МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Да се запознаеме со Безименко

Македонски јазик во корелација со Природни науки. Два часа, слеан тек- Игровни активности за воведување во нови поими и вежби за веќе усвоени поими, значење и употреба на прашалник и точка, вежби за усвојување и употреба на прашални зборови, креирање прашални реченици, давање соодветни полни "богати" одговори на поставено прашање-вежби за правилна конструкција на раскази реченици.(Период на описменување, второ одд.) 

 

Средства за реализација- Робот направен од стиропор, коцка на чии страни се прилепуваат напишани зборовите- Кој, Што, Како, Зошто, Каде, Колку, Кога, Дали...Хартии, посебни ливчиња со напишани прашални зборови кои би ги продолжувале во реченица, креирање реченица. "Жабата" во која се кријат прашалните зборови- Две стапчиња, едното со прашалник, другото со точка, торта од стиропор, стари телефонски апарати, Забелешки- Роботот го изработив како изненадување за дечињата а бидејќи е во кореалција со наставниот предмет Природни науки, истиот и понатаму имаше насочена примена во училницата, ми послужи за реализација на различни цели. Тортата составена од кругови стиропор, наредена со стотина "свекички",  беше претходно направена и искористена за реализација на цели по математика но навистина лесно се вклопи и тука на овој час. Со ова сакам и тука да посочам дека само навидум делува дека е потребен огромен ангажман на наставникот и вложување средства за подготовка на ресурси за ваков час бидејќи всушност се работи за ново осмилсување, нова примена на стари ресурси и изработка на ресурси кои и понатаму би се искористиле за повеќе намени кога се еднаш веќе спремни.

ВОВЕДНА АКТИВНОСТ-Импровизирана, спонтана драмска игра

 "Прашалникот Прашалниковски и госпоѓата Точка "

Средства- Прашалник и точка на стапчиња, листови на кои се напишани прашалните зборови

ТЕК- Најпрвин полека преку приказна им помогнав да го разберат значењето и употребата на знакот прашалник а воедно и се подсетиме на примена на точката. Тоа го правев преку спонтани забавни,  драмски интерпретации во кои прво во улога на наратор раскажував а потоа преку техниката Разговор во прво лице, зборував од име на ликовите." Дечиња јас уште од малечка познавам двајца чудни, забавни пријатели, Прашалникот Прашалниковски и госпоѓата Точка (ги покажувам стапчињата) Кој од вас ја познава госпоѓата Точка? Каде сте ја сретнале? (Поврзување со претходно стекнато знаење. Зборуваме за улогата на точкатаИ јас како вас, за прв пат ја видов во мојата прва сликовница, насекаде низ неа, како да е главна. Но запознав и еден многу интересен господин, нејзин голем пријател. Сакате ли да ве запознаам со него? (Го покажувам прашалникот) Кој од вас го сретнал некаде претходно?(Децата веднаш ги земаа сликовниците кои им се на располагање во катчето за читање и ми покажуваа каде има прашалник, читавме реченици) по кратко време ги оставивме сликовниците и се вративме на местото за драмска интрепретација.)

 

Сега ќе ви раскажам како тие двајца станале најдобри пријатели. Господинот Прашалник Прашалниковски ама баш секогаш многу сакал да прашува и распрашува а замислете, госпоѓата Точка едвај чека да биде прашана нешто за веднаш да одговори. И кога понекогаш на другите соседи Прашалникот им станел здодевен со прашања, кога сите букви и зборови се криеле од него кој каде ќе стигне, таа со радост истрчувала да му одговори. Така станале најверни пријатели. 

Со овие два "лика" во рацете започнав интереси дијалози со дечињата, зборував во име на прашалникот- КОј си ти? Каде живееш? Која ти е омилена игра?...Прашував различни дечиња додека го држев стапчето во рака. Пред нас на масата стоеја листови на кои беа запишани зборовите за креирање прашални реченици. Дечињата ми одговараа расположени за соработка и весели. Ненаметливо ги наведував да ми даваат полни одговори, тоа беше за мене многу важно за време на оваа активност. После секој одговор детето ми ја покажуваше точката. 

 

Потоа им кажав дека е време да правиме нешто друго но повторно ќе се навратиме на оваа игра. Им го претставив нашиот нов гостин- Роботот Безименко. Се договоривме да си играме уште една замислена игра- Да замислиме дека ова е некој си вистински робот кој навистина утрово сам стигнал до нашето училиште и сега сака да биде наш пријател. Дечињата веднаш посакаа да бидат кумови па така секое дете запиша по неколку предлози за име. Се договоривме засега да го викаме Безименко а името ќе го избереме после часовите заедно со другите дечиња од училиштето. 

 

Со помош на КОЦКАТА и ЖАПЧЕТО со запишани прашални зборови, дечињата извлекуваа прашален збор и со него креираа прашања со чија помош имавме за цел да дознаеме многу работи за нашиот нов пријател а потоа се разбира, сами, од име на роботот ги одговаравме прашањата. Го прашувавме -Од каде доаѓа? Каде му се родителите? Дали јаде? Што сака најмногу да јаде? Како изгледала неговата куќа во која живеел. Зошто одлучил да дојде кај нас. Што би можел да ји помага? Од што се плаши. Што го радува...Дечињата креираа многу забавни прашања и даваа многу интересни, богати одговори. 

 

Така дознавме дека овој робот сакал да биде гостин и во домот на секое наше детенце барем по неколку дена, ќе можел да им помага да вежба со нив читање и пишување, би можел да им помогне во средување на играчките и книгите, да игра многу игри со нив. Се плашел од вода, нема да можел да се капи ниту да мие раце бидејќи роботите се расипувале од вода. Сакал да јаде стари автомобилски гуми. Никогаш не спиел освен кога му се полнеле батериите....Навистина ми беше задоволство што имав прилика уште еднаш да бидам гостинка во царството на детската фантазија додека ги слушав и насочував со по некое поттикнувачко прашање. 

 

 Потоа си игравме РОДЕНДЕН

Му подаривме убава торта на новиот пријател.  Но најпрвин секое детенце имаше задача да ги прочита и да одговори на прашањата- Колку години би можел да има овој наш пријател? Што би сакал да добие за роденден? Каква торта посакува, со каков вкус? Повторно за време на одговарањето на прашањата ненаметливо се обидував да ги поттикнам да даваат полни одговори а да зборуваат во име на роботот за да изгледа како забавна драмска игра.

 

Потоа следуваше индивидуална работа. Секое дете требаше да си замисли дека денес во неговиот дом дошол некој друг робот и сега живее со него. Требаше да нацрта како изгледа, да му даде име, да запише од што е направен, како изгледа, што може а што не може да помага во домот.

 

ИГРА- ЉУБОПИТНИ СОСЕДИ

Отакако сите дечиња ја завршија задачата и го нацртаат и опишаа својот замислен робот, се поделивме во парови. Секое дете имаше телефон во рака и задача да го повика својот сосед на телефонски разговор. Но, ова е важно- децата од секој пар најпрвин си ги разменаа листовите . На овој начин во активноста што следеше секое дете внимателно ги читаше информациите запишани од неговото другарче и зборуваше за нив, а оној што прашуваше полесно можеше да состави различни прашања и да биде концентриран на  употреба на различи прашални зборови. Така дечињата се јавуваа кај другарчињата- соседи и им кажуваа интересна вест- Во мојот дом имам нов пријател.... Другото дете соговорник имаше задача да поставува различни прашања за заедно да откријат како изгледа роботот на неговиот сосед и што може, а првото дете мораше да дава богати и прецизни одговори. Потоа улогите се менуваа. 

 

За време на овие активности- децата се запознаа со знакот прашалник, неговата намена, правилна употреба. На забавен начин успешно креираа прашални реченици со употреба на сите прашални зборови кои се користат за конструкција на прашална реченица. Познавањето на тие прашални зборови во иднина ќе им биде од помош за пишување соодветни интерпункциски знаци на крајот на речениците кои ќе ги творат. Преку овие вежби уште еднаш активно се насочивме кон давање полни одговори на поставено прашање, што е предуслов за правилно усно и писмено изразување. Децата беа ставани во многу ситуцаии во кои треба несебично да соработуваат едни со други. Фантазијата повторно беше насочена во насока да помогне во стекнување навики и добивање насоки за креативно творечко изразување. 

 

 

 

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024