МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Пејзажна архитектура-Креативно моделирање 

 

Ние веќе се запознавме со поимот пејзаж и пејзажно сликарство, истражувавме, креиравме и се забавуваме. Потоа повторно си игравме креативци. Изработивме наша пејзажна кутија-дом на спомените од нашиот летен одмор и пробавме неколку игри за нејзина едукативна примена. И денес си игравме со нови поими и нови креации за забавен и едукативен летен одмор. Но, денес одлучивме да бевме архитекти и беше навистина интересно, ајде и Вие со нас. И Вие поставете си интересен предизвик: да смислите и подготвите просторен план за изградба на необична современа или стара населба која би можела да го привлекува вниманието на многу туристи доколку навистина би се изградила некаде. 

(Внимавајте, активноста одговара за деца над 8 години со стекнати почетни читачки вештини но може да се примени и со дечиња од 4 до 7 години доколку се задржите само на делот креирање, опишан на крајот)

Најпрвин ајде да истражуваме. Вашата прва задача е поврзна со малку-многу читање: Проверете и вие дали со изработка на ваков креативен предизвик би имале право да се пофалите дека ете така малку, сте се занимавале со архитектура. Што е тоа архитектура? 

За таа цел можете едноставно да ја посетите страната Википедија или, ако вие е полесно и сакате да читате со подвлекување на важни реченици, можете да го испечатите текстот(прилог горе). Дозволете му на детето да Ви чита на глас со цел да стигнете до важни откритија за оваа тема. Текстот содржи термини и реченици кои се непознати или малку сложени за детето но на оваа возраст читањето на вакви тестови со ваша помош може да биде од корист за збогатување на детскиот фонд на зборови. После секоја прочитана реченица разговарајте за нејзината порака. Најпрвин дозволете детето да ја прераскаже смислата а доколку има потреба вклучетете се со своите сугестии. Некогаш дури и непознaтите поими детето може само да ги дешифрира во контекст на реченцата во која е употребен поимот. Зато треба да бидеме трпеливи а ова не смее ниту малку да наликува на испрашување. И да, полека ќе дознате дека пејзажната архитектура-урбанистичкиот проект е основен, наједноставен дел од архитектурата а со него се осмислува и прикажува груб изглед на планирана нова населба, град... Е сега, сигурно ангажманот на еден архитект е далеку посериозен од нашиот денешен но сепак и нашиот/вашиот креативен план во кутивче ќе биде прекрасно дело. Но, не застанувајте тука за да започнете со креативниот дел. Сепак, продложете и натаму со читање.  /Dokumenti/arkhitektura_vikipedi-a.pdf

На детето ќе му биде интересно да открие какви тајни криела архитектурата низ историјата, како се менувале живеалиштата, градбите од првобитното општество па до денес.. Сега веќе можете да му помогнете во читањето за да не му стане многу напорно. Наизменично читајте делови кои ќе ги процените како интересни. Направете реална проценка на интересот на детето и дури и ако е потребно задржетете се само на разгледување на сликите. Не дозволувајте оваа игра да стане напорна за него. Нејзината цел е да поттикне интерес за истражување, историја, други култури...   

ВРЕМЕ Е ЗА КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА

При изработка на нашите креативни макети, повторно ги вклучивме материјалите кои си ги собравме во разни теглички за време на одморот(песок, камчиња во разни форми и големини, дрвца, деланки.) Нив можете да ги обезбедите и сега, во близина на паркот, градилиште.. Нашата необична населба полека, полека ја сместивме на дното на стара метална кутија од парфем. Интересно е прво детето да нацрта скица на која би прикажало како очекува да изгледа нашето дело (распоред и големина на елементите) 

  

Пластелинот е супер замена за лепилото со кое би имале проблеми. Тој е стабилна основа, подлога врз која подоцна и во секое време може да се забодуваат и преместуваат предметите, камчињата, се што е потребно. Дури и по некоја стара ситна фигури која може да Ви се најде низ домот, може добро да се вклопи во новата креација. 

  

Цртањето на плоснати мали камчиња, нивно распоредување низ подлогата од пластелин, забодувањето на ситни камчиња за да се направат патеки низ градот,..бараат прецизна координација, трпение и истрајност, а тоа се вежби кои се секогаш корисни за дечињата но и добра, смирувачка занимација за возрасни кои сакаат креативна работа.  

    

Штом вашата прва заедничка креација е спремна, вашето дете, заљубено во оваа интересна активност понатму често ќе ве изненадува со свои нови урбанистички планови, креирајќи места кои нему му изгледаат интересни. 

  

На нас останува да обезбедиме простор во домот каде овие волшебни украси ќе го најдат своето место, да се радуваме и да го охрабруваме секој следен креативен чекор  на нашите деца па дури и да си направиме малку место за нашите нови креации затоа што оваа активност е заразна и за возрасните.

  

Автор Весела Б 2016




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2017