МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Пингвинот Прцко-Чувар во Зоолошката градина

Учење преку наша нова, интерактивна, математичка приказна

 Одделение-Второ . Наставна единица-Го користи знакот = за да покаже еднаквост

Цели на учење-Да може да собира и одзема парови до 10 и до 20 бе3 премин. Да го користи знакот = за да покаже еднаквост од типот 16+4=15+5  12+2=15-1  Да разбере дека два различни бројни изрази може да бидат еднакви дури и кога во едниот израз се собира а во другиот се одзема. Да може да го образложи начинот на размислување и решавање. Да ги  разбира едноставните текстуални задачи определува кои операции се потребни за нивно решавање и со помош, ги претставува со предмети, со цртежи или со низа од броеви. Решавање проблемски ситуации

Критериуми на успех (очекувани резултати)- Можам да собирам парови броеви. Можам да одземам помал од поголем број. Можам да го користам знакот = за да покажам еднаквост. МОжам да пресметам и докажам  дека два различни бројни изрази може да бидат еднакви дури и кога во едниот израз се собира а во другиот се одзема. Можам да го образложам начинот на размислување и решавање. Можам да решавам математички проблемски ситуации. Можам да ги  разбирам едноставните текстуални задачи и да определам кои операции се потребни за нивно решавањеги претставувам со предмети, со цртежи или со низа од броеви. Можам сам да креирам свои нови задачи

Ресурси- Гињол кукла или кукла на стапче. Претходно подготвена приказна која ќе ја интерпретира наставникот за време на целиот час. Листови, молив, гравчиња , карти до 20, лента со бр. До 20. Power Point .Интерактивна табла. https://onedrive.live.com/redir?resid=434074C85067DF35%211637

Докази за постигнување- Дискусија. Прашања и одговори. Наблудување. Видео снимка. КЛУЧНА ТЕРМИНОЛОГИЈА- еднакво, знак, исто толку.

ТЕК НА АКТИВНОСТА

Децата се поделени во групи (онака како што обично седат, по четири )

Наставникот интерпретира во улога на аниматор :

“Здраво другарчиња, денес тука со нас е пингвинот Прцко. Ајде заедно да го поздравиме. Тој живее во Зоолошката градина. Колку години живее таму? И тој точно не знаел и сега се срами. Еве тој ми шепна дека таму живеел 11 години во жолта куќа и 3 години во црвена украсена со сино. Колку вкупно години живее во зоолошката? (Децата пресметуваат, применуваат стекнати знаења, кажуваат одговор со покажување на карта. Наставникот запишува на табла точен одговор заедно со децата ) 11+3=14

Ајде да го прашаме Прцко дали сме во право? Тој ни се извинува што не мачел да пресметуваме, вели дека не е баш сигурен дали ни дал точни податоци. Еве сега се сетил дека всушност тој прво живеел 10 години во жолта а потоа следните 4 години во сина куќичка. КОлку би можеле да се тоа години поминати во зоолошката?  10+4=14  ЗАклучок – Тој сепак живее 14 години во Зоолошката

ЗАКЛУЧОК  11+3 = 10+4

ГЛАВЕН ДЕЛ

Знаете што уште ми кажа Прцко?

Тој денес добил интересна работа. Треба да биде чувар на рибите во зоолошката и никако не смее да ги јаде иако тој многу сака да јаде риби. Но тој смеел да чува само точно одреден број на риби распореди во три аквариуми- Најголем, помал, најмал.Еве како пишувало во писмото од управникот- Дeцата гледаат на интерактивна табла но пред себе секој има работен печатен лист на кој се нацртани аквариумите. Имаат на располагање обоени камчиња и oбоени грвчиња за манипулација и ленти со броеви до 20. САми избираат како ке сметаат. Сепак главниот дел на пресметките во овој дел од активноста го правиме пленарно, на интерактивнат табла, подоцна ќе имаат прилика за работа во пар и индивидуална работа.

 

 Но прво е важно убаво да слушаат за да можат да му помогнат на Прцко. Наставникот чита по ред.

1-Уште колку риби треба да ставиш или извадиш во најголемиот за да бидат вкупно 18. (децата бројат дека внатре веќе има 12, уште колку ќе треба?)

Разговараме ...ДЕцата пресметуваат и објаснуваат на Прцко што да први, колку риби од езерото да пренесе тука. СЕкој сам пресметува. ПОтоа разговараме фронтално и едно дете покажува на таблата

12+6=18

2-Сега во најмалиот аквариум  стави за 3 помалку од бројот на риби во најголемиот.

ДЕцата пресметуваат и објаснуваат на Прцко што да први, колку риби од езерото да пренесе тука. ЕДно дете покажува на таблата. ЗАпишуваме и со броен израз

18-3=15

3-Во средниот по големина стави 10 црвени и за пет повеќе жолти

ДЕцата пресметуваат и објаснуваат на Прцко што да први, колку риби од езерото да пренесе тука.ЕДно дете покажува на таблата.

10+5=15

ПОТОА

Откриваме во кој има најмногу риби? Доаѓаме и до заклучок дека во најмалиот и во средниот по големина има еднаков број на риби. Барам од децата да го запишат тоа на своите листови а потоа запишувам на табла како заеднички заклучок. 18-3 = 10+5 (Два бројни изрази можат да бидат еднакви иако во едниот се собира а во другиот се одзема)

Сега на децата им соопштувам дека ке направиме нови групи помошници за новата задача и ги распоредувам според моите проценки за усвоеност на досегашните знаења

Потоа продолжуваме со приказната-

Следниот ден управникот на зоолошката одлучил дека единиот аквариум е премал и треба да се тргне а рибите да се распоредуваат во 2 аквариуми.

Секое утро Прцко ќе добие упатство колку риби да фати од езерото и како да ги распореди а ние ќе му помогнеме.

Прцко добил задачи за секој ден во неделата.

Да откриеме во кои денови треба да распореди еднаков број на риби во двата аквариуми.

Огранизација на работата-

КАЈ СЕКОЈА ГРУПА ИМАМ ПО ЕДЕН УЧЕНИК МЕНТОР ОД ВИШИТЕ ОДДЕЛЕНИЈА ЗА ДА ЈА СЛЕДИ РАБОТАТА И ДА ИНТЕРВЕНИРА СО ДАВАЊЕ НАСОКИ ШТОМ НЕКОЈ МНОГУ ЗАОСТАНУВА. ИСТИОТ БИ МИ УКАЖАЛ МЕНЕ КАДЕ ДА ОБРНАМ ВНИМАНИЕ ПОВЕЌЕ. . СЕкој ученик ментор има на раката кукла-другарче за помош.

ПРВАТА ГРУПА и ТРЕТАТА ГРУПА на масата има-по 2 аквариуми од шишиња, риби од камчиња, лента со броеви до 20, гравчиња во боја, капаци од тегли а на нив знакот еднаво направен со пластелин. СЕкое дете има лист со нацртани по два аквариуми, гравчиња на располагање за припомош и лист за пресметување.

Секој треба да пресмета за себе и да запише како броен израз (може да си помогне со користење на лената со броеви или гравчињата ИЛИ аквариумите и езерцата) Иако работаат индивидуално се договараме дека може да се советуваат меѓусебно со членовите од групата. Потоа во рамки на групата треба да разгледаат решенијата меѓусебно да се помагат доколку има грешки.

Задачи-Прва група-

ПОНЕДЕЛНИК    10+7    15+2

ВТОРНИК            17+1    10+8

СРЕДА                 12+2  14-2

     ЧЕТВРТОК           10+5   20 -5   

               ПЕТОК               6+4   10-5             

 

Трета група-

СРЕДА                 12+2  14-2

     ЧЕТВРТОК           10+5   20-5   

  ПЕТОК              6+4   10-5    

САБОТА            16+3   14 +4

НЕДЕЛА            20-4    11+5

 ВТОРАТА ГРУПА и ЧЕТВРТАТА ГРУПА на масата имаат- по две езерца од сини најлони, риби од хартија, лента со броеви до 20, гравчиња, капаци од тегли а на нив знакот еднаво направен со пластелин. СЕкое дете има лист со нацртани по два аквариуми(работниот лист горе) и лист за запшување на пресметките. Секој треба да пресмета за себе и да запише како броен израз (може да си помогне со користење на лената со броеви или гравчињата ИЛИ аквариумите и езерцата) Иако работаат индивидуално се договараме дека може да се советуваат меѓусебно со членовите од групата. Потоа во рамки на групата треба да разгледаат решенијата меѓусебно да се помагат доколку има грешки.

Втора група-

ПОНЕДЕЛНИК    10+7    15+2

ВТОРНИК            17+1    10+8

СРЕДА                15+4      16+2

ЧЕТВРТОК          14+6     17+3

ПЕТОК               6+4   12-2

 (Сликите понудени овде се позајмени од друга наша слична активност)

 

 

Четврта група-  (ПРВО НИВО)

САБОТА 

НАУТРО           16+3   14 +4

ПЛАДНЕ         8+4   14-2

ВЕЧЕР     12+3   18-3

НЕДЕЛА

НАУТРО            16+4   14 +4

 ПЛАДНЕ       18-3    12+3

ВЕЧЕРТА          14+3    19-2

 

НА КРАЈОТ

Успеавме да му помогнеме на Прцко. Еден голем аплауз за сите нас.

Разговараме

-Што ни беше најинтересно на овој час.

-што ни беше најтешко а што најлесно.

-Дали имаат идеи или желби за некој следен час-Што би можеле да правиме заедно со Прцко.

ДОМАШНА ЗАДАЧА

Состави свои  нови задачи за цела следна недела зошто управникот не можел да се сети како поинаку може да се распоредуваат рибите а Прцко сега со нетрпение чека зошто многу му се допаднал ваквиот начин на работа. Со овие задачи ќе го започнеме часот следниот ден а потоа ќе продолжиме со слични задачи повторно низ приказна во која Прцко ќе треба да купува храна за секој ден од неделата, за утро, пладне и вечер.

Преку нашата група на Facebook им праќам линк до презентацијата со аквариумите и така имаат можност да вежбаат со своите родители слични задачи

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024