МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Вежби за пишување низ игра -Корисни и за време на летниот одмор

 

Ова е уште еден дел од нашата развојна активност за унапредување на јазични вештини во почетните одделенија. Вежбите се особено корисни за дечиња кои завршуваат второ одделение бидејќи им е потребен континуитет во вежбање на штотуку стекнати навики и искуства за писмено изразување. И во оваа прилика пишувањето треба да биде ненаметнато, дел од истражувачка и креативна активност која децата со задоволство ја прифаќаат. Активностите се интересни и за изведување со помалечки, предучилишни дечиња. Иако не умеат да читаат и пишуваат вербалната комуникација која би се развивала помеѓи нив и возрасните кои им помагаат на овие теми за време на истражувачкиот и креативниот дел,  носи големи придобивки за сестран детски развој.

Истражувачка активност-ЦВЕТНА АВАНТУРА

ЧЕКОРИ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА:

1-Истражување и собирање видови цветови и растенија во различни природни околини-ливада, планина, поле..

2-Нивно сушење, пресување во книга.

3-Изработка науметнички слики со лепење и комбинирање на растенијата на подебели парчиња хартија во боја, изработка на кутии за накит или кутии како сувенири по иста постапка со лепење и комбинирање а со пренамена на кутивчиња од лекови. 

4-Со секоја слика или друг производ  кој го изработило детето мора да стои пишувано упатство- опис како се изработува тој украс:

4.1-кои се потребни материјали

4.2-место на кое се пронајдени растенијата кои се користат

4.3-колку време е потребно за изработка

4.4-Опис на самата постапка по ред до финален производ

 

Детето треба да знае дека целта на пишувањето на описот е во иднина да се помогне на некој друг да научи која е постапката да се добие тој производ, секој посебно и затоа е потребно секој опис да биде детален и да го опишува процесот од првиот до последниот чекор. Сите изработки заедно со описот ги чуваме во посебна кутија - наше креативно катче. Доколку сте во можност, фотографирајте го детето низ сите чекори а потоа на крајот заедно составете филм или зидно пано како спомен од оваа активност. Со тоа на детенцето ќе му дадетете дополнителна мотивација за работа и уважување на неговиот труд.

ДА НАПРАВИМЕ ЗБИРКА СО ЧАЕВИ:

  

Самото собирање на чаевите  трае подолг период. Активноста треба да започне со 

-Читање информации преку користење на различни извори за почетно информирање: истражување на интернет и енциклопедии но и преку разговор со стари лица за да бидат децата запознаени какви видови чаеви има во околината и во тој период. (Родителите, бабите и дедовците верувам дека ќе уживаат да помогнат во една ваква истражувачка и творечка активност но да не заборавиме да ги упатиме децата да истражуваат и преку интернет, со што ќе имаат прилика да вежбаат читање и споредување на информации, одделување на важни информации од добри извори.) Ова е прекрасна прилика детето да се навикнува интернетот и компјутерот да ги користи за научни истражувања и да ги согледува придобивките од пребарување по клучни зборови.

Воопшто не е грешка ако детето собере и растенија од кои не се прави чај. Истите можат да бидат дел од оваа збирка со посeбена назнака а детето понатаму треба да се обиде да дознае кои се тие, имаат ли име, каква корист има човекот од нив или животните можеби и сето тоа да го запише како објаснување. Дури и ако не наиде на информација за тоа растение сосема правилно ќе биде да напише дека се обидело но не успеало да открие ништо а она што може да го каже за него е детален опис, место на наоѓање, на колку други места во околината го приметил и слично.

 

Собраните примероци чаеви треба малку да се исушат

а потоа да се распоредат по мал примерок од секој:

-во посебно мало најлонче залепено во голема тетратка за чаевите или

-во посебни најлончиња малку декорирани со украсни врвки и лепенки од самолеплива хартија а сите собирани во наша посебна кутија за чаеви.

И за двата начини за складирање на видовите важно е за секој чај да напишат се за него, име, датум кога е собран, каде, за што е добар, како се подготвува.

-Исто така за секој чај треба детето да изработи рекламен материјал, во вид на мини постер со податоци и информации. 

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2017