МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 3
Guests: 3
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

"МАГИЧНИ ТЕГЛИЧКИ"-Практична примена на стекнати претстави за дропките

(Прикажуваме половини, четвртини, петтини... осмини, десеттини од целото..)

 


Придобивка плус: Вовед во собирање на дропки со исти именители (Ова е дополнителна активност која лесно произлегува во контекстот. Едукаторот по своја проценка одлучува дали ќе насочи активности за реализација на оваа цел или ќе се задржи на основните цели)

Во нашиот случај креативните теглички ги изработувавме најпрвин со двојна цел:1. Утврдување и примена на стекнати претстави и знаења за деловите од целото. 2.Изработка на подароци за Меѓународниот ден на жената. Приложените активности, со мала измена во начинот на водење и поставување на очекувањата можат да се применат и за почетно воведување во дропките, за второ и трето одделение (секако без делот за собирање дропки со исти именители)

  

Време за реализација- 2 часа во тек на два дена или подобро во текот на еден ден како интеграција со ликовно образование, слободни ученички активности или дополнителна настава. Едукаторот наоѓа решение кое одговара за реализацијата согласно својата програма за работа.

Средства: Работен лист ПРИЛОГ 1(долу)- Ставен во фолија врз која може да се пишува со фломастер и да се брише со влажно марамче.

-Работни листови за секое дете(црно-бели,печатени по 2 на еден лист ПРИЛОГ 1)

-Интерактивна табла или хамер со нацртан ПРИЛОГ 1 за почетна демонстративна работа.

-ПРИЛОГ 2, 3 и 4 за работа во групи-печатени примери, на кои стои само делот на пополнет рецепт без илустрација на продуктот.

Една спремна "Магична тегличка" која едукаторот ја користи за почетна демонстрација. Неколку празни теглички за работа во парови. Песок, брашно, сол, грав, пченка, хартија во боја... 

Претходна подготовка на ресурси: Секое дете претходно добива задача да донесе по една празна тегличка како и по малку материјал за работа (количина на една шоља ориз, шоља грав, брашно, сол, песок, камчиња...во посебни мали кесички кои за време на часот ќе се користат по потреба од страна на сите деца, ставени на една маса со материјал

ПРИЛОГ 1

                                                    

 ЧЕКОРИ ЗА РАБОТА:

ЧЕКОР 1. Преку интеркативна табла, проектор или хамер на кој е нацртана една празна тегличка и простор за пишување(ПРИЛОГ 1 горе), едукаторот го прикажува предизвикот за работа.  Дечињата имаат задача да погодуваат што би можело да се работи на овој математички час поврзано со теглички и дропки. За време на овој разговор едукаторот ја презентира својата идеја за изработка на украси за мајките по повод Денот на жената.

ЧЕКОР 2. Да ја откриеме "тајната" на тегличката. Едукаторот покажува една изработена украсна тегличка. Дечињата имаат задача да ја разгледаат и да проценат што сакал едукаторот да покаже, што содржи таа, на кој начин се означени деловите на тегличката, што покажуваат тие делови.

Дечињата кои претходно ја поминале активноста за разбирање на дропките 

http://ucimenizigra.ucoz.com/index/da_gi_razbereme_dropkite_treto_oddelenie/0-384 ,

лесно ќе можат да одговорат на поставените прашања и да ја откријат "тајната" на тегличката.

ЧЕКОР 3. Сега едукаторот заедно со доброволци, чекор по чекор запишува и црта се што е прикажано на тегличката за пример(на хамерот за демонстративна работа или на интерактивната табла) На овој начин учениците се запознаваат со сите елементи на кои треба да се внимава за да се изработи една украсна тегличка. Секое дете паралено работи во свој работен лист. Тука завршува демонстративната работа после која насоките за работа се веќе познати.

ЧЕКОР 4. Предизвик- Прочитај работен налог и изработи тегличка за да откриеш која сцена е замислена во налогот за работа, потоа со пластелин од надворешната страна на теглата доврши ја сцената по своја желба. Учениците работаат во групи. Оваа активност не одзема многу време. (Секако бројот на групи се формира соодветно на бројот на дечиња во одделението) Трите групи од нашиот случај добија посебен работен налог, ПРИЛОГ 2, 3 и 4 во кои стои САМО план со чекори (дропки и состојки) според кои треба да ја изработаат тегличката (не и готова скица на продуктот како на сликиве во примерот)

                                                                                        ПРИЛОГ 2   

 

                                                   ПРИЛОГ 3                                                                                     ПРИЛОГ 4

 

ЧЕКОР 5. Презентација на изработките од секоја група: За време на овој чекор учесниците на секоја група ги презентираат чекорите по кои ја извеле активноста-На колку делови ја поделиле тегличката и зошто, како се договарале за комплетирање на сцената со пластелин, кои други сцени би можеле да бида креирани со пластечин врз основа на распоредот на содржината на состојките во теглата..) 

   

ЧЕКОР 6. Следува индивидуална работа-НАПРАВИ ПЛАН И СКИЦА ЗА ИЗРАБОТКА НА ТЕГЛИЧКИ ЗА ПОДАРОК. Секој ученик работи на свој работен лист (печатен лист со две теглички за креирање на два украси) Дури и во услови да немаме спремни работни листови, учениците можат да работаат со цртање и пишување во своите тетратки. 

   

Важно е да им напоменеме дека подготвените планови потоа ќе им служат за практична изработка на теглички па затоа е важно при планирање на материјалите да водат сметка за запишување на материјали кои ни се достапни на масата со материјали.

  

Едукаторот ја следи работата и помага доколку забележи дека некаде е потребно ново насочување за враќање кон целта. 

ЧЕКОР 7. Сега неоходно е да издвоиме време за презентирање на идеите (работните налози со нови записи), за да се утври нивната точност, прецизност и изводливост.

  

ЧЕКОР 8. Следува изработка на украсите. Секој ученик треба да се одлучи за изработка на една од двете свои запишани креации. 

 

ЧЕКОР 9. Презентирање на продуктите

 

ЧЕКОР 10. Домашна задача- Креирај(запиши) неколку нови планови за изработа на украсни теглички. Дечињата тука немаат обврска да ги изработаат своите запишани креации, доволно е истите да бидат претставени со прегледна скица. Секако на нив останува дали ќе пристапат и на практична изработка на свои нови "магични теглички"

  

 

Игра за вовед во собирање на дропки со исти именители со примена на тегличките 

  

 

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 3
Guests: 3
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2017