Ucime niz igra - Собираме 3, 4 или 5 броеви.




     МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Собираме 3, 4 или 5 броеви со помош на наши ИНТЕРАКТИВНИ ШЕМИ

  

Цели и очекувани резултати- Собира 3, 4 или 5 помали броеви. Избира и користи соодветни мисловни стратегии за пресметување и објаснува како дошол до одговорот. Истражува на колку различни начини може да пресмета збир и кои начини ќе му бидат најлесни за практикување. Одбира број(збир) и потоа го разложува на 4 помали броеви. Дополнителна цел на која би можело да се работи:Истражува колку различни резултати може да добијат со собирање, одземање и комбинирање на собирање и одземање на 4 броеви со кои игра во моментот. 

За игра со оваа шема потребни се четири коцки или една коцка која би ја фрлиле 4 пати по ред и би ги запишале броевите за потоа да најдете наједноставен начин да го пресметате збирот . Секоја од ваквите слики за работа е ставена во посебно најлонче. Така децата можат да пишуваат врз нив со фломастер а потоа тоа да се избрише со влажно марамче и листот повторно да се користи. Ваквите листови можат да бидат испечатени и без боја само како наставни листови но како такви можат да бидат дадени за домашна работа каде децата ќе работаат индивидулано, а сепак, за време на часот предлагам да се користат вакви затоа што им се многу интересни и привлечни за работа. Најдобро е овие игри да се играат во пар затоа што на таков начин децата ќе си разговараат едни со други, во истиот миг ќе си даваат повратни информации за секој чекор тековно, ќе се помагаат и ќе учат еден од друг.

 

Активноста ја започнав  на интеркативната табла, фронтално. Им покажав една од овие слики и со коцки заедно изигравме два круга при што заедно баравме решенија како да ги пресметаме броевите кои ги добивме. Решенијата ги запишувавме на таблата(со помош на алатките за цртање) заедно со постапката, патот на решавање. Децата сами веднаш открија дека најлесно е прво да си побараат кои броеви им прават десетка па да ги додадат останатите или прво да удвојат два исти броја (пример-два по 6) па да ги додадат останатите. 

ЗАМРЗНАТА МАТЕМАТИКА

И за оваа игра ни се потребни 5 коцки или 1 коцка која би ја фрлале 5 пати и би ги запишувале броевите во посебните коцки мраз. Најважно е да им се напомене на децата дека се што пресметуваат и како пресметуваат треба да запишат на ливче на страна за да ни биде поинтересно кога ќе видиме кој каков начин успеал да открие за пресметување.  

И така, во работниот лист се пишуваат тековните пресметки кога двете деца заедно бараат најлесен пат и вежбаат заедно, а потоа секое на посебен бел лист се обидува да пресмета уште еднаш на истиот или на свој начин. 

 

СОМЕЛИ ГО БРОЈОТ (разложување)

На овој работен лист децата сами, во пар, си задаваа број горе во цилиндерот а потоа се обидуваа да го разложат на 4 броеви.

За време на активностите според моја проценка на времето доволно за игра со еден вид работен лист, правев ротација на дечињата. 

 

Во завршниот дел од часот подготвивме по една коцка за секое дете за да можат активноста да ја продолжат и дома и во случај ако немаат дома коцка за игра. За таа цел искористивме стари коцки со слики од кои половината ни се изгубени па и онака не ни служат веќе за составување приказни. Бидејќи се обложени со хартија лесно беше на секоја коцка да ги запишеме броевите од 1 до 6 со фломастер за убаво да се читаат. Така секое дете доби своја коцка за игра.

ЗА ДОМАШНА РАБОТА

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2016