МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 4
Guests: 4
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

''ПРИКАЗНА ЗА НЕВИДЛИВИОТ ГРАД И СОСЕДИТЕ, ДЕСЕТТЕ ДЕСЕТКИ''

Математичка интерактивна приказна за второ одделение-Автор Весела Богдановиќ

 

ЦЕЛИ  НА ОВАА ПРИКАЗНА- Да се повторат редните броеви до 10. Учениците да се запознаат со броевите до 100. Да се воведат во нивно препознавање и именување. Да стекнат поим и претстава за десетките и единиците и да воочат кои броеви на која десетка припаѓаат. Да умеат да ги подредуваат броевите од десетките во низи, по редослед. Да умеат да ги распоредуваат измешаните броевите до 100 во соодветните десетки. Да почнат да размислуваат кој број е за 10 поголем или помал од даден број...

  

РЕСУРСИ КОИ ЌЕ ГИ КОРИСТИ НАСТАВНИКОТ- 10 куќички од хартии во бои, А4 формат кои ќе треба да ги залепи на видливо место додека ја интерпретира приказната тогаш кога ќе дојде момент за нив, според текот на приказната. Убаво е да бидат во различни бои за секоја десетка посебна куќа. Овие куќички и подоцна можат да останат на зидот на математичкото катче.  Во некои од куќички првично нема да бидат испишани сите броеви, за таа цел при подготовка на куќичките следете ги барањата во приказната. Потребни се и 10 кукли на стапчиња со ликовите 1-Првко-Првиот, 2-Вторко-Второт, 3-Третко-Третиот, 4-Четвртко-Чевртиот, 5-Петко-Петтиот, 6-Шестко, 7-Седумко, 8-Осумко, 9-Деветко и 10- Десетко.

 

РЕСУРСИ КОИ ЌЕ СТОЈАТ НА МАСИЧКИТЕ ПРЕД УЧЕНИЦИТЕ (индивидулано, во парови или групи)  По 10 мали работни листови, куќички во кои нема броеви туку на секоја врата е запишана само десетката- може да се испечатени на А4 формат по 4 на една страна а потоа исечени да се понудат на децата. Може но немора да бидат во боја. За секоја група може да има-по еден комплет картички со броевите од 1 до 100,  по 10 потрошени ролни од тоалетна хартија на кои се испишани броевите до 10, ставени измешано. 

Организација на работата - Наставникот фронтално ја интерпретира приказната додека дечињата истоврмено слушаат, следат инструкции и работаат во парови или групи од по најмногу три ученика. ЗАБЕЛЕШКА-Поинтересно ќе биде доколку наставникот подготви и Powеr Point презентација или анимиран филм со снимен нараторски глас на која како на цртан филм би биле посликовито покажани сцените опишани подолу.( Штом подготвам таква содржина веднаш ќе ја споделам тука) 

ПРИКАЗНА ЗА НЕВИДЛИВИОТ ГРАД И СОСЕДИТЕ, ДЕСЕТТЕ ДЕСЕТКИ

Некогаш многу, многу одамна, во еден чуден невидлив град без име, си живееле броевите 1-Првко-Првиот, 2-Вторко-Второт, 3-Третко-Третиот, 4-Четвртко-Чевртиот, 5-Петко-Петтиот, 6-Шестко, 7-Седумко, 8-Осумко, 9-Деветко и 10- Десетко(Наставникот ги покажува куклите на стапчиња и по ред ги реди на парче стиропор исправени- Учениците треба да ги подредат ролните со броеви по ред на масичката) Освен нив никој друг ниту знаел каде е овој град ниту можел да го види дури и кога би дошол во него затоа што секој од броевите живеел осамен во своја  мала и невидлива куќичка. 

Една ноќ во градот пристигнал големиот невидлив волшебник-Господин Умковски и се сретнал со жителите, десетте броеви за да ги праша дали се задоволни од животот во грдаот и дали им треба некоја помош. Првко прв го замолил волшебникот, ако може да им изгради други нови куќички кои секој ќе може да ги види. Потоа Седумко-седмиот замолил ако може куќичките да бидат блиску една до друга за да можат како соседи да си помагаат еден со друг. 

Волшебникот се замислил. Стоел така замилсен некое време а потоа без ништо да каже едноставно исчезнал. Броевите зачудени се вратиле во своите куќички и легнале да спијат но кога утрото излегле на улицата пред нив во далечината виделе висока убава куќа со десет прозорци. Веројатно на волшебникот многу му се спиело па не слушнал убаво и наместо 10 куќички им направил една за сите.  

Влегле во куќата и забележале дека тука има токму 10 соби и на секоја врата биле напишани токму нивните имиња, освен оние кои Волшебникот од брзање заборавил да ги напише. (Наставникот ја истакнува првата куќичка). Но сеедно, тие многу се израдувале и најпрвин веднаш ги допишале имињата на необележаните врати 1.......5...............10 (Децата дополнуваат во својот работен лист со кучичката на која на вратата е запишано=ПРВА ДЕСЕТКА и обележана е со број 1)

 

‘’Јупии, ние сме дружната ПРВА ДЕСЕТКА, ете така можеме да си се викаме сите заедно.’’ ( Ова сите заедно го повторуваме уште еднаш на сиот глас). Потоа веднаш се вселиле во своите соби. Бидејки Десетко бил најголем нему му ја дале најголемата соба . Кој е Десетко?  Од тој ден броевите среќно си живееле.  Првко секаде одел прв и ги водел пријателите со себе. Знаете ли кој одел втор а кој осми по ред ?

По неколку години невидливиот волшебник повторно се вратил во градот и ги видел колку убаво си живеат но стоел скриен за да не го забележат. Тој ден волшебникот слушнал чуден разговор. Броевите си разговарале -Колку би било убаво во овој град да имаше уште многу вакви куќички со нови пријатели, слични како нас- со воздишка си зборувале броевите. Ноќта кога сите спиеле волшебникот ги повикал своите невидливи работници и тие за миг изградиле уште девевет куќички со по 10 соби во нив. Потоа волшебникот уморен но задоволен и среќен си заминал  од градот.

Утрото прв се разбудил Петко и застанал на прозорецот да се радува на Сонцето но што ќе види? Веднаш тука во близината стоеле уште 9 куќички  со по десет прозорци, која од која поубава. (Наставникот ги поставува другите куќички) Петко ги викнал другите броеви заедно да избројат убаво и навистина, освен нивната, првата куќичка тука, во соседството како со магија изникнале уште девет куќички преку ноќта. (И дечињата треба да избројат колку куќи има вкупно сега на нивната масичка и да ги наредат по ред)

Така љупобитни броевите од првата куќичка тргнале да видат кој живее во другите куќички. Најпрвин тропнале на вратата на втората куќичка , тука веднаш до нивната.(Во оваа куќа се напишани сите броеви од таа десетка) За миг на вратата се појавиле чудни соседи. Првиот се викал Единаесетко и на својата блузичка го носел бројот 11. До него сонлив се појавил Дванаесетко-12 и така сите по ред... така на крајот  се појавил и Дваесетко-20, најголемиот од сите. На броевите од првата куќичка малку им било чудно но и интересно кога забележале дека новите соседи од втората куќа имаат интересни имиња, слични на нивните но сепак различни. Најрадосен бил Првко, или бројот 1 како што сите го викале, зошто сите имиња на новите соседи започнувале токму со бројот 1, освен последниот,  најголемиот од нив , Господин 20. Така се запознаеле со сите по ред - 11, 12, 13, 14, 15, 16,17, 18, 19, 19, 20- ‘’Јупии, ние сме дружната ВТОРА ДЕСЕТКА, ете така можеме да си се викаме ние.’’-се радувале броевите од втората куќичкаВтора куќичка-Втора десетка! Јупии ! (Децата уште еднаш со картички со броеви ги покриваат местата во куќичката или ги пишуваат броевите а потоа заедно ги именуваме броевите)

 

Потоа отишле во третата куќичка и запознале уште со ....Колку нови соседи? Тука бројот 2, Вторко бил најсреќен кога видел дека имињата на сите нови соседи запознуваат со него, освен последниот, најголемиот, Господин 30. И другите броеви од првата куќа биле среќни зато што и тука  си нашле свој  побратим кој во своето име го содржел и неговото име. На пример, бројот пет веднаш го здогледал бројот 25 и му предложил утре заедно да одат на рибилов а бројот 8 со својот побратим 28 се договориле утре заедно да  ја уредуваат градинатата. (Децата ги покажуваат именуваните броеви)

Тука се запознале со соседите 21, 22,23, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 30 -‘’Јупии, ние сме дружната ТРЕТА ДЕСЕТКА, ете така можеме да си се викаме ние.’’-се радувале броевите од третата куќичкаТрета куќичка-Трета десетка. Јупии ! ( Децата уште еднаш со картички со броеви ги покриваат местата во нивните куќички или ги пишуваат)

Во четвртата куќичка најмногу се израдувал Третко, бројот 3, зошто сите соседи во оваа куќа имале имиња кои започнуваат токму со него, освен последниот, најголемиот, кој започнувал со бројот 4, соседедот 40. Тука живееле 31, 32, 33, 34, 35, 36, 37, 38, 39, 40 -‘’Јупии, ние сме дружната ЧЕТВРТА ДЕСЕТКА, ете така можеме да си се викаме ние.’’-се радувале броевите од четвртата куќичка. Четврта куќичка-Четврта десетка.Јупии ! Колку жители живеат во оваа куќичка? ( Децата уште еднаш ги пишуваат броевиите во куќичката)

Бројот 4 веднаш се израдувал кога го здогледал пријателот 34, а бројот 7 три пати скокнал од среќа кога  се запознал со 37. .( Децата ги покажуваат именуваните броеви)

 

Потоа отишле во петта куќичка. Се запознале со 41, 42, 43, 44, 45, 46, 47, 48, 49, 50. -‘’Јупии, ние сме дружната ПЕТТА ДЕСЕТКА, ете така можеме да си се викаме ние.’’-се радувале броевите од петтата куќичка. Петта куќичка-Петта десетка! Јупии ! ( Повторуваме сите на глас)  Кој од броевите од правата куќичка бил најсреќен сега, што мислите? Зошто? Бројот 2 веднаш се договорил со бројот 42 утре заедно да играат шах а броевите 9 и 49 се догориле да одат на риболов. .( Децата ги покажуваат именуваните броеви а потоа ги запишуваат броевите во своите куќички)

Во шестата куќика се запознале со соседите броевите 51, 52, 53, 54, 55, 56, 57, 57, 59, 60. -‘’Јупии, ние сме дружната ШЕСТАТА ДЕСЕТКА, ете така можеме да си се викаме ние.’’-се радувале броевите од ШЕСТАТА куќичка. Шеста куќичка-Шеста десетка. Јупии ! Најсреќен тука бил бројот 5 и многу се правел важен кога видел дека сите го носат напред неговото име освен последниот, најголемиот, соседот 60. ( Децата ги пишуваат броевите кај нив)

Во седмата куќичка живееле соседите ... (Наствникот чека децата заедно да ги препознаат и именуваат броевите и помага) 61, 62, 63, 64, 65, 66, 67, 68, 69, 70 - ‘’Јупии, ние сме дружната СЕДМА  ДЕСЕТКА, ете така можеме да си се викаме ние.’’-се радувале броевите од СЕДМАТА куќичка. Седма куќичка-Седма десетка. Јупии !

Бројот 6 заедно со бројот 66 веднаш му помогнале на најголемиот тука, бројот 70,  да собере 70 камчиња за подоцна со нив да им покаже на другите интересна игра. Децата одделуваат 70 камчиња од збирката што ја имаме во училницата.

Во осмата куќа прв на вратата се појавил соседот 71 а потоа истрчал и соседот 72. Децата ги покажуваат. Останатите уште спиеле. Сега јас сум многу љупобитна кој уште би можел да живее тука, што мислите вие? 71, 72.........................................80 (Децата дополнуваат во своите куќички) -‘’Јупии, ние сме дружната ОСМА ДЕСЕТКА, ете така можеме да си се викаме ние.’’-се радувале броевите од ОСМАТА куќичка. ОСМА куќичка-ОСМА десеткаЈупии !

Во деветта куќичка на вратата прв се појавил соседот Господин 84 а потоа 86 и најголемиот Господин 90. Децата ги покажуваат. И во оваа куќичка повеќето биле спанковци но ние еве сами ќе погодуваме како би можеле да се викаат остнатите жители на куќичката. Како би можел да се вика првиот?.. А втириот?...Ајде да ги запишеме по ред. ( Може да користиме лента со броеви за помош) -‘’Јупии, ние сме дружната ДЕВЕТТА  ДЕСЕТКА, ете така можеме да си се викаме ние.’’-се радувале броевите од ДЕВЕТТАТА куќичка. Во десетта куќичка ги пречекале Господин 91 заедно со најголемиот од сите до сега, Господин 100. Децата ги покажуваат.

 

 

Потоа веднаш се појавиле и другите броеви но толку биле возбудени што не знаеле да се наредат по ред . -‘’Јупии, ние сме дружната ДЕСЕТТА ДЕСЕТКА, ете така можеме да си се викаме ние.’’-се радувале броевите од ДЕСЕТТАТА куќичка. (Напиши ги броевите помеѓу 91 и 100 во својата куќа. (или подредувај картички))

ВОДИМЕ РАЗГОВОР

Сега да видиме колку браќа и сестри има тука..Бројот 1 има брат 11, десет поголем од него, има и брат 21 кој живее во друга куќа, па 31..41....Бројот 2 има брат 12 за десет поголем од него, 22, 32, 42......ЗАПИШУВАМ НА РОЛНИТЕ ХАРТИЈА А ДЕЦАТА МИ КАЖУВААТ ШТО ТРЕБА ДА НАПИШАМ СЛЕДНО...

 

ПОТОА ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ПРИКАЗНАТА

Попладнето Господин 100 како најголем и многу мудар застанал на средината на плоштадот и со сиот глас ги повикал сите жители да се соберат на едно место за да се договорат како ќе си помагаат, ќе работаат, учат, играат и шетаат заедно во иднина за да им биде весело и забавно. (На една маса вадам измешани карти до 100). Во тој миг плоштадот се преполнал со веселите жители. Господин 100 започнал да брои за да ги преброи.- Колку би можеле да сме сите заедно?-се запрашал на глас Господин 100. Сите молчеле. Се гледале еден во друг и молчеле збунети и тажни. Дечиња, ајде да им помогнеме да пресметаме за да им кажеме и да ги развеселиме повторно. Како да го направиме тоа најбрзо? Што мислите? ( Со броење еден по еден, или по 10 или со собирање 10+10+10....)

И така додека броевме и пребројувавме полека почна да се стемнува но броевите толку се измешале што сега стојат збунети и никако не можат да се сетат која куќичка беше нивна зошто овие магични куќички и онака на секој час ја менуваа својата боја сами од себе. Ќе сакате ли ние да им помогнеме да се вратат во своите куќички?

(Ги завртуваме куќичките од задната страна на која нема претходно напишани броеви и децата треба да се обидат да ги запишат броевите по ред, секој во својата куќика-десетка)

Сега сите се среќни и задоволни. Утре е нов ден, јас верувам дека утре ќе биде уште поинтересно и повесело во овој Десеткоград. Ако сакате, ние и утре можеме да бидеме невидливи гости и да видиме што утре ќе се случува таму. А сега добра нок на сите.

 

ПРЕДЛОГ ИГРА ЗА СЛЕДЕН ЧАС-  ВЕЖБИ ЗА РАЗЛОЖУВАЊЕ НА ДЕСЕТКИ И ЕДИНИЦИ

ПРЕДЛОГ ПЛУС- ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА НАСТАВА

На дечињата им се понудени ДВА ТИПОВИ на работен лист ЗА ИЗБОР- Секој ученик сам проценува што сака да одбере откако ќе слушне во кој лист што би се барало.

1 тип= ПИШУВАЊЕ БРОЕВИ- Децата ги пишуваат броевите со различна боја во секоја посебна десетка. За време на работата може да соработуваат со другарче и да се советуваат. По завршување на активноста си ги заменуваат листовите за проверка и заедно ги поправаат евентуалните грешки. 

 

втор тип= БОЕЊЕ-Ученикот треба да извлекува картички една по една, да го наоѓа бројот во табелата и да го обои, но да внимава сите броеви од иста десетка да бидат обоени со иста боја. Потоа сите заедно ги именуваме броевите до 10 и десетките во кои припаѓаат

ПРИРАЧНИК СО ИДЕИ ЗА ПРИМЕНА НА СЕТОТ КУЌИЧКИ




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 4
Guests: 4
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2017