Ucime niz igra - Езерото со необични тајни- Творечки работилници




     МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Езерото со необични писма- Творечкa работилницa-ПОРАКИ ВО ШИШЕ

Дел од развојна активност за унапредување на јазични вештини во почетните одделенија

 

Оваа активност беше конкретно креирана за изведување со деца од второ и трето одделение (период на изучување кирилица, латиница, читање и пишување) но во неа на огромно задоволство се вклучија огромен број на ученици до деветто одделение. Беше изведена во рамки на одбележување на 1Април-Данот на шегата со претходна активност половина час преходниот ден, опишано во описот долу. Активноста во голема мера може да помогне децата  со задоволство да вежбаат пишување и читање но воедно и да го засакаат творењето, пишувањето свои авторски приказни и сосема едноставно може да се примени повеќе пати во текот на учебната година дури и како домашна задача.

И во оваа прилика како важно би сакала да го споделам моето искуство кое зборува дека децата лесно се поттикуваат да творат токму фантастични приказни, бајки во кои би се зборувало за секојдневни предмети и необични ликови на кои самите тие би им давале волшебничка моќ. Бидејќи нашата активност беше во рамки на 1Април, наша цел беше да твориме приказни со смешни содржини кои исто така содржеа голем број на фантастични елементи по желба на самите деца автори.

ПОДГОТОВКА ЗА ОВАА АКТИВНОСТ

Потребна е една најлонска подлога од два сини најлониотворени сини вреќи за ѓубре на кои ќе залепиме неколку риби од хартии во боја- Ова ќе биде "езеро"кое се поставува за неколку секунди пред децата, a кога е еднаш спремна ние понатаму оваа подлога можеме да ја користиме за различни намени.

Потоа треба да подготвиме што повеќе пластични мали шишенца, според бројот на деца. Шишенцата можат да се обезбедат претходно со мала акција за собирање мали шишиња на одделенско ниво и истите можат да ги користат повеќе учители со своите одделенија по потреба за истава цел, со размена на спремните реквизити. Иако навидум делува сложено, се работи за едноставна дидактичка поставка која може да служи неколку генерации.

 

Во шишенцата  како порака во шише ќе запишеме- во секое различни неповрзани клучни зборови и неповрзани во текст реченици како насока за творење. Ако е бројот на деца голем темите може да се повторуваат.  Пример=И Дедо Мраз посакал да добие подарок. Магичени чизми имале- Со нив би можел.... Магични наракавици- Со нив би можел... Среќен, изненаден. Бабата рекла...Ама една снежна ноќ....Во следно шишенце би имало други клучни зборови и реченици или едноставно зададен наслов...

Шрек дошол да живее во селото Ивањевци, се запознал со жителите, секое утро тој....Ноќта тој...Еден ден многу се изненадил...

Снежана и седумте џуџиња  си купиле стан во Битола и....На Снежана не и се допаѓало......Муртенко за прв пат се насмеал бидејки.....

Магичните чевличиња на...

Чудните желби на Дедо Мраз

Необичната шума на тајните

Смрзнатиот замок на добриот  принц.....

РЕАЛИЗАЦИЈА

1-Наставникот ја поставува сцената, ги расфрла шишенцата во езерото а децата седат во круг. Доколку активноста се работи во училница и со голем број на дечиња, поставката се става на две споени маси, во слободен агол на работната соба или на катедрата.

2-Најпрвин наставникот извлекува едно шишенце по случаен избор. Го отвара и го покажува писмото на децата. Сите клучни зборови или реченици или ако е само зададен наслов- ги запишува на табла или голем хамер за да е видливо за сите. Потоа децата имаат задача усно да кажат свои идеи за развој на приказна. Наставникот се обидува да даде прилика да бидат слушнати повеќе различни идеи а важно е да покаже дека секоја идеја заслужува аплауз и е сосема добра, а важно е да има различни богати авторски идеи.

3-Потоа на голем хамер или на таблата, зависно каде се изведува активоста, наставникот започнува приказна со една реченица и секое следно дете во кругот треба да дополни по една своја која ќе одговара во контекстот ИНТЕРАКТИВНО ПИШУВАЊЕ. Кругот на идеи се повторува колку пати има потреба се додека не се добие една цела комплетна содржина на приказна со почеток, тек, заплет, решение и крај...Наставникот по потреба неосетно интервенира вметнувајки се како играч за да помогне со своја реченица која би помогнала да се даде добар и корисен тек.

Овој дел на активоста завршува со целосно читање на приказната и аплауз за заедничкиот труд. 

4-Сега кога е јасно што се бара,како треба да изгледа една комплетна приказна секое дете излекува по едно шишенце и има задача да се обиде да напише приказна која ќе ја поткрепи со илустрации и ќе се потпише како автор на новото дело. Во зависност од времето и идејата и плановите на наставникот ова може да се работи на лице место тој ден или да се даде како домашна задача за следниот или некој друг договорен ден или распоредено во куси средби повеќе дена.

5- Езерцето потоа повторно го поставуваме на соодветно место во некој слободен агол за да може таму да остане како едукативна поставка а децата долго време да имаат пристап до материјалите.

6-Сите напишани приказни децата прво поединечно ги покажуваат на наставникот,во соодветна прилика претходно договорена. Другите деца не ја слушаат содржината за да биде изненадување за подоцна на групната средба. Наставникот заедно со авторот ги поправаат евентуални правописни грешки. Граматичките грешки или било какви грешки во структура на текст или реченици тука нема да бидат цел за осуда туку мора ненеаметливо да се укаже на нив за да се поправат а нашата радост да се насочи на креативноста на содржината која детето ќе ни ја понуди. Потоа детето треба да го стави назад своето писмо во соодветното шише и шишето да се пушти повторно во езерото. Така езерото ќе стане збирка со приказни достапни на сите деца во подолг период. 

7- Сега, на договорен ден и час сите деца повторно се собираат околу езерцето. По случаен извор се извлекува шишенце и се чита содржината на приказната во него. Авторот се наградува со аплауз а потоа децата даваат свои идеи, во вид на говорна вежба, за приказни на истата тема. Следува извлекување на ново шишенце......Децата се забавуваат, вежбаат читање и активно слушање, слушаат различни идеи кои поттикнуваат на идно творештво.

 

Ова читање на приказните може да се воведе секојдневно како активност за време на утринската средба или за време на големиот одмор доколку наставникот нема претходно испланиран дополнителен час за читање на сите приказни. Важно е сите писма да бидат прочитани и сите автори да бидат охрабрени за нивниот труд. Корисно ќе биде ако ваква активност со ваква поставка биде поставена на соодветно место во училишниот ходник и таа постојано се збогатува со приказни достапни на сите ученици од различни возрасти. На надворешноста од секое шише треба да стои име на авторот и име на приказната.

 

ПРИМЕР ИДЕИ ЗА НАСЛОВИ кои едноставно би ја поттикнале детската фанатзија за литературно творештво:

-Снежана и тринаесетте џуџиња

-Црвекапа и петте вешти бабички

-Јованче, Марика и трите чоколадни куќички

-Мачорот и единаесетте пара магични чизми

-Принцезата и десетте зрна необичен грашок

-Јованче и дванаесетте магични зрна грав

-Дедо Мраз и неговите новогодишни желби

-Шрек и Фиона на прошетка низ Битола

Автор Весела Б Лиценца Криејтив комонс Сите права се задржани. Може да се применува со наведување на извор и автор




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2016