МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Игри за лесно разбирање на делењето без остаток (За второ и трето одделение)

 

Содржини:

Можење и делење, повторување, претставување на делењето- објаснување на делењето преку примена на наши забавни графички организатори.

Дополнителни карактеристики на игрите: Овозможуваат учење преку тимска работа и соработка. Учениците учат едни од други, спонтано ги самооценуваат своите постигања и ги оценувааат постигањата на другарчињата. Графичките организатори претставуваат извонредна замена за манипулативите а ја постигаат целта на примена на манипулативи за рабирање на математиката. Едукаторот тука ненаметливо ја насочува работата преку која има прилика да оценува активност, постигања и соработка како и да помага на учениците кои имаат потреба од помош.

Игрите претставени во следниов прилог претставуваат воведна активност, припрема, повторување на множењето и разбирање на делењето, како предуслов за понатамошно воведување  во изучување, разбирање на дропките. Истите можат да се применат:

-За време на еден наставен час, за работа во три групи со трите посебни организатори и ротација на дечињата низ трите групи како би имале пристап до вежби со трите организатори

-Или, едукаторот може да си избере една или комбинација од игри кои би ги извел како воведна активност на самиот час за воведување во дропки.

Во оваа прилика ќе се запознаеме со три игри, поддржани со по еден графички организатор и работни листови за индивидуална работа. Активноста се изведува во три групи со ротација на учениците низ трите групи. 

Тука посебно е важно едукаторот да предвиди време за почетно, фронтално презентирање во кое ќе изведе заедничко решавање на неколку примери за примена на трите организатори, со што дечињата ќе добијат јасна претстава што се очекува од нив.

Група 1. Игра "Куќичка со картички"

Средства: -Работен лист КУЌИЧКА, А4 формат во боја, ставен во фолија врз која може да се пишува и брише.(Прилог подолу). Обичен фломастер, да не биде ацетонски.  Овој работен лист служи за демонстративна работа и работа на ученикот- водач. Истиот понатаму ќе остане како прилог во збирката одделенски работни пиши-бриши листови. 

-Печатени работни листови за индивидуална работа на децата од истиот работен лист што е во фолијата (за време на печатење на овие работни листови за индивидуална работа, изберете ја можноста за разделено печатење по 3 или 6 куќички на страна. )

-Картички со броеви од 1 до 10, два измешани комплети

 

ОПИС НА ИГРАТА: Играта се игра во круг почнувајки од еден играч, првиот играч кој има задача: Да извлечe еден број и да го запише во облачето. Потоа треба да извлече уште еден број и него да го запише го во другото облаче. Сега главниот играч во групата ги решава задачите врз својот организатор, додека останатите ученици имаат задача да решаваат секој на свој работен лист. (Работните листови се достапни на масата, сечени по една, две или три куќички. Дечињата си земаат листови според потребите во текот на играта)

 

Штом сите се спремни, следува презентација на работата со споредување на записите кои ги претставиле сите дечиња во групата со донесување на заеднички заклучок, корекција на евентуални грешки кај поединци.

Потоа играта се повторува со следен играч и така понатаму додека сите дечиња не поминат низ улогата на водач и настане ротација на групите. Играта може да продолжи и со следен круг во иста група, но тоа зависи од плановите на наставникот кој го организира часот. 

На дечињата истовремено им беше понудена и можност за решавање на задачи со примена на алатките за пишување на интеркативната табла. 

 

Група 2 "Пајчето кое сакало да дели подеднакво"

Ова е уште еден забавен организатор кој помага за разбирање на делењето на броевите. На него поставени се 10 полиња. Детето има задача да процени колку од десетте полиња треба да искористи за да го покаже делењето во задачата. Истиот организатор понатаму може да се примени за воведување во споредување дропки, наоѓање делови од парните броеви до 100.

http://ucimenizigra.ucoz.com/index/dropki_na_di_del_delovi_od_bro_sporeduva_e_na_dropki/0-388

СРЕДСТВА-Еден примерок во групата е испечатен во боја и ставен во фолија за демонстративна работа.(пиши-бриши) Овој работен лист служи за демонстративна работа и работа на ученикот- водач. Истиот понатаму ќе остане како прилог во збирката одделенски работни пиши-бриши листови. 

-На масата се достапни повеќе печатени примероци(може и црнобели)ставени во фолии за пишување и бришење, за секое дете по еден.

-Потребни се и картички на кои се запишани задачи со делење кои учениците треба да ги решаваат со приказ на организаторот. Постапката е слична како и во претходната игра. 

 

Од примеров можеме да забележиме дека запишување почетни 5ки во полињата и броењето по 5 го помага понатамошното распоредување на точките со добројување на пример до 40, како во случајов. Поделбата на почетните петки ја скратува постапката за делење(запишување) на точките низ соодветен број полиња доколку се работи за делење на поголем број. Во спротивно делењето го прикажуваме со поделба(запишување) на точки почнувајки од првото поле и натака во круг со броење и запишување точки додека се стигне до бројот кој се дели.Понатаму истиов организатор лесно може да се пренемени за наоѓање на зададени делови од дропки(пример најди 4/3 од 12)

 

Група 3 "Пајчето дели петки"

Во овој случај повторно имаме игра која бара правилен избор на соодветно поле во кое треба да се прикаже делењето, но овој пат во посебни ленти. Исто така повторно применуваме поделба на почетни петки доколку се работи за делење на поголем број. Истиот организатор понатаму може да се примени за воведување во споредување дропки, наоѓање делови од парните броеви до 100.

 http://ucimenizigra.ucoz.com/index/dropki_na_di_del_delovi_od_bro_sporeduva_e_na_dropki/0-388

Во спротивно делењето го прикажуваме со поделба(запишување) на точки почнувајки од првото поле и натака до последното па во круг со броење до бројот кој се дели.

 

СРЕДСТВА-Еден примерок во групата е испечатен во боја и ставен во фолија за демонстративна работа на главниот играч.(пиши-бриши)Овој работен лист понатаму ќе остане како прилог во збирката одделенски работни пиши-бриши листови. 

-На масата се достапни повеќе печатени примероци(може и црнобели)ставени во фолии за пишување и бришење, за секое дете по еден. 

-Потребни се и картички на кои се запишани задачи со делење кои учениците треба да ги решаваат со приказ на организаторот. Постапката е слична како и во претходните игри.

Овој тип на организатори на дечињата им овозможува да почувствуваат сигурност, математичка снаодливост. Дури и во отсуство на вакви печатени организатори дечињата можат на овој принцип да вежбаат делење на броеви во своите тетратки.

На пример,

едукаторот на табла задава задача 18:3=...

Учениците во своите тетратки цртаат соодветен број поврзани квадратчиња(во случајов 3) и во нив со распоредување на точки доаѓаат до решение. Посебно помага понатаму при делење со 6,7,8.. 

Дури и ученик кој не го научил множењето на памет за да може да го примени за делење, на овој начин може да почувствува математичка моќ, а таа математичка моќ е од посебна важност за прифаќање на математиката како игра во која треба да се снајдеш за да најдеш лесен начин за пресметка. 

Автор Весела Б 2016

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024