ НА ТАБЛА И ДОСТАПНИ ЦЕЛО ВРЕМЕ ДОДЕКА ПИШУВАА ЗАЕДНО СО ЗБОРОВИТЕ ОД МАПАТА

 

Активноста ја завршивме со читање на новите приказни и аплауз за малите автори. Сите грешки и пропусти ги исправавме заедно со детето автор како едноставно пријателско советување.

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024