Ucime niz igra - Пената за бричење како наставно средстсво




     МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Пената за бричење како наставно средство

Поттикнување и унапредување на вештините за читање со разбирање 

 

Зошто пена? За да ги поттикнам дечињата да го засакаат читањето, да вежбаат читање, да разберат дека читањето може да им овозможи да играат многу забавни игри како што е оваа, денешнава и слични на неа. Затоа што сакам да бидат весели и задоволни додека вежбаат и учат.

Освен читање на зборови, преку оваа активност учениците вежабаа составување на реченици, при што имаа прилика директно да ја воочат потребата од водење сметка за правилен редослед на зборовите со цел да се оформи  една завршена мисла која нема да биде смешна или чудно превртена. За да состават една реченица самите си помогнаа со примена на претходно знаење за употреба на голема буква на почетокот на реченицата и точка за крајот. Така кога започнуваа да составуваат реченица итро се обидуваа да откријат кој би можел да биде прв збор а кој последен барајќи го зборот со точката после него и зборот напишан со голема почетна буква. Во речениците во кои се сретнуваше име на дете имаа повеќе работа, убаво да прочитаат и откријат кој збор од понудените е оној почетниот бидејќи тука веќе гледаа два или повеќе зборови напишани со голема почетна буква. Со останатите придобивки од оваа активност ќе се запознаеме во самиот опис на часот.

  

МАТЕРИЈАЛИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА (претходна подготовка на наставникот)

1- Пена за бричење (доволна е една боца).

2- Зборови за составување реченици со изучените букви- Речениците ги напишав на хартија во боја, секоја реченица на посебна боја (по неколку реченици на иста боја)потоа ги обложив со проѕирен селотејп од двете страни за да не се размачка пишуваното кога ќе се стават во пената(така ќе ни останат трајни и за друга употреба). Секоја реченица ја исеков на зборови. Речениците исечени на зборови не ги мешав меѓусебно пред време туку ги чував одделно една од друга, за правилно да им ги поделам на дечињата за време на часот.

 

3- Реченици за составување приказна - (АКТИВНОСТ ЗА НАПРЕДНО НИВО) Најпрвин напишав приказна со комбинирање на реченици кои децата ги твореа претходно, на часовите, или за домашна работа за вежбање на читање и пишување со изучените букви. Бидејќи минатата година усно творевме многу наши приказни, дечињата добро се запознаени со постапката, текот и редоследот на настаните кои би требале да се нижат по ред за да имаме содржина на приказна( почеток, тек, проблем, решение, крај). Потоа посебните реченици од приказната ги напишав на листови во различни бои и ги обложив со селотејп за да се заштитат. Приказната ја оставив без крај. Наместо крај ставив прашална реченица- А што ќе прави Мите? Така оставив простор за понатамошни творечки активности.

 

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ

Пред почетокот на главната активност си игравме игра, секогаш омилена на дечињата- "КОГА УЧИТЕЛКАТА ПРАВИ ГРЕШКИ"

На таблата пишував зборови а дечињата имаа задача да ме следат и да ми ги откриваат грешките. Така некогаш пишував правилен збор но некогаш испуштав по некоја буква или некоја буква заменував со друга а тие ми помагаа да ги поправиме грешките. Потоа пишував превртени реченици. Децата имаа задача да го поправат редоследот на зборовите за мојата реченица да има смисла и да не биде повеќе смешна или чудна. 

ПОТОА ИМ ОБЈАСНИВ ШТО СЛЕДНО ТРЕБА ДА СИ ИГРАМЕ (активноста со пената за бричење)

И СЕ ДОГОВОРИВМЕ ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ СЛЕДНИТЕ ПРАВИЛА:

Секој ќе работи со пена но треба да знае дека пената не е шлаг и не се става во уста. Сите заедно ќе ги подготвиме центрите за работа но за време на подготовката нема да си играме со материјалот за да не го измешаме пред време. Секој на крајот ќе има време за слободна игра со пената но најпрвин ќе треба да ја изиграме правилно и сериозно играта со зборовите и речениците. За време на работата ќе треба да внимаваме и на облеката и на просторијата. Сите ќе го почитуваме крајот кога ќе биде означен и сите заедно ќе помогнеме да ја средиме просторијата и работните масички. Оваа игра со пена нема да ја играме дома без присуство и дозвола на родител. 

ПОДЕЛБА ЗА РАБОТА

Двајца ученици кои имаат напредно ниво на знаење ги добија речениците за составување на приказната и свој простор за работа. Им објаснив што треба да прават и како олеснување им ги открив првата и завршната реченица бидејќи самата проценив дека веројатно сум подготвила подолга приказна од потребното. Ги следев за време на работата и многу ми се допадна тоа што навистина добро соработуваа и си се советуваа меѓусебно. Забележав како самите си ги наоѓаа грешките кои ги направиле во поставување на редоследот на приказната откако ќе извлечеа и прочитаа реченица за која заклучуваа дека би морала да стои некаде на почетокот или средината а со тоа се изменуваше и текот на приказната понатаму, па од почеток читаа за да видат што треба да сменат. 

 

Останатите ученици работеа индивидуално. Секој пред себе имаше своја пена и во неа измешани 4 реченици (исечени на зборови) во 4 различни бои. Децата имаа задача да составуваат реченици а можеа да си повикуваат другарчиња на гости за да им ја прочитаат спремната реченица. Децата кои лесно ги составија понудените реченици добија следен предизвик- Да составуват свои нови реченици со избирање и комбинирање на зборови позајмени од сите нивни претходно направени реченици. 

 

ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ЗАДАЧИТЕ дечињата меѓусебно си ги читаа речениците а потоа сите заедно застанавме до големата маса на која беше поставена готовата приказна. Бидејќи јас веќе имав утврдено дека двете деца успеале да ги поредат речениците по правилен редослед и веќе ја знаат приказната, сега со нив се договоривме ние да молчиме а сите останати да се обидат да ја прочитаат по ред од почеток до крај и да откријат за што се зборува во неа.

 

На некои им беше тешко да ја разберат приказната иако ги читаа речениците а некои посакаа и да ни ја раскажат па дури и да смислат крај затоа што откриле дека оваа приказна немала крај. Откако сите се запознаа со содржината предложив да смислиме наслов, како да се вика оваа приказна и така заедно се договоривме ова да биде приказната "Лиле, Миле и бебето".

 

Потоа според договорот ги оставив малку да си поиграат со пената но и тие го испочитуваа договорот и кога го означив крајот сите одговорно ми помогнаа да ја средиме работната просторија.

ДОМАШНА ЗАДАЧА

Сите ученици добија подготвен работен лист. Им објаснив дека ќе треба да направат анализа на приказната со примена на техниката -ЅВЕЗДА НА ПРИКАЗНАТА (техниката им е добро позната, исто и постапката за анализа на приказни). Во оваа наша ѕвезда овој пат направив мала измена и додадов прашање- Како би изгледал твојот крај на оваа наша незвршена приказна. Бидејќи не сме ги изучиле сите букви децата ќе треба да нацртаат се што се бара. Така заврши овој час но учениците не сакаа да одат на одмор туку веднаш со радост и нетрпени почнаа да цртаат во своите работни листови и домашната задача беше готова уште тука :-)

 

Ме замолија да им дадам нова домашна работа, да измислеле свои мали приказни исечени на делови а потоа повторно некогаш да си играме со пена и да ги составуваме нивните приказни. Така и направивме :-)

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2016