МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Кошулката на Видек- Едукативна работилница со интегрирани активности

 

Активноста е подготвена и реализирана како блок од првата серија од проектот Детски серијал "Што сакам да бидам- Светот да го видам"-Продукција Божилович. Беше изведена со мешовит состав на деца, на возраст од 3 до 8 години.

Нашата основна денешна задача беше: Преку приказна, настаните и со помош на ликовите интересни за дечињата да се запознаеме со процесот: Од волна до кошулка и основните претприемнички вештини.

Дополнителни едукативни содржини и цели интегрирани во целина која во основа ја има приказната за Видек: Анализа на приказна и извлекување поука, поврзување на фантазијата во функција на сфаќање примери од реалноста, одредување последователност на настани со употреба на поими(најпрвин, потоа, на крајот), моделирање и обликување со комбинација на ликовен и природен материјал, изработка на едукативен продукт- Читачка кутија, кроење со примена на нестандардни мерки за мерење (конец, прст, педа), подредување на деновите во седмицата по правилен редослед, препознавање и именување на броевите до 100, дуплирање броеви со усно пресметување, вежби за примена на вештини за движење напред, лево и десно според слушање на вербални иструкции давани од страна на друг играч (основна вежба за разбирање на чекорите за компјутерско програмирање) Сите наведени содржини и цели во себе ја содржеа темата на приказната, ликовите и текот на настаните, без разлика дали се работи за математика, јазик или творшештво

Сите активности во целост ги задоволуваат стандардите за креирање активности кои на дечињата им обезбедуваат унапредување на: вештини за комуникација, меѓусебна соработка и толеранција, тимска работа, учење преку обиди и грешки, учење преку истражување, практична работа и креативно изразување.

  

ПРВ ДЕЛ

Потребни средства за реализација на воведниот дел: Приказната за Видек http://1drv.ms/1JincwX, Кукла облечена во парталава облека, стара куќа направена со пренамена на картонска амбалажа, модели од пластелин (Видек, грмушка, пајак, птица, рак, јагне) зелена подлога.

Започнавме со разговор во кој им го претставив нашиот денешен гостин, куклата Видек и им поставував интересни и смешни прашања: Може ли да се зборува со мојата кукла, да си позборуваме сега со нашиот Видек? А што ако сретнам некое пајаче некаде,ќе можам ли да си поразговарам со него? Дали господин Рак кој живее во близина на реката може да ми скрои пантолони ако го замолам убаво? Преку слични прашања дечињата стигнаа до заклучок дека тоа е возможно само во приказните и во цртаните филмови а нив ги правеле на таков начин за да им бидат поинтересни на дечињата. Овој разговор беше од голема важност во овој миг затоа што во понатамошниот тек користам приказна со нереалани елементи за да доловам реален процес од секојдневниот живот. На овој начин пораката ќе биде реално обработена во правилна насока- Дечињата преку ликовите на јагнето, грмушката, пајакот, ракот и пилето ќе го запознаат процесот Од Волна до кошула но ќе умеат правилно да ја разграничат фантазијата и научно да ја поврзат со реалниот процес кој го изведуваат валачот, предачот, ткајачот, кројачот и шивачот.

После разговорот им најавив дека имам голема желба да им ја прочитам мојата омилена приказна но ги замолив внимателно да слушаат затоа што додека јас читам тие имаат задача да откријат НЕКОЛКУ "ТАЈНИ"- Кој е главниот јунак во оваа приказна? Каков бил тој, можеби добар или можеби некој си лош, колку пријатели имал? Кои биле тие? Дали главниот лик имал некаков проблем? Успеал ли да го реши некако?

 

За време на читањето на приказната по ред ги подигав ликовите за кои читав во тој миг и користев читачки паузи за да ја поттикнам нивната понатамошна љубопитност и интерес.

Потоа повторно се навративме на ТАЈНИТЕ кои имаа за цел да ги откријат додека ме слушаа како читам и така полека направивме едноставна анализа на приказната со акцент на две работи:Процесот од Волна до Кошула и пораката "На добриот човек секој со добрина му враќа".

ВТОР ДЕЛ-МИНИ АКТИВНОСТ

1-Правилно подредување на редоследот на настаните од приказната, запишани на измешани ленти. 

2-Нивно истовремено спојување со соодветниот лик.

3-Сето ова со акцент на процесот- од волна до кошула и разбирање на поимите : волна, чешлање на волната, предење, ткаење, кроење и шиење.

 

ТРЕТ ДЕЛ-МОДЕЛАРСКА РАБОТИЛНИЦА

Дизајнирање облека 

Кроење со примена на нестандардни мерки за мерење (конец, прст, педа) 

Цел- Да му скроиме на Видек нови кошулки, по една за секој ден од седмицата и неколку за празници и свечености.  

 

Говорна вежба - Промоција на моделите, опис на идеја, дизајн и квалитет-понуда на пазарСаем на кошули

 

Следуваа вежби за правилно, редоследно именување на деновите во седмицата, преку усно именување а потоа преку подредување на ленти со запишани денови од понеделник до недела.

 

ЧЕТВРТ ДЕЛ- МАТЕМАТИКА НИЗ ИГРА

Образовни цели на оваа игра: Вежби за препознавање и именување на броевите до 100, дуплирање броеви со усно пресметување, вежби за примена на вештини за движење напред, лево и десно според слушање на вербални иструкции давани од страна на друг играч, партнер (основна вежба за разбирање на чекорите за компјутерско програмирање). 

 

Шемата за игра е направена со комбинација на хамер и зелен креп, патеки од хартија во боја, езерце и река од син најлон. Го претставува местото на случување на настаните во приказната за Видек. За игра се потребни претходно направени ликови од пластелин (Видек, јагнето, грмушката, пајакот, ракот и пилето)

 

ТЕК НА ИГРАТА: На почетокот означен со СТАРТ поставен е Видек а останатите ликови можеме да ги распоредиме секаде низ шемата по наш избор, во моментот пред стартoт. Останатите ликови ќе бидат цели, секој лик посебна цел до која треба да се стига по правилен редолед, како во приказната. Играчот Видек има задача да ги слуша нашите детални инструкции за движење на секој негов чекор, број на чекори напред, назад, лево, десно. 

Детето или децата кои му даваат инструкции за движење на Видек треба да водат сметка правилно да го движат во насока најпрвин кон јагнето, потоа кон грмушката и тнт, со цел да се запази редоследот на настаните во приказната. Со секое пристигање на целта, се раскажува делот од приказната-што се зборувало и што се случило таму. Потоа Видек мора културно да се заблагодари и да чека нова инструкција за следна цел до која треба да стигне.

Шемата е подготвена на две тежински нивоа со можност за игра на поголемки и помалечки дечиња. За децата од помала возраст доволно е да се игра движење според вербални команди со броење на полињата низ кои се движи и правилно движење лево и десно. Едукаторот во тој миг има јасна слика за нивото на усвоеност на поимите и претставите на сите деца во истиот миг затоа што и тој што води треба правилно да каже насока но и тој што слуша треба правилно да тргне во лево или десно. За поголемки дечиња се воведува препознавање и именување на броеви и дуплирање на вредноста на бројот со усно пресметување.

Играта нема натпреваруваки туку чисто едукативен карактер. Целта е децата слободно да вежбаат и учат преку обиди и грешки низ тимска работа и соработка. 

ПЕТТИ ДЕЛ

ИЗРАБОТКА НА ИНТЕРАКТИВНА ЧИТАЧКА КУТИЈА"Кошулката на Видек"

Моделирање и обликување со комбинација на ликовен и природен материјал-Театар на маса

 

Целите, придобивките, видовите на читачки кутии, постапките за изработка и нивната намена, детално се опишани на следниот линк

http://ucimenizigra.ucoz.com/index/kako_chita_eto_lektiri_i_knigi_da_stane_kreativna_aktivnost_omilena_na_decata/0-337

  

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА

 

 

 

 

 

  

 

 

 

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024