МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Род и Број кај именките-Трето одделение

   

Цели: Проширување на знаењата за именки- Oпределување РОД и БРОЈ кај именките.

ЗАБЕЛЕШКА: За време на описот на реализацијата на оваа наставна содржина, овој пат, акцентот ќе го ставам на примена на неколку забавни, корисни и универзални методи, пристапи и средства кои тековно станале дел од нашето секојдневие а се родиле спонтано, како спој на потребите на целите и желбите на дечињата. Низ моето работно искуство сум ги открила и оценила како примамливи, применливи, продуктивни за работа со деца од предучилишна возраст и прво одделение а сега на моја голема радост ми помагаат за реализација на целите низ сите наставни предмети и во второ и трето одделение, како и за време на работилници со ученици на возраст до 11 години.

Во оваа прилика искористив претходно обработена приказна "Кошулката на Видек", со сите нагледни средства подготвени за неа, и ги реупотребив како ресурс за реализација на новите цели.

Токму ваквите РЕУПОТРЕБИ и комбинации на веќе подготвени дидактички материјали се ТАЈНА за обезбедување на богата, стимулативна средина за учење во секое време. Едукаторот на овој начин штеди средства а овозможува и новите цели да бидат успешно реализирани со помош и акцент на примена на

МЕТОД НА ВИЗУЕЛНА, СЕНЗОМОТОРНА СТИМУЛАЦИЈА или

МЕТОД НА УЧЕЊЕ ПРЕКУ СТИМУЛАТИВНИ ДИДАКТИЧКИ ПОСТАВКИ-КРЕАТИВНА стимулација, застапени како личен белег, составен дел на сите наши активности.

   

Тука уште еднаш би сакала да напоменам дека, играчките и материјалите подготвени со пренамена, секој едукатор треба да ги собира, чува и складира како свое лично богатство, во текот на својот работен стаж, со помош на родителите, пријателите и соседите, кои и онака секојдневно во својот дом прават акции за расчистување на непотребните играчки или делови од играчки, куклички, автомобилчиња, стари чадори, платнени кебенца и слично. Идеално решение би било кога секое училиште би имало посебна просторија, ДИДАКТИЧКА ИГРОТЕКА во која сите колеги, со родителите и учениците, преку различни мали и големи акции и работилници, би собирале и изработувале дидактички материјал кој секој би можел да го позајми, употреби, чува и врати во истата просторија за следни употреби од страна на други колеги. Сепак, во услови кога тоа не постои, секој едукатор може и сам си да собира свои збирки на играчки и помагала кои ќе си ги користи со генерации. Токму тие се извор и инспираци за многу понатамошни идеи.

Методот "ИЗНЕНАДУВАЊЕ" е уште една магична алатка која многу ми помага за привлекување и насочување на вниманието на децата во насока на воочување и анализа, учење преку игра, заклучување по аналогија и реализација на цели со слободна разработка на почетни идеи.

Така, во овој случај, она што посебно го привлече вниманието на дечињата беше, за нив веќе позната ЧИТАЧКА КУТИЈА за приказната "Кошулката на Видек", но овој пат како изненадување, збогатена со нови предмети и нови ликови. (Повеќе за читачките кутии погледнете на следниот линк: http://ucimenizigra.ucoz.com/index/kako_chita_eto_lektiri_i_knigi_da_stane_kreativna_aktivnost_omilena_na_decata/0-337)

  

За време на оваа активност, пред кутијата беше ставено зелено платно од стар чадор а до него едно чинивче со празни, малечки листови за пишување. Независно од бројот на деца во одделението, ваква СТИМУЛАТИВНА ПОСТАВКА може да се постави на било кое место во училницата, било да е под или дури и на самата работна маса на наставникот. Време за реализација 2 часа, слеан тек.

Пред почетокот на првата задача преку кратко прераскажување се навративме на содржината и ликовите на приказната и додека го правевме тоа децата уште веднаш реагираа со радост, откривајаќи што се е ново и додадено во нашата кутија овој пат, а воопшто не се сретнува во првата приказна.   

 

1. ПРВА АКТИВНОСТ-ИНДИВИДУАЛНА РАБОТА за придонес кон заедничка цел:

-Собирање "ЗБИРКА на ИМЕНКИ"

  

Дечињата, ставени во УЛОГА НА ДЕТЕКТИВИ, имаа задача да ги искористат своите претходни знаења за именките, сопствени и општи, но и да внимаваат на правилна употреба на голема или мала буква. Играа детективи кои откриваат и запишуваат именки и на тој начин подготвуваа збирка која ќе ни служи за другите делови од активноста. Секој се обидуваше да биде супер-детектив кој ќе воочи и запише што повеќе различни именки. Дозволено им беше да ги допираат предметите и да ги разместуваат надвор од кутијата. Исто така, не беше ни важно дали повеќето од запишуваните именки ќе се повторуваат затоа што повеќето детективи ги запишале посебно, бидејки и тоа, повторувањето, ни одеше во прилог да добиеме богата збирка именки.  

Во исто време, на неколку компјутери и на интерактивната табла на дечињата им беше достапен работен лист во кој имаа задача да ги најдат и забележат сите именки а потоа исто така да ги запишат на ливчиња за збогатување на збирката. Оваа активност им беше дадена како изборна активност во која секој можеше да се вклучи времено по своја желба, со работа во пар или индивидуално. Како и во претходните искуства така и денес, дечињата покажуваа интерес и за двете понудни активности, со и без примена на ИКТ, но сепак, морам да напоменам дека, стимулативниот материјал кој можеше да се допре, разгледа и размести, поставен на маса, многу подобро го привлекуваше и задржуваше нивниот интерес. Принципите на ДОСТАПНОСТ на различни средства, АКТУЕЛИЗАЦИЈА, ИЗБОР, САМОУПРАВУВАЊЕ НА ЛИЧНОСТА и КООПЕРАТИВНОСТ се принципи кои овозможуваат наставниот процес да дозволи градење на клучните компетенции на 21 век кај децата од најмала возраст а нивната примена може да се забележи и во продолжениево на описот.

  

Додека дечињата внесени работеа на предизвикот- да откријат што повеќе именки, и се загледуваа во секоја можна ситница на масата и во кутијата, јас уште тука ненаметливо ја поставив реализацијата на целта: Воочување на категоријата БРОЈ, еднина и множина. 

  

За таа цел, спонтано се вклучив во нивната активност и преку неколку мои примери ги поттикнав и тие како мене слободно да запишуават, на пример: "Штипка"-ако првично виделе една а потоа на нов лист да запишат "штипки", тогаш кога ќе видат дека ги има повеќе...Дури и повеќе пати како забавен предлог, ги поттикнав да запишуваат на таков начин за да си ја збогатиме нашата збирка. 

Овој метод на НЕНАМЕТЛИВО НАМЕТНУВАЊЕ, е всушност клуч за многу ситуации во кои едукаторот од една страна сака и треба да пренесе прецизни информации а од друга страна сака тоа да биде спонтано како дел од игра и учениците во таа игра да бидат партнери затоа што на таков начин новите очекувања и задачи на дечињата не им изгледаат како наредби или страшни нови обврски а самиот тек е поприроден и попријатен. Корисен е и кога наставникот треба да ја насочи работата во друга насока без при тоа да ја стопира и пресекува ангажираноста на дечињата. Што е посебно важно, овозможува дечињата лесно да влезат во трага на откритие и сами да стигаат до заклучоци поттикнати од малку ненаметливо наметнување. Ова е важно за самодовербата на учениците бидејки токму самодовербата најсилно ги поттикнува на понатамошни иницијативи. Посебно е корисен и за давање на повратни информации во кои треба да се укаже на некој грешка а за пример едукаторот поаѓа од личен пример на слична грешка или со покажување исправен пример низ играта во која и тој се самонаметнал како рамноправен играч во тој миг. Во сите примери на користење на методата на ненаметливо наметнување, личноста и достоинството на децата останува неповредена а активностите лесно се пренасочуваат во корист на целите дури и со зголемување на тежинското ниво. 

2. Втора активност- КАТЕГОРИЗАЦИЈА: Број кај именките ЕДНИНА-МНОЖИНА

За оваа активност ги искористивме сите именки запишани за време на првата активност, сега измешани на едно место, кутија или маса. Дното и капакот на кутија од бомбони, обложени со хартија во бои, обележани со посебни назнаки за ЕДНИНА и МНОЖИНА, ги користевме за соодветно класифицирање на именките. Повторно игравме улога на детективи кои истражуваат и откриваат индивидуално, а потоа задолжително се консултираат и споредуваат мислења со партнери.

  

На почетокот, првите неколку примери за класификација ги направивме сите заедно, фронтално, за да се разјаснат и утврдат претставите за поимите, а потоа продолживме со побрзо темпо. Сега секое дете извлекуваше по еден збор и имаше задача да го смести соодветно во консултација со случаен партнер од околината. И тука би сакала да напоменам дека тој "случаен партнер" можев да бидам и јас, како и било кое другарче, затоа што и јас бев играч, играч кој се наметнуваше со својата ненаметливост :-) За време на оваа активност дечињата самите откриваа и поправаа грешки, доколку наидеа на збор кој е запишан а не е именка, име на лик запишано со мала буква или име на предмет со голема. Тоа исто така беше зададено како задача на почетокот на оваа втора активност.

   

3. Трета активност-Работа во две групи-Запиши ОД......ВО.....

Сега, едната група го доби кутивчето со зборовите во еднина и имаше задача, секој збор да го запише во множина на посебно ливче. Другата група ја доби кутијата со именки во множина и имаше задача истите да ги запише во еднина. Повторно дечињата имаа задача да работаат индивидуално но услов за влез на новото ливче во игра беше-тоа да биде одобрено од другите дечиња во групата, со што имавме индивидулана работа од една страна, но и соработка во насока- учење едни од други, взаемно оценување и помош. По 5 минути следуваше ротација на групите и секоја група продолжуваше со работа онаму каде застанала претходната група.

  

4. Четврта активност -РОД КАЈ ИМЕНКИТЕ

За оваа активност претходно подготвив ПРОЗИРНИ ЏЕБОВИ обележани посебно: МАШКИ РОД; ЖЕНСКИ РОД; СРЕДЕН РОД .Прозирните џебови ги направив од фолии за чување документи. Дечињата многу ги сакаат па затоа и во оваа прилика се одлучив токму нив да ги применам за класификации.

Овој пат за игра ги користевме сите ливчиња напишани за време на сите претходни активности тој ден, измешани во една кутија. На почетокот јас бев играчот кој извлекува и бара помош за правилна класификација на зборот при што ненаметливо ги објаснив правилата за одредување на родот на извлечената именка и тоа го извежбавме повеќе пати. ТОЈ;ТАА;ТОА- за брзо станаа најважни зборовите кои дечињата лесно ги прифатија и запомнаа како помошници за одредување на родот.

  

Бидејки во кутијата беа ставени и именки во множина, при извлекување на именка во множина најпрвин ги оставив да размислат како би го одрдиле родот а потоа им покажав и објаснив неколку примери па така дечињата лесно запомнаа дека во тој случај треба именката да се врати во еднина и така да се одреди родот. Кога веќе бев сигурна дека дечињата се доволно спремни за самостојна работа јас се повлеков од улога на главен играч а нив ги поделив во ДВЕ ГРУПИ:

EДНАТА ГРУПА на располагање ги имаше џебовите и зборовите од кутијата. Најпрвин едно дете извлекуваше збор по случаен избор и имаше задача да одреди каде ќе го смести. Останатите дечиња внимателно следеа и одбруваа влез во џебот или објаснуваа што е правилно и каде треба да оди таа именка. Потоа еден по еден ја играа истата игра во круг.

ДРУГАТА ГРУПА пред себе имаше празни ливчиња за запишување и посебни празни џебови. Секој ученик имаше задача да запише по 5 именки од трите рода а потоа по презентација на именките пред групата да ги сметува соодветно во џебовите. И тука групата имаше улога да внимава на грешките на секој презентер и да ги корегира придружено со објаснување на одлуката. 

По извесно време, според моја проценка, следуваше ротација на групите со замена на активностите.

  

5. Петта активност-РАБОТЕН ЛИСТ-ИНДИВИДУАЛАНА РАБОТА

МЕТОД- РАЗРАБОТКА НА ПОЧЕТНИ ИДЕИ

Токму преку оваа последна активност, имав прилика уште еднаш да согледам и да се израдувам на фактот дека учењето преку методата на разработка на почетни идеи која ја практикувам секојдневно, го развива дивергентното мислење кај дечињата, ги учи да бидат креативни истражувачи кои и самите размислуваат и помагаат за креирање на наставниот прооцес. Еве зошто и како: Овој работен лист првично го подготвив и им го поделив на дечињата за индивидуална работа а при тоа го зададов следното упатство за работа : Да ги подвлечеме ги сите именки а потоа да го препишеме текстот, но сега сите именки по ред да ги запишеме во множина за да добиеме нова, малку поинаква приказна. НО....

Кога им го дадов на дечињата и им ја објаснив нивната задача, Лео, еден од моите ученици, ми предложи нешто уште поинтересно но и суштинско за денешните цели. Ми предложи дополнително да користиме три бои за подвлекување на именките, по една боја се секој род.

  

Идеата им се допадна на сите ученици и во истиот миг тие веќе и без мене си правеа договор која боја за кој род да ја изберат на ниво на одделение. Не затоа што се непослушни ученици туку затоа што знаат дека јас ги почитувам и поддржувам нивните идеи кои помагаат реализација на целите. Мене ми остана само да ги следам и да се радувам на овие прекрасни иницијативи. Им се заблагодарив што се мои учители-помошници, зедов работен лист за себе и почнав и јас да работам според нивното упатство. Се радувам кога мојот Метод на разработка на почетни идеи го превземаат во свои раце, затоа што и почетно настана со таа цел, децата да бидат активни креатори на процесот.

   

Тука ќе ја спомнам и најважната помеѓу важните и исклучително универзална методи за работа со деца од сите возрасти. 

МЕТОДАТА "НИЕ наместо ТИ" е уште една тајна за воспоставување позитивна клима, доверба и високо ниво на соработка со учениците, применлива во сите наставни предмети и секојдневно. Вештина која треба да биде присутна во нашата секојдневна пракса како модел на однесување. Ја научив од мојата мајка која толку вешто а сосема спонтано ја користеше во работата со своите ученици од предметна настава.

Се сосотои од едноставно обраќање во МНОЖИНА, секогаш кога на децата или на едно дете му се задава работна задача на час, евлуација, тест или проверка. Замислете само колку попријатно звучи, кога на дето за време на задавање на пример, на тест, ќе му го подадете листот и ќе му кажете: "Сега да бидеме внимателни и полека да ги решиме сите задачи но и да си проверуваме што сме напишале...." Или кога проверуваме брзина на читање и на детето му се обратиме со зборовите: "Ајде сега Ане, да го прочитаме текстот но да се обидеме тоа да биде течно и точно.." И во двете ситуации како и во слични ситуации, наставникот не е вршител, не е ниту партнер во дејството, но самото поставување како партнер, тоа "НИЕ наместо ВИЕ" и "НИЕ наместо ТИ"- на детето му дава храброст и сила, а пред се слобода токму поради оваа пријателска метода која понатаму на децата им се врежува како модел на нивно однесување при обраќање кон други лица и им помага да остваруваат лесни и успешни комуникации и соработки насекаде во животот. 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024