МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Вежби за пишување низ игра -Корисни и за време на летниот одмор 

Дел од развојна активност за унапредување на јазични вештини во почетните одделенија

   

Ајде да разгледаме неколку креативни активности кои  од една страна се забавни за децата а од друга страна ќе им помогнат да вежбаат пишување и писмено изразување и за време на летниот распуст, што е од особена важност за децата кои завршиле второ одделение и штотуку стекнале основни навики и искуства за пишување. Активностите можат да бидат зададени како предлози од страна на наставникот но можат да бидат организирани и самостојно од страна на родителите.  Родителот кој самостојно превзел инцијатива за некој од активностите, може од време на време да ги фотографира изработките на своето дете па дури и да го снима процесот доколку има можност и во согласност со желбата на детето, со цел да се уважи и истакне вложениот труд и да го мотивира детето да биде истрајно и упорно во своето творење. Еве неколку идеи.

Не е пожелно детето да се задолжува со многу задачи во исто време. Дозволете самото да ја избере својата омилена игра или, во случај ако е љубопитно и сака да проба повеќе активности, помогнете му да направи план, распоред според кој ќе оставите доволно денови за проба на активностите, една после друга, но никако неколку во исто време. 

Водење илустриран дневник –Куќа на тајните со ПИСМА од интересни доживувања-

 

-Најпрвин од кутија и хартии во боја треба да се направи куќа во која би ги ставале писмата тековно како во сандаче. Таа куќа може да биде навистина интересна декорација за детската соба и навистина и самата ќе повикува на активност.

-Од останати листови од училишните тетраки треба да направат посебни пликови, писма за секој денДетето ќе има задача да пишува писмо за секој свој поминат ден или по претходен договор-за одреден број на денови седмично. 

-На секое писмо тековно од надворешната страна треба до запише датумот и денот во семицата. 

-Во него детето може да напише што му било интересно но и здодевно, кои се негови желби, што го налутило или расположило....Поттикнете го да пишува опширно, покажете му свој пример- запис за еден ваш ден но сепак, морате да бидете задоволни и со неколку негови реченици макар и со расфрлани клучни зборови како асоцијации на тој ден. Не заборавајте дека со сила убавина не бидува.  

-Во секое писмо детето може да става додатоци како слики, собран природен материјал како примерок, карти од посета на луна парк,  золошка и слично.

-Потоа писмото го затвара и става во својата "Kуќа на тајните" или како и да ја наречеме. 

 

Улогата на родителот е често да се интересира околу активноста, неосетно да го потсетува детето и да ја користи секоја прилика надвор за да предлага или посочува на нешта или настани, што би било интересно да бидат запишани тој ден, но не да биде наметлив во својата идеја или непоканет да си дозволува пристап до кутијата со писма. Замолете го него да ви прочита и покаже што напишало тој ден.

Активноста одговара и за поголема возраст на ученици на кои за пример би им понудиле најпрвин неколку такви наши писма но овој пат со богата целосна содржина за секој поминат ден од утро до вечер. Тие наши писма треба да бидат соодветен едукативен пример за правилно пишување во форма на дневник и обраќање кон пријател. Посебно кај оваа поголема возраст родителот мора да ја почитува приватноста на писмата.

Замислено патување-Математички приказни

Ова е едноставна активност која децата ќе можат да ја повторат повеќе пати со различни, нови содржини во текот на летниот одмор ако наставникот претходно заедно со нив ја поминал постапката за време на час или слободна активност или им покажал готов пример. Тоа воведно објаснување може да го направи  и родителот кој самоиницијативно одлучил да ја почувствува користа од оваа активност. Вака децата ќе вежбаат мерки за должина, како и собирање повеќе собироци но и творење содржина на приказна а сепак ова ќе им личи на интересна игра која не го оптеретува детето како работна обврска поврзана со учење.

 

ОПИС НА ЗАДАЧАТА: 

1-Секое дете треба да замисли, избере свои ликови и да замисли нивно патување- Каде би патувале тие ликови, од каде до каде. Ликовите може да бидат нацртани или може да се користат ситни гумени играчки за оваа цел. 

2-За таа цел со линијар треба да нацрта искршена патека по која би се движеле ликовите од едниот до другиот крај на листот и секое делче да се обележи колку сантиметри е долго. 

3-Потоа треба патеката и целата слика добро да ја украси, да личи на мала сцена. Таа може околу да содржи нацртани места, предели, куќи, шуми, езера, реки и слично.  

4-Сега треба внимателно да процени од око и да си запише препоставка а потоа  да пресмета колку е вкупно долга таа патека.. Да провери два пати дали добро пресметал и на крајот да провери со употреба на дигитрон или на компјутер. Листот со пресметака се прицврстува или лепи на задната или предната страна на листот , во празно место.

5-Штом заврши со пресметката има задача да напише интересна приказна за ова замислено, интересно патување. Да раскаже кој патувал, како излегдаат тие ликови, како изгледал нивниот дом или место од каде тргнале, кога тргнале, што размислувал главниот лик, што видел на ова патување, кого го сретнал по патот, што зборувале.....Пример- Патување низ шума, патување низ подводен свет..

6-Сега кога е се готово треба цртежот заедно со пресметката на должината и текстот на приказната да ги стави во посебно големо писмо направено од хартија. На ваков начин детето во посебна папка во текот на летото може да собере цела збирка на илустрирани приказни од кои подоцна може да се направи џиновска сликовница на авторот. 

Истото за промена некогаш може да се изигра и со конструирање пат од сламки, лажици, моливи...или со природни материјали во природа.

 

ДНЕВНИК НА АКТИВНОСТИ- Изработка на украси и наставни помагала

со пренамена на отпаден и природен материјал

Ова е комплексна активност која бара  добра почетна организација, и подолг временски период за реализација. Летниот одмор е прекрасен период за една ваква активност.

Посебно интересно и корисно е доколку на децата им укажеме доверба да бидат наши помошници кои ќе искористат дел од слободното време да помогнат во креирање на дидактички материјал и опис на неговата намена. Секако и изработка на украси без намема би било доволно добро. За да биде навистина мотивирачки  наставникот треба ова да го организира во форма на конкурс за избор на најуспешни но и да напомене дека мора да се почитуваат правилата во поглед на постапките кои мора детално да се опишуваат.  Производите мора да содржат опис на процесот во вид на дневник- ова е најважно правило. Активноста би започнала на следниот начин.

Потребна е на почеток да се обезбеди  кутија за складирање на сите изработки, една папка во која ќе се чуваат записите од идеите, постапките и идеи за нивна намена понатаму. Папката е поинтересна за децата затоа не предлагам тетратка но секако ни тоа не е исклучено. Секое дете треба да знае дека таа папка треба да е богата со различни објаснувања, се што е поврзано со истражувањата, собирањето на материјали и изработка- Кога, време, час, каде, што, со кој, кој му помонал, имав нема-проблем, успева-не успеав...За секое ново објаснување детето треба да зема посебно ливче а истите да ги подредува по ред во папката и да ги бележи со бројче за да знаеме како се одело по ред. Така и од еден ден може да има повеќе листови со објаснувања доколку детето во повеќе наврати почувствувало дека сака нешто корисно  или интересно да каже, па дури и некој проблем во поглед на реализација.

Настaвникот претходно може на дечињата да им прочита и покаже како изгледала слична активност на некое друго другарче. За почеток важно е да им го прочита воведното претставување на тоа другарче затоа што секое дете ќе треба да започне со таков план во својата папка.

 Пример: Јас сум Бојан Богдановиќ, ученик во трето одделение во ОУ....Во следниот период ќе направам истражување и ќе откријам на кои начини можам да пренаменам различни отпадни и природни материјали. Мислам дека ќе можам да откријам некои интересни работи за да и помогнам на учителката да имаме убава богата училница со различни материјал за учење и за украс. Ќе се обидам да добијам свои идеи но и ќе истражувам преку интернет за да видам нешто поинакво, како идеја од друг.

Денес е понеделник 23.06.2015 година, 19.00. Јас се одлучив најпрвин да започнам со собирање различни форми и големини на камчиња и да видам за што се можат да ни служат.  Заедно со неколку другарчиња собравме интересни камчиња во дворот, во близина на реката, на блискиот рид и на едно место каде се гради куќа. Ова ми беше многу интересно. Посебно ми се допадна што собирав камчиња во различни бои. Имаше некои ми личеа во формата на риби, некои на триаголник, квадрат...Надвор беше многу жешко па кога бевме кај реката малку со боси нозе влеговме внатре и собравме по некое камче од дното зошто е многу плитко. Сега треба да решам што ќе правам со камчињата. Се сеќавам дека со учителката броевме со помош на камчиња. Можам утре да соберам точно нови 100 камчиња и да направам некое украсно кутивче од кутија за лекови па тоа да биде една идеја за броење. А со овие што ги собрав денес утре ќе правам куќички и риби а ќе цртам на нив со темперни бои и лак ако имаме дома. 

Денес е 24.06. 2015 година, 10 часот. Прво ќе одам да соберам 100 камчиња а потоа ќе ја направам кутијата за нив. Денес тоа ќе го правам бидејки мајка ми ми кажа дека сака да ми помогне со украсувањето со лакови и темперни бои а денес е на работа. 

24.06.2015 година 18 часот- Кутивчето со камчиња е многу убаво. Со сестра ми попладнево собравме нови 100 камчиња и направивме уште едно кутивче за неа. Утре ќе направиме уште неколку кутивчиња од кутии за сируп и во нив ќе ставиме по 100 зрна грав и посебно ориз. 

27.06.2015 година- Минативе дена бевме на гости кај баба и затаа немавме време но денес ги направивме новите кутивчиња полни со грав и ориз и многу се убави. 

28.06.2015 година. 20 часот- Денес со помош на мајка ми ги боевме камичињата со темперни бои и некои со лакови за нокти: Изработивме риби, куќички и згради. На поголемите камења нацртавме градови со згради. Со рибите може да се вежба собирање и одземање како што правевме со учителката а куќичките секогаш се супер и за подарок на некој ако се завиткааат убаво или за театар на маса. И ТНТ....

 

Важно е детето да го насочиме за се што ќе изработи да напише и упатство како и со што го изработило своето дело, така ќе се укаже поголема вредност на активноста и делото а детето во исто време ќе вежба писмено изразување. Важно е секое дете да има различни изработки. Не е важно дали детето има нови идеи или се изработени и повторно опишани идеи за дидактички материјали веќе користени во настава бидејки најважно е да се опишува патот и искуствата.

 

 

Автор Весела Б Лиценца Криејтив комонс

Сите права се задржани. Може да се применува со наведување на извор и автор




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2017