МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

СИМЕТРИЈА 2- УТВРДУВАЊЕ НА ПОИМИ И ПРЕТСТАВИ И КРЕАТИВНА ПРИМЕНА

  

ПОИМИ- симетрични, линија на симетрија, огледална линија, модел на рефлексија.
ЦЕЛИ: Го користат и употребуваат поимот симетрија. Умеат да воочат и опишат симетрични форми во реални примери од живот и природата. Препознаваат и скицираат линија на симетрија. Го идентификуваат бројот на линии на симетрија. Прават шеми со рефлективна симетрија.

ПРЕТХОДНИ ПОВРЗАНИ АКТИВНОСТИ- http://ucimenizigra.ucoz.com/index/matematika_simetri_a/0-334

Центрите со потребни материјали може да бидат поставени на почетокот на часот или учениците да учествуваат во нивното поставување заедно со наставникот. За секој центар пожелно е претходно да се обезбеди по еден ученик ментор кој ќе биде домаќин на активноста. Времето за работа во еден центар и ротација во следниот цетар го одредуваме според број на центри и бројот на деца во одделението. Во секој центар активностите бараат тимска работа, соработка, размена на претпоставки, идеи, учење едни од други. Најголем дел од средствата и материјалите користени во центрите се материјали од други наставни предмети, достапни во нашите катчиња секојдневно.

Започнуваме со една заедничка активност:

Овој работен лист е посебно интересен за да се вежба разбирањето на симетријата, важноста од правилно поставување во одност на оддалеченост од линијата на симетрија, прецизна висина и прецизна поставеност-протегање на предметите со должина. Добро е наставникот да го има претходно испечатено во доволен број за секое дете но да биде достапен и на компјутер или интерактивна табла за да се обидат да решаваат и со визуелна проценка (затоа што печатениот лист дава полесна можност за итро копирање на фигурите со негово преклопување)

ЦЕНТАР 1- РЕФАЛЕКСИЈА НА МАСА- ГРАДИМЕ ШЕМА СО РЕФЛЕКТИВНА СИМЕТРИЈА

Oпис на заадачата на овие дечиња: Дуплирај слика преку линија, внимавај на оддалеченоста на предметите од линијата и нивната поставеност од другата страна..Почетната слика, распоред на предметите од едната страна на преполовената маса ја поставува наставникот или ученикот ментор.

 

Активноста не бара посебна претходна подготовка затоа што се користат предмети од околината кои ги имаме по два исти. Важно е да застапиме и предмети кои се долгунести, како сламки и лажици, затоа што со нивно правилно поставување не внимаваат само на оддалеченоста од оската и висината туку и на самата поставеност, протегање. Рамнокракиот триаголник исто така е доста интересен предизвик како и шоља со дршка од едната страна. Активноста бара макасимална соработка помеѓу учениците, дава можност за унапредување на вештини за тимска работа а децата учат по пат на обиди и грешки.

ЦЕНТАР 2- ОГЛЕДАЛНА СИМЕТРИЈА

На учениците во овој центар им се понудени два типа на активности и следниот материјал за работа: Огледалца, подготвени половини од слики-цртежи од предмети, празни листови и боички. Почетната мотивација за истражување поаѓа од задачата: Проверете што ќе се случи ако листот со нацртана половина од предмет ќе го доближеме до огледало. На тој начин учениците сами откриваат дека со одразот во огледало сликата се комплетира во целина. Потаму љубопитни проверуваат со сите понудени листови. 

 

Активноста може да се прошири со тоа што децата сами би изработувале половини и освен предмети би цртале половини од големи печатни букви а потоа би ги правеле цели со доближување до огледало. Во нашиот случај ние денес продолживме со доцртување на сликите.

 

ЦЕНТАР 3-  ИНСЕКТИТЕ И СИМЕТРИЧНОСТА НА НИВНОТО ТЕЛО

 

Во овој центар малите истражувачи имаа задача:

1-Да завземат почетен став(секој индидуално да запише препоставка)-Дали кај инсектите можеме да забележиме симетрија и ако може-Колку линии на симетрија се забележуваат кај секој инсект посебно.

2-Да истражуваат со голо око и лупа во насока да стигнат до вистината.

3-Да ја објаснат целата постапка и тврдењето да го одбранат со доказ. (Со груб цртеж, едноставни конури да го претстават инсектот и да ја обележат оската како доказ за своето тврдење.

 

ЦЕНТАР 4- СИМЕТРИЈА КАЈ ШКОЛКИ и МОРСКИ ЅВЕЗДИ

Постаката за истражување е идентична на постапката опишана за претходниот центар. Претпоставка-набљудување-доказ-објаснување.

 

 

ЦЕНТАР 5- ГРАДЕЊЕ ШЕМИ НА ПРЕСЛИКУВАЊЕ ЗА ДА СЕ ДОБИЕ ЦЕЛИНА

Ученикот ментор ја поставува почетната шема од едната страна на линијата, децата погодуваат што би можело да се добие со пресликување и ја грдат целината. Потоа во парови сами започнуваат шема и ја градат симетрично по своја замисла во насока да се добие конкретна слика, буква, број или шарена декорација. Користиме пластични затварачи достапни во нашето математичко катче и подлоги од збирката платна од стари чадори.

 

ЦЕНТАР 6- СИМЕТРИЧНО МОДЕЛИРАЊЕ И ОБЛИКУВАЊЕ

Учениците имат ИЗБОР да направат

1-Лик со употреба на пластично шише и пластелин а при тоа да применат симетрично украсување на облеката на ликот.

 

2-Пеперутка од пластично шише и хартија

 

ЗАЕДНИЧКА, ЗАБАВНА, ЗАВРШНА АКТИВНОСТ

 

ПРЕДЛОГ ПЛУС

Професијата моделар(кројач) бара познавање на симетријата. Кројачот мора внимателно да ги крои деловите облека за правилно да се сошијат. Замислете кројачот да скрои несиметрична маичка..

 

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2017