МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Игри со Дропки-За Трето одделение

    

Содржини: Предлог игри за воведување во претставување на делови од цело (делови од круг, делови од лента и делови од шишенца со вода) Читање и запишување дропки.

Додатна активност која се провлекува спонтано, паралелно со реализација на главните цели: Воведување во собирање дропки со исти именители и споредување дропки, еднави дропки. (Ова може лесно да се реализира бидејки дечињата веќе имаат почетни основи за деловите на целото од минатата година. Сепак едукаторот според проценка на претставите во групата сам одлучува на кој начин и со кои насоки и нивоа ќе ги игра и води игрите прикажани во продолжение )

1. Игра "Купуваме-продаваме пица на парче"- Претставување на делови од цело (делови од круг)

  

Средства:

1-Пици од картон за секое дете, украсени со сусам, бели, книжни, кинети марамчиња потопени во течно лепило, колаж хартија. Наставникот уште претходниот ден може да даде идеја за креирање пици и да покаже свој пример на брза изработка на пица со комбинација на наведените состојки. Потоа дечињата имаат домашна задача да подготват по еден круг како основа и да соберат материјал за изработка на ваква пица. Следниот ден во воведниот дел од часот сите дечиња имаат 5 минути за да ги подготват своите пици со спремниот материјал. На овој начин добиваме ресури за работа за кои нема да потрошиме многу време за изработка на часот.

2-Две пици од картон за демонстративна работа на едукаторот

3-10 Ленти со запишани реченици со лесни и потешки задачи.

 

Чекори за игра:

1. Учениците имаат 5 минути за брза изработка на своите пици.

2. Едукаторот е првиот играч. Пред себе ги има своите две пици. Со нив демонстрира поделба на пицата на 2 половини, четвртини, осмини. После секоја поделба со запишување на дропка на табличка ги претставува деловите за кои се зборува во моментот. Демонстрацијата ја изведува заедно со учениците, воден од нивните побарувања како купувачи. Тука ја искористува приликата преку игра да овозможи точна примена на изразите и да прикаже правилно запиување на дропката. Дечињата имаат претходни основи за дропките од минатата година, затоа во зависност од проценката на тие знаења едукаторот може да ја искористи оваа прилика да укаже и на наоѓање на споредување-Пример" Вие ми побаравте една половина за вас и другарчето? Дали би сакале да ви ја поделам вашата половина на поинаков начин? (1/2 = 4/4) Или: "А што ако вие сте 4 другарчиња а имате пари да купите една половина пица? Како во тој случај треба да ја поделиме вашата половина за да има подеднакво за сите?" (1/2 = 4/8)..На ваков начин едукаторот може да продолжи со играта прикажувајки различни комбинации на делови од една цела пица.

3. Следува игра со лентите со реченици: Еден ученик е продавач а друг ученик е купувач и тие улоги се менуваат додека не поминат сите дечиња. Останатите следат и се вклучуваат по потреба и проценка за потреба од помош.Пример прашања: " Добар ден, дали имате пица со месо? Ве молам за мене 1/8 од пицата„ " Добар ден, дали имате пица со сирење? Ве молам за мене и другарчето спакувајте ми 2/4„ "Добар ден чичко, имам пари да купам 1/4 пица но ние сме две другарчиња. Може ли некако да добиеме две еднакви парчиња пица за овие пари?..На овој начин дечињата ги читаат дропките од листот, откриваат колкави се бараните делови, бараат еднакви делови искажани поинаку...Слободно креирајте и потешки прашања. На тој начин предизвикот ќе биде поголем, вниманието на дечињата ќе биде поголемо а соработката помеѓу нив ќе овозможи да учат едни од други. Делењето на половини и четвртини се и онака веќе усвоени од минатата година.

2. Игра "И ЃЕРДАНЧИЊАТА ИМААТ КУЌА-"-Претставување на делови од цело на ленти

  

Средства: 

-Работен лист "Заљубена куќичка", А4 формат во боја, ставен во фолија врз која може да се пишува и брише.(Прилог подолу). Обичен фломастер, да не биде ацетонски. -Овој работен лист служи за демонстративна работа. Истиот понатаму ќе остане како прилог во збирката одделенски работни пиши-бриши листови. 

-Печатени работни листови за индивидуална работа на децата, ставени секој во посебна фолија(истиот работен лист што е во фолијата( без боја))

-Ѓердани со по 4 срценца во 4 бои. Бројот на ѓердани зависи од бројот на парови или групи кои би работеле со ист ѓердан. Секое срце е обележано со по еден број(1,2,3 и 4) и на него е запишана задача, дропка која треба да се претстави на организаторот со цртање.

-Листови со решенија-решена куќичка за секој ѓердан 

   

Чекори за игра:

1. Едукаторот е првиот играч кој преку своја игра со еден ѓердан срциња демонстрира како оди читањето на задачите и цртањето на деловите на шемата на своодветно место(прво ја решава задачата запишана на срцето озналено со број 1 во лентата (на куќата( обележана со број 1 и тнт.) За време на оваа прва игра, тој секогаш ја покажува задачата која ја добил а потоа бара од дечињата да го советуваат како треба да се реши на бриши-пиши листот. Со тоа укажува доверба во нивните способности а истовремено сепак, ненамтливо насочува кон точниот приказ дозволувајќи да добијат впечаток дека задачите ги реашаваат самите без проблем. 

  

2. Следува поделба во парови или групи. Секоја група или пар добива свое ѓерданче со задачи. Ѓерданчето треба да стои на средина на масата. Секое дете од парот или групата добива свој печатен лист за работа. Листовите на секое дете можат да бидат ставени секој во посебна фолија за да се овозможи лесно бришење до правилна поделба на деловите, доколку се работи со обичен фломастер. Во спротивно децата работаат со користење на молив и гума а едукаторот треба да има подготвено поголем број работни листови за решавање повеќе задачи запишани на различните ѓерданчиња.

Иако работаат во своја група или пар децата имаат слобода да се движат низ училницата и да откриваат какви задачи решаваат нивните другарчиња

 

3. По извесно време, според проценка на едукаторот децата во секој пар(или група) ги споредуваат своите записи, разговараат, откриваат правилности и грешки.

4. Потоа го земаат листот со решение и проверуваат.

5. Играта може да продолжи со ротација на групите низ сите центри со ѓерданчиња со различни задачи.( За ова едукаторот одлучува според предвиденото време за други типови на активности)

  

3. Игра „Да го поделиме сокчето„

За време на оваа активност, воведувањето во собирање на дропки со исти именители го вметнав како предизвик со очекување дека ќе поттикне интерес и навистина беше прифатено со голем интерес од страна на дечињата.  

 

Средства: 

1-Компјутер, интерактивна табла или ХАМЕР на кој е претставена сликата од работниот лист ТИП 1 - Четвртини -за демонстративна работа 

1.1-Четири шишенца, иста големина- Ацетонски фломастер за бележење врз нив. Инки, вода во шише(може и обоена вода)

1.2- Ливчиња со запишани дропки(1/4,2/4, 3/4, 4/4)

1.3-Работни листови ставени во фолија. (Тип 1  во боја или црно-бели). Обични фломастери за пишување врз фолијата.

За втор дел

2 Компјутер, интерактивна табла или ХАМЕР на кој е претставена сликата од работниот лист ТИП 2-осмини -за демонстративна работа 

2.1-Осум шишенца, иста големина- Ацетонски фломастер за бележење врз нив. Инки, вода во шише(може и обоена вода)

2.2- Ливчиња на кои се запишани дропките(1/8, 2/8, 3/8...8/8) 

2.3-Работни листови ставени во фолија. (Тип 2 во боја или црно-бели). Обични фломастери за пишување врз фолијата.

НАПОМЕНА: Постапката за игра се повторува со исти чекори- Еднаш со барањата од листот ТИП1 (четвртини)+работа со вистинските шишенца и водата а потоа со барањата од листот ТИП 2(осмини) и повторно со вистинските шишенца и водата. 

   

ЧЕКОРИ:

1. Едукаторот преку ПОСТЕР(хамер) или преку интерактивна табла ја поведува активноста ТИП 1 (ТИП 2 во втор круг) со еден пример а потоа очекува помош од дечињата за да се направи поделба на водата во сите шишенца. Најпрвин ги прашува на колку делови треба да се подели секое шишенце ако во случајов со нашите задачи се бара да најдеме 1/8..3/8...(на 8 делови) Потоа со помош на доброволци се изведува обележување на нивото на вода во секое шише според барањата од запишаните дропки врз нив. Потоа едукаторот поставува предизвик- Да се решат другите барања на постерот( собирање дропки и поврзивање со соодветно шишето горе)

2. Сега учениците се делат на две групи кои понатаму ќе ротираат.

-Во ПРВАТА ГРУПА всушност секој работи сам. Секој ученик има свој работен лист на кој треба самостојно да ја повтори постапката( Решениот пример повеќе не е достапен) Слободно може да си разговараат, да се советуваат едни со други и взаемно да си проверуваат.

 

 Учениците од ВТОРАТА ГРУПА работаат индивидуално, во парови или тимски (според бројот на ученици) Едукаторот е ментор на оваа група. Тој ја води на насочува активноста. Учениците ли паровите имаат задача:

1. Да ги обележат деловите на шишенцата правилно. Tука, во овој дел децата или паровите мора да соработуваат со споредувања за да направат идентични поделби.

  

2. Секое дете(или пар) зема по едно шишенце, влече картичка на кое е запишана дропка (картичките се измешани)

3. Секое дете(или пар)сега има задача да наполни вода со инка, соодветно на дропката запишана на ливчето. 

   

3. Ги подредуваат шишенцата по ред и на секое шишенце му придружуваат соодветна картичка на која поделбата е претставена со дропка (картичките се измешани)

  

4. Сега шишенцата ги празниме а ливчињата со дропки ги мешаме заедно.

5. Секое дете(пар) зема ново ливче со запишана дропка и едно празно шишенце. Има задача да го наполни шишето со соодветна количина вода.

6. Штом сите се спремни, повторно ги подредуваат шишенцата по ред.

Вака играта може да трае по проценка на едукаторот. Потоа групата 2 ротира со друпата 1 која работи на работни листови.

  

Овие чекори се повторуваат еднаш за работа со четвртини ТИП 1, потоа за работа со осмини ТИП 2. 

ПОВИСОКО НИВО на играта со шишенца би изгледало вака: 

На масата се поставени повеќе шишенца со иста големина, вода во шишиња и инки

Измешани се -Ливчиња со запишани дропки(1/4,2/4, 3/4, 4/4) и Ливчиња на кои се запишани дропките(1/8, 2/8, 3/8...8/8)

Дечињата извлекуваат ливче со запишана дропка, го обележуваат шишето со обичен флоамстер, го полнат со вода соодветно на барањето во ливчето. Презентираат...Потоа влежат ново ливче со дропка и тнт.




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024