МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Пејзажна кутија, дом на нашите „живи„ спомени- Манипулативен сет за украс, занимација и едукација

   

Оваа мала а голема, обична а необична кутија, во себе ги чува спомените од нашиот летен одмор и за нас е вистинска радост во домот. Ако и Вие сте големо-мало дете кое се радува и ужива во креативни занимации, родител, тетка, баба, дедо кој сака да си поминува креативни мигови со дечињата околу себе, веројатно овој, бесплатен манипулативен сет ќе ви се допадне и вам. Дури и ако летниот одмор го поминуваме дома, сепак секоја, макар еднодневна прошетка со дечињата до езеро, планина, ливада, парк, може да ја искористиме за фокусирано набљудување, собирање материјали и подготовка на сет со интересна содржина, спомен од тој наш заеднички ден.

Интересно би било сетотот да биде променлив. Содржината во него да не биде фиксирана(лепена) така што децата би можеле и подоцна, повеќе пати да си играат со изведување на различни комбинации, уредувајќи ја сликата хоризонтално, вертикално, со распоредување на песокта, додавање камчиња, уредување на морето од ситни делчиња од син сунѓер или најлон... Со додавање на ситна кукличка или повеќе куклички (дури и ликови направени од пластелин) овој пејзаж може да биде инспирација за нови приказни кои може да биде креирани, раскажувани од страна на дечињата со помош на нивната фантазија, усно или писмено.

Предизвик плус: Koлку различни приказни можеме да напишеме, раскажеме инспирирани од содржината на ваков пејзажен сет? Што би добиле кога во исто време две дечиња би пишувале своја посебна приказна инспирирани од сетот на нашата маса? 

 

Но ајде да започнеме од почеток-Изработка на сетот 

Секако дека кутијата можеме да ја изработиме и без пишување списоци, без припреми и без никакви претходни разговори на оваа тема па дури и во еден здив, на брзина. Точно дека и тоа ќе биде интересно изненадување за детето но така верувајте сме направиле многу малку. Така би го ускратиле времето за возбудливо исчекување, припрема, прашања, размислувања, дилеми, истражувања и не би постоела една цела магија, вредност на овој сет, активност во која ние и нашето дете би можеле да бидеме партнери кои сложно работаат на заеднички предизвик. Затоа ајде да наравиме многу повеќе:

1. Се ќе биде многу едноставно доколку на детенцето најпрвин му покажете некоја своја спремна спомен-кутија или една од нашите фотографии. Така лесно ќе добие претстава за што се работи па дури и ќе добие „сила„ мотивација да биде што покреативно(во споредба со виденото) при собирањето на материјали и при осмислување на своите нови, интересни содржините.

2. Потоа кога предизвикот е јасно поставен, поттикнете го да напише СПИСОК со потребни материјали.

  

Дечињата кои сеуште не умеат да пишуваат можат да помогнат со цртање сликички за се што ни е потребно во списокот. Кажете му дека ова е почетен список на потребни состојки кои претпоставуваме дека ќе ни бидат од корист и дека на самото место слободно можеме да избереме и нови материјали кои таму би ги допишале во рецептот. Ваквото активно вклучување на детето е од особено значење но тоа мора да се изведе мудро, без присилување. Затоа еве, за пишување на списокот можете да искористите стара хартиена кеса од брашно/шеќер, свиткана како старо писмо и врзана со врвка. Ова со сигурност влијае на позитивна мотивација на детето а вакви хартиени кесички користиме секојдневно во домот. Детето со радост и интерес ќе пишува или црта на списокот секогаш кога се добие некоја нова идеја. Ако мислите дека може да има успех, предложете му да запише цел замислен план, опис како би се одвивала целата активност на собирање материјали и изработка. Тоа особено би било корисно за дечиња над 8 години, со стекнати основни вештини за пишување. 

  

3. Изберете кутија за сетот и неколку мали  кутивчиња од сирупче, чај и слично за собирање на материјалите од природата и мало шишенце за вода од морето, езеро, река, чешма на тоа место...Сега сте спремни.

4. Секогаш за време на вашиот одмор(или еднодневна прошетка) најдете време за собирање на потребните материјали, разговарајте за вашата идеја, креирајте на лице место доколку имате услови и интерес. Соберете дури и повеќе материјал кој би го понеле дома за некоја следна идеја.

За изработка на нашиот сет ние користевме: зачувана метална кутија од парфем која може лесно да се затвара и отвара; сувенир-магнет(брод) иако бродот можевме да го направиме и со цртање на камен; сецкан син сунѓер(може и сецкана сина кесичка); деланки од дрво, ситна песок, крупна песок, камчиња, дрво направено со помош на пластелин гранчиња и зеленило, школки, шишенце со морска вода, тегличка за камчиња)

Додаток „Тегличка со тајни„

Додатокот „Тегличка со тајни„  во себе ги крие сите клучни зборови, асоцијации од нашиот одмор. Неа ја подготвивме малку подоцна, како супер нова активност за занимација. За време на пишување на зборовите си поставивме интересен предизвик: Сања имаше задача да напише што повеќе зборови кои ја потсетуваат на одморот, секој збор на посебно мало ливче но да оди по ваков редослед: Една именка, потоа две придавки поврзни со именката, па еден глагол поврзан со претходните и со нив да напише(или каже) две реченици, едната кратка а другата богата, слободно збогатена. Потоа повторно од почеток...Пример: (сладолед) (сладок, вкусен) (јадевме)=1. Јадевме сладок вкусен сладолед. 2. Ние за време на летувањето секој ден дури по два пати јадевме сладок, вкусен сладолед и тоа многу ме радуваше.

  

Зошто не започнавме обратно? Прво да запишеме реченица а потоа да ги бараме видовите зборови? Затоа што тој пристап е школски и може да го оптерети детето кое во тој миг сака да ужива во креативна игра. Новите комбинации се секогаш интересни но ни со нив не смее да се претерува.

Прашајте го вашето дете за некоја нова идеја. Можеби и тоа ќе открие нови игри со примена на вашиот манипулативен сет. Сања се сети дека можеме да си играме извлекување на зборови(од сите зборови кои сме ги запишале во тегличката) а потоа да погодуваме род и број доколку извлечениот збор е именка. Едноставни вежби на пишување клучни зборови можеме да одработиме и со цел вежби на латиница....Или, можеме да извлечеме три зборови од тегличката а потоа со нивна употреба да напишеме 1 реченица која би ги споила трите збора...Што и да одлучиме да правиме ќе биде интересно и за нас и за дечињата со нас додека оваа декорација ја краси нашата соба и не потсетува на убавите мигови.

Ако на располагање имате повеќе кутии, не се ограничувајте на изработка на една.

Дозволете му на детето да си игра креативност и да ве изненадува со различни креации. Дома можете да направите и зимска кутија. Брашно, кокос или ситната сол , ефективно би ја играле улогата на снег, а ако сте навистина супер-возрасни херои на своите дечиња ќе им дозволите да искористат и малку од пената за бричење. Пластелинот може многу да помогне а исто и готови ситни фигурчиња низ нивните играчки. Но, за оваа игра да добие и корисни едукативни елементи, обидете се да ги наведете да вежбаат писмено изразување:

1. Најпрвин замолете ги да напишат план-писмо во кое ќе запишат претпоставки се по ред, што се сакаат да направат и кои материјали планираат да ги употребат за изработка на својот нов украс со прилог скица на замислената финална слика.

2. По завршување на креативната изработка детето треба повторно да го прочита својот претходен, запишан план и да напише известување-што одело по планот а што и зошто се променило во текот на изработката. (Погодно за дечиња над 8 години)

  

Или еднставно, делот со пишувањето оставете го за крај- после завршување на кретивниот дел дајте им супер идеја на која тешко ќе одолеат: Да напишат писмо до непознато другарче во кое по ред ќе ја опишат постапката за изработка на нивната кутија. Навистина испратате го тоа писмо на адреса на некое училиште и клас во друг град за овој креативен предизвик да остане возбудлив во целост.

 

 

Автор Весела Б 2016

 

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024