КОГА ПЛАНЕТИТЕ БИ ЗБОРУВАЛЕ- НАШИ ЗАМИСЛЕНИ ВСЕЛЕНСКИ ПРИЈАТЕЛИ
http://vesevesela.blogspot.com/2015/07/blog-post_76.html
Претходни поврзани активности - Читање и анализа на приказната Волшебната фотеља, пребарување информации од различни извори, изработка на кукли.
Природни науки во корелација со Македонски јазик- Сончев систем; распоред на планетите во Сончевиост систем; Сонцето не се движи; Каректеристики на секоја планета.
Научно истражување- Идеи и докази: Користи различни извори на информации, анализира, извлекува потребни информации, ги претставува информациите пред другите на научен но и на сликовит начин и преку креативно творечко изразување, писмено и усно( Разговор во прво лице- Јас сум.., Пишување приказни на тема- Необично патување, необични средби...)
НАЈОМИЛЕНА ПЛАНЕТА НА ДЕЧИЊАТА е Сатурн :-) Токму неа би сакале да ја посетат кога би можело..Поради ПРСТЕНИТЕ, тие ни се најинтересни и сакаме да ги видиме од блиску :-)
Предизвик за понатамошно истражување- Користи енциклопедии и интернет за да дознаеш точни податоци за прстените на Сатурн и осмисли како тоа ќе го објасниш или покажеш на другарчињата следниот ден за време на утринската средба.
Замисли а потоа направи модел како би изгледала Земјата со прстените на Сатурн околу себе. Потоа погледни на интернет што претпоставуваат астрономите околу тоа http://www.sitel.com.mk/