МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Јазична писменост-Пишување информативен текст-РЕЦЕПТ за изработка на Математички теглички

 

Наставен предмет: Maкедонски јазик. Наставна единица: Пишување информативни текстови.

Цели на часот: Учениците да се запознаат со поимот информативни текстови и да се воведат во начинот на пишување на информативен текст. Да се воведат во организирање на информации во логичка целина и претставување главна идеја со сите детали-Да стекнат основи за пренесување на идеите со посебна намена за одредена публика.

Очекувaни постигања од денешната активност: Учениците стекнаа основа претстава за значењето на поимот „информативен текст„.Умеат да воочат, проценат, комплетната содржина, делови на еден рецепт. Ги совладуваат вештините за пишување делови на рецепт(состојки и упатство) Ги совладуваат вештините за подредување на  пишуваните информациите во логичка целина со цел да се претстави главната идеја со сите детали.

Вид настава: проблемска, тимска (Решавање реален проблем од корист за пошироката заедница. Учениците во улога на креатори на рецепт за изработка на наставни ресурси по математика)

Наставни техники од ЈП: Сложувалка+Ленти со реченици, Прошетка низ галерија, Стаклена топка, Бура на идеи, Табела Т, Менторски текст

Забелешка- Соодветно време за совршена реализација  е два часа споен тек. Истата содржина може да биде реализирана и во два дена со по еден час, со соодветни подготовки и распоред на активностите во двата дена, како во приложениот пример. 

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ

1. Часот го започнувам со споделување на куса, усна информација со цел поттикнување на љубопитноста и привлекување интерес за активно учество во решавање на следните проблемски задачи. Им соопштувам дека јас минатата недела со своите колеги преку групата за наставници на Facebook споделив еден краток информативен текст бидејки бев многу среќна од тоа што си го работевме тој ден и сметав дека е убаво и тие да дознаат што работевме за да може да им послужи за работа со нивните ученици. Потоа веднаш ги прашувам дечињата дали разбираат што значи поимот информативен текст, на што ги асоцира тој поим? Следува разговор со размена на идеи. По потреба разговорот го насочувам со цел да се спои и разбере, декодира изразот(Информација-информативен текст)...Текст со кој пренесуваме некоја информација до другите...

2.Следно ги прашувам дали би сакале да го видат тој текст за да прочитаат што точно сум ги информираала своите колеги.

3.За таа цел следува истражување во 2 групи со кратки работни налози-Тука применувам комбинација на Сложувалка и Ленти со реченици, за реализација на целта:

-Секоја група добива материјал исечен на ленти(Прилог слика горе)

-Секој член треба да земе по една лента, да ја прочита внимателно, да почека и другите да го прочитаат својот дел и да го разберат својот дел.(Овие инструкции ги задавам пред почеток)

-Потоа секој член на групата треба да го претстави својот дел, што се зборува во него и заедно да ја состават целата моја информација по редослед кој одговара за целината.

Ги советувам заедно да го прочитаат текстот неколку пати за да воочат дали го подредиле по правилен редослед.

 

4. Двете групи презентираат, што дознале од мојот информативен текст. И јас им го читам текстот во целост, убаво, изразно.

 

5. Сега веднаш продолжувам со приказна за реакцијата на моите колеги кои го прочитале текстот. Пример: Колегите беа многу заинтересирани, многу им се допадна нашата идеја но сите ме замолија да им помогнеме малку повеќе , со повеќе детали за да видат убаво што се треба да се направи по ред за да се добие на крајот ваква тегличка. За таа цел една колешка ме замоли да напишеме рецепт, како рецептите за торти, слатки, погачи. Таков тип на информативен текст им бил потребен за да можат и тие да ја реализираат истата активност.  Сте виделе ли рецепт за готвење? Јас пребарував преку интернет и успеав да најдам различни примери. Дали би сакале да ги погледнеме заедно?

6. Следува-Прошетка низ галерија-На посебно место ги истакнувам печатените примери со цел сите заедно да ги разгледаме и да разговараме со изведување заклучоци- да воочиме сличности, кои делови ги содржи секој рецепт. Во овој разговор ги прашувам што мислат, дали ние и можеле да напишеме ваков рецепт за изработка на една тегличка?

 

7. Истакнувам натпис СОСТОЈКИ и натпис УПАТСТВО

 

Им кажувам дека јас вчера се обидов да направам еден рецепт (ПРИЛОГ најдолу„ПОДВОДЕН СВЕТ„) и наша задача е да провериме дали сум го составила правилно, дали сега некој би можел да ја направи тегличка користејки го мојот рецепт.

8. (Стаклена топка) Ги повикувам децата во круг: Еден од учениците е мој патнер. Пред него е ставен материјал за работа, повеќе состојки од потребното.  

Му ја покажувам листата со состојки кои треба да ги издвои за работа на овој рецепт Подводен свет. Детето треба да ги оддели состојките кои се потребни. Потоа следува изработка на украсот:

 

(ЗАБЕЛЕШКА, сугестија -Доколку активноста би се работела два часа споен тек,  тука во списокот на состојки би вовела состојки кои понатаму во упатство не би се спомнувале за на крај да направиме анализа со барање недостатоци на мојот список. Истото би го направила и со упатството. Би можело да содржи непрецизни информации кои се тешки за следење со што децата би можеле веднаш да ја оцента користа од задавање прецизни, јасни и кратки информации по правилен редослед) Во овој случај подготвив прецизно упатство кое лесно може да понуди согледување на чекорите и да даде акцент на карактеристиките на текстот кој опишува презизни постапки.

 

9. Разговараме за активноста. Дали на мојот партнер му беа јасни насоките. Какви беа моите реченици?( Кратки јасни, по редослед) Замислуваме ситуации во кои упатството не би било напишано детално по ред.

10. Сега избираме нова тегличкаедна од оние кои сме ги изработиле заедно на претхододниот час по математика.  Ја разгледуваме.

 

11. Следува заедничко пишување на почеток на првата верзија на рецептот. За таа цел ги поотикнувам и насочувам со прашања: Кој сад го користиме за изработка на ваков математички украс ?( тегла)-СОСТОЈКА. ШТО ТРЕБА ПРВО ДА ОБЕЛЕЖИМЕ НА ТЕГЛАТА? На колку делови треба да се подели теглата за да се направи нашиот украс ?(УПАТСТВО) Каков фломастер треба да се користи за да се обележат деловите на теглата?(УПАТСТВО). Кои други состојки ни се потребни?

12. Сега Дечињата ГИ ДЕЛАМ ВО ДВЕ ГРУПИ.

-Едната група работи на бура на идеи за состојки

-Другата група работи на формирање искази за упатство. Ги упатувам да пишуваат кратки, јасни реченици со насоки.

 

13. Евалуативни активности: Ревизија 1 и 2

Двете групи ги презентираат своите записи. Заедно проверуваме кои состојки се наведени. Со тие што се согласуваме ги пишуваме во заедничката Т листа. Воочуваме која е прва а која следна состојка и ги бележиме со броеви.

Заедно ги проверуваме чекорите за упатство. Проценуваме, изведуваме заклучоци. Запазуваме дека редоследот на информациите е многу важен. Споредуваме со постоечки рецепти за да видиме дали сме доволно јасни и ние со нашиот рецепт.(Проценка по аналогија). Насочувам кон правилно формулирање на речениците со цел да бидат јасни и добро формулирани.

 

Се договараме дека активноста ќе продолжи на следниот час, следниот ден кога

- групите ќе имаат прилика да си ги ревидираат листите ,

- да направат по еден плакат за презентација и со него да презентираат финален рецепт за својот дел.

- Исто така за време на следниот час ќе изведеме тестирање на рецептот за да утврдиме дали сме дале доволно презицни информации. За таа цел ќе повикаме гостин со кој ќе провериме дали нашиот рецепт е применлив.

-Доколку утврдиме дека е применлив во целост како таков ќе го споделиме на нашата веб страна со цел да им помогнеме на дригите ученици и наставници.

 

Домашна задача Децата имаат задача да истражуваат пишувани рецепти со користење на различни извори на информации- Интернет, разговор со други лица, печатени книги за готвење. Следниот ден имаат задача во воведниот дел од часот усно да пренесат информација за своето истражување: На кој начин истражувале, што откриле, што посебно им се допаднало, што научиле ....

 

ПРИЛОГ РАБОТЕН НАЛОГ „ПОДВОДЕН СВЕТ„

(Менторски текст)- Рецепт за изработка на декоративна математичка тегла„Подводен свет„

Состојки:

1 Празнa теглa со капаk

Ацетонски фломастер

Ориз

Круг од сина хартија, во големина што одговара на ширината на дното на теглата.

Камчиња

Син најлон

Малку пластелин во две бои

Детето чита и ги одделува потребните состојки.

Потоа му ги читам чекорите по ред а ученикот работи постапно.

УПАТСТВО:

1.Земете ја празната тегла. Тргнете го капакот од неа. Тој ќе ни биде потребен на крајот.

2.Со ацетонски фломастер поделете ја теглата на 4 еднави делови. Нацртајте мали линии или точки на места за обележување на деловите, четвртините

3. Сега дното, ¼ од теглата наполнете ја со ориз

4. Земете го кругот од сина хартија и ставете во теглата, точно над оризот.

5.Потоа следната ¼ од теглата  наполнете ја со камчиња.

6.Сега 2/4  од теглата наполнете со син најлон.

7. Земете го капакот и затворете ја теглата.

8. Со пластелин обликувајте две риби, средна големина, во различна боја.

7. Залепете ги рибите на надоворешниот дел од теглата, во делот 2/4 со најлон, со нежно притискање врз фигурите од пластелин.

Вашиот украс е спремен. Можете по своја желба да додадете и трева од пластелин за да изгледа поинтересно. На овој начин можете да изработите различни декорации. Ви посакуваме успешна работа. 

 

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024