МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Сантиметри, метри. Да направме ограда за градината на Маша и Медо

   

ЦЕЛИ:Проценува и мери во см. Заокружува до најблизок см. Претставува должина преку цртање отсечки со соодветна должина. Собира должини изразени во сантиметри.

И за време на оваа активност целите ги реализираме со ПРЕНАМЕНА И  ЗБОГАТУВАЊЕ НА ПРЕТХОДНО ИЗРАБОТЕН ДИДАКТИЧКИ МАТЕРИЈАЛ. Така денес, нашата "ЖИВА" сликовница со Медо и Маша, претходно користена за унапредување на јазични и математички вештини, доби нов додаток со нови забавни, математички страници а истите понатаму можат да бидат користени како спремни манипулативни средства, изработени од самите дечиња- Задачи и идеи за вежби со мерење во сантиметри и пресметување вкупна должина....Бидејки сега, после оваа активност, овој манипулативен сет, во себе содржи се што е потребно за математички вежби од темата мерење во см. 

Зошто ваква тематски поврзана математика? Затоа што дечињата со радост ги прифаќаат предизвиците поврзани со јунаци кои им се омилени. Затоа што нашата сликовница со Медо и Маша е сликовница за која претходно сме сме договориле дека може да си ја надоградуваме и користиме во недоглед, со секоја нова идеја, кога целите тоа го дозволуваат. Затоа што е навистина лесно да се анимира детската фантазија, мисла и внимание започнувајки со предизвик, задача во која ние изработуваме ограда за градината на нашите ликови а за време на таа наша акција ние проценуваме, мериме, споредуваме, пресметуваме должина во см. 

 

Што можете да направите Вие, доколку го немате спремен сетот со Маша и Медо? И во тој случај и Вие можете во целост да ја изведете активноста опишана во продолжение. Со мал, нов вовед , ваши ликови едноставно ставени на маса, дури и преку една слика, можете лесно да започнете своја мотивирачка приказна за истите цели, според примерот.

Претходна подготовка и потребни материјали:

1-Цртежи на кои е претставен домот на Маша и Медо- Претходно задолжение за домашна работа. Важно е секое детенце да има свој цртеж врз кој ќе работи во првата етапа. При задавање на оваа задача наставникот не ја открива целта за која ќе бидат потребни тие цртежи. Наместо тоа им објаснува дека тие ќе служат за забавна учечка активност за време од некој од часовите следниот ден. Методот ИЗНЕНАДУВАЊЕ е секогаш добредојден и продуктивен и токму затоа често применуван во нашата училница.

2-Суви гранки, дрвца за работа, пластелин. Дечињата учествуваат во собирање на сувите дрвца, во некој пригоден момент, претходните денови.

3-Претходно подготвена лента или повеќе ленти со опис на чекорите за работа.(Во зависност од бројот на деца кои треба да читаат од нив и да ги следат додека работаат се по ред)

ВОВЕДНА АКТИВНОСТ

Наставникот тука преку мини приказна ги воведува дечињата во идејата за збогатување на манипулативниот сет-Сликовницата за Медо и Маша, со нови страници и материјали, овој пат за темата мерење-Да направиме ограда за градината на Медо. Во овој дел дечињата се поканети да ги презентираат своите цртежи зададени како домашна задача а потоа сите активно учествуваат во припрема на дрвцата за работа. Пред да се искршат сувите стапчиња, наставникот покажува едно стапче и започнуав игра:

-ПРОЦЕНИ ЈА ДОЛЖИНАТА НА СТАПЧЕТО. Секое дете си запишува претпоставка на свој лист а потоа преку мерење со метро или линирај ја дознаваме вистинската должина и доколку е потребно заокружуваме до најблискиот сантиметар. Оваа активност се повторува фронтално неколку пати а потоа гранчињата се кршат на делчиња по слободна проценка. Така спремни дрвцата се оставаат на место на кое понатаму ќе бидат достапни на сите дечиња за време на индивидуалната работа во следниот дел од активноста.

СЛЕДНА АКТИВНОСТ

    

Сега едукаторот треба постапно да ги прочита и опише сите чекори по ред, се додека не биде сигурен дека сите дечиња имаат јасна претстава што треба да се сработи во секој чекор. Пожелно е најпрвин да се изведе една заедничка мини-активност која ќе ја води едукаторот а во која ќе му помагаат сите ученици, за да се доближат целите, целата постапка и да им стане јасно што точно се бара и очекува од нив. На овој фронтален начин сите чекори ќе станат јасни и применливи при индивидуалната работа која следува.

 

ИНСТРУКЦИЈА ЗА ИНДИВИДУЛАНА РАБОТА ИЛИ РАБОТА ВО ПАРОВИ

1. Избери најмалку 8 а најмногу 12 дрвца за да направиш ограда. Подреди ги пред тебе, преку целиот лист.

2. Најпрвин процени и запиши колку мислиш дека е долго секое дрвце посебно.

3. Потоа земи го првото дрвце. Измери го со линијар за да провериш дали правилно си ја проценил неговата должина. Нацрта ја должината на дрвцето во вид на отсечка и запиши ја вистинската или проближната должина- со заокружување до најбликсиот сантиметар. Потоа повтори ја постапката за секое следно дрвце.

4. Штом заврши со мерење на сите дрвца, повикај другарче да му покажеш како си мерел и проценувал. Замоли го и тоа да ти покаже што работи.

5. Сега процени и запиши што мислиш-Која должина би ја добил кога би ги споил сите дрвца во должина, како долга линија ? Која е вкупната должина на сите употребени дрвца?

6. Обиди се да ги пресметаш, да ги собереш должините на сите отсечки за да видиш дали правилно си ја проценил вкупната должина. Користи стратегија на групирање за собирање повеќе броеви за да ти биде полесно. Потоа пресметај со помош на калкулатор за да провериш дали точно си пресметал. Повика другарче за да ја споделиш твојата активност.

7. Сега нареди ги дрвцата врз цртежот за да ни покажеш како сакаш да изгледа оградата за градината на Маша и Медо. 

  

Иако можеби чекорите делуваат како сложени и обемни задачи, штом еднаш се помине активноста преку заедничка игра на фронтално ниво, дечињата понатаму лесно се снаоѓаат и ретко бараат помош во врска со објаснување на следниот чекор. Од друга страна, особено е важно на дечињата да им се даде слобода за соработка и често да се потсетуваат дека соработката е многу важна за време на активноста. Така и во овој случај, иако задолженијата беа зададени за индивидуална работа, за време на целата активност можеше да се забележи високо ниво на соработка, консултации, ваземни охрабрувања и меѓусебна помош. И во оваа прилика би сакала да потенцирам дека низ нашето секојдневие не се практикуваат вежби и навики за хранење на натпреварувачки дух туку вежби и навики за взаемно помагање, соработка и радување на туѓиот успех, што понатаму ми овозможува реализација на различни креативни и едукативни активности кои делумно или во целост се успешно менторирани од самите ученици. 

  

СЛЕДЕН ЧЕКОР-РОТАЦИЈА НА ПАРОВИ

Овој чекор во зависност од времето со кое располагаме може да се изведе на истиот час, на следниот час или да се зададе како домашна задача за следниот ден.

   

Сега секое детенце треба да ја растури оградата која ја направило и да ги скрие своите пресметки со преклопување на листот. Сликата, преклопената пресметка и дрвцата со кои се работело, како комплет ги сместува во посебна проѕирна фолија. Децата во парови си ги разменуваат фолиите со материјал за работа и сега секој има задача да процени, запише и пресмета се по ред, овој пат за новата комбинација на дрвца, врз новата слика. На крајот има прилика својот резултат да го спореди со пресметка на другарчето кое прво работело на сетот и да се врати кон нова пресметка доколку наиде на разлика.

На ваков начин ние добивме збирка задачи со кои го збогативме манипулативниот сет "Маша и Медо"- Си напрвивме свои работни листови и средства кои може да ни служат нам а и на следни генерации за вежби за исти цели.

  

Обидете се и вие. Ова е навистина забавна активност со која времето за учење математика поминува лесно и брзо како време за игра. Слични активности за исти цели но на други теми, можете да погледнете на следниот линк http://ucimenizigra.ucoz.com/index/santimetri_pretpostavki_mere_a_sporeduva_a_presmetki_treto_odd/0-376

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2017