Ucime niz igra - Да ги поттикнеме дечињата да го вежбаат читањето




     МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

"Внимание народе, кралевите и кралиците ќе читаат наредби!"

Основни цели и придобивки- Да ги поттикнеме дечињата да го сакаат и да го вежбаат пишувањето и читањето. Да се најдат во ситуација во која ќе согледаат колку интересни активности можат да се изведуваат доколку сите упорно вежбаат пишување и читање :-)

ПОТРЕБНИ СРЕДСТВА И ПОСТАПКА ЗА ПОДГОТОВКА И РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОВАА АКТИВНОСТ

1. ПИСМА СО НАПИШАНИ РЕЧЕНИЦИ

Напрвин преку нашата затворена Facebook група на одделението, ги известив учениците и родителите дека за следниот ден планирам интересна, забавна активност преку која ќе вежбаме читање на реченици напишани со досега научените букви. 

Во известувањето објаснив дека за време на таа активност ќе се облекуваме како принцови и принцези и додека еден е принц и чита наредба, ние останатите ќе бидеме НАРОДОТ и ќе треба да го одглумиме она што ќе го слушнеме прочитано како наредба, за да ни биде забавно и дека сите деца ќе поминат низ сите улоги. Како пример со нив споделив неколку свои пример реченици (Бабата да донесе домати. Дедото да спие. Сите да се смеат гласно.) Во известувањето ги замолив дечињата да ми помогнат оваа игра да биде богата со реченици, да смислат и запишат по неколку свои забавни реченици со употреба на изучените букви. (Вака им беше зададена домашната задача за овој ден)

2. КОСТИМИ ЗА ИГРА

Костимите кои ги користевме не беа подготвени токму за оваа активност. Нив ги имаме спремни во нашето драмско катче и ги користиме за повеќе намени, за време на различни часови од сите наставни предмети. Фустаните се изработени од најлонски завеси или чаршафи за родендени а машките костими се стари платна кои сме ги собрале или платна од стари чадорчиња кои за време на една акција си ги пренаменивме за различни употреби. Круните исто така ги имаме спремни во секое време.

 

ТЕК НА АКТИВНОСТА

На почетокот на активноста на дечињата им ги прочитав моите писма со наредби кои јас ги подготвив дома за да учествувам во играта. На овој начин покажав дека и ние наставниците сакаме да пишуваме домашни задачи исто како нив :-)

Потоа ги прочитавме нивните реченици подготвени дома и секое дете доби листови на кои на по еден лист запиша по една од своите речници. Така добивме богата збирка со писма-наредби и за време на играта децата имаа прилика да читаат и други непознати реченици а не само своите кои ги подготвиле дома. 

Секој ученик КРАЛ-КАРЛИЦА кој ќе дојдеше на ПРЕСТОЛОТ-масичката, имаше свој ПРИНЦ-ГЛАСНИК до него. Гласникот имаше задача со учтиво обраќање да го повика НАРОДОТ(останите деца во публиката) внимателно да ја слушнат наредбата која "кралот" ќе ја чита на глас и му подаваше писмо(избрано по случаен избор). Исто така "гласникот" требаше да употреби учтива фраза за обраќање и кон кралот додека му го подава писмото.

"НАРОДОТ" ја слушаше прочитаната наредба и веднаш имитираше: баба која треба веднаш да спие, дедо кој треба да донесе домати, сите да носат нови пантолони, сите да пеат гласно, сите да се напијат пиво и потоа да спијат......Така ова читање навистина стана забавна и смешна игра.

 

ПРИ ЕДНО ЗАСТАНУВАЊЕ НА ПРЕСТОЛОТ "кралот" добиваше по 2 реченици, наредби кои треба да ги чита, една после друга. Така избегнавме да ни се случи детето на памет да  прочита некоја од неговите реченици ако му се падне баш нему.

   

ВАЖНИ ПРАВИЛА ЗА ИГРАТА

НА ПОЧЕТОКОТ во првиот круг од играта, ГЛАСНИКОТ беше ПАРТНЕР ЗА ЧИТАЊЕ па така "кралот" можеше да побара помош за читање на наредбите ако почувствуваше тешкотија. Во случај да не му требаше помош, "гласникот" само следеше и проверуваше.

  

ВО СЛЕДНИОТ КРУГ "кралот" требаше сам да ја прочита наредбата бидејќи "гласникот" божем морал само да му ја даде и да замине на некоја друга задача. Така јас како наставник, самиот ученик "крал" и останатите, добивавме слика кој од учениците ќе треба во иднина повеќе да вежба читање за да можеме повторно да подготвовуваме и играме вакви забавни игри со читање. 

 

 

ЗАВРШНА АКТИВНОСТ

Ги отворивме писмата и ги ставивме на големата маса за да можеме сите да ги гледаме во исто време. Потоа си разговаравме кои реченици ни оставија посебен впечаток, кои ни беа посебно забавни. Секој ученик требаше да си одбере и да ни прочита три омилени наредби. Се договоривме оваа или слична ваква забавна активност да направиме и некој друг ден, штом научиме повеќе букви со кои би можеле да напишеме нови смешни реченици. 

Потоа ги прашав што забележаа, што им се допаѓаше а што не им се допаѓаше во оваа игра.

Им се допаѓала целата игра и сакале да ја играат и цел ден ако може. Сакаа да напишеме уште нови наредби за да биде поинтересно. Не им се допаднало тоа што некои "кралеви" тешко се снаоѓале со читањето па "народот" морал многу да чека за да слушне што да направи. ( Се договоривме да не ги спомнуваме имињата на тие кралеви за да не им биде тешко туку тие сами да си се препознаат и во иднина повеќе да вежбаат читање)

 

ДОМАШНА ЗАДАЧА

Ги прашав што би сакале да подготват како домашна задача. Дечињата ми кажаа дека сакаат да си се договорат меѓусебно, да одат дома кај некој од нив, заедно да напишат наредби и да ја повторат оваа активност. Ја охрабрив нивната прекрасна идеја и ги оставив самите да се договараат понатаму. Така слушнав дека во истиот миг размислуваа и за костими, кој што имал и кој како можел да се облече :-) Следниот ден ми донесоа многу нови писма со кои си играле сите заедно. Се договоривме дека нашата следна ваква игра ќе ја играме во дворот, ќе подготвиме патеки за игра и ќе смислиме многу различни предизвици за поминување. 

Потоа продолживме со учење нови букви. Сега и без да побарам од дечињата сите уште следниот ден доаѓаат со нивни нови спремни писма со нови реченици за  читање низ игра




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2016