МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Лектирата може лесно да се претвори во наша нова "магична", мала но голема сликовница

 

Обработка на лектирата "Мице":Читање, анализа, непознати зборови, прераскажување, нови среќни краеви...

Оваа забавна но едукативна активност, покрај реализација на целите за обработка на лектирно дело, овозможува: унапредување на кретивноста, вештините за тимска работа, фер поделба на задолженија и улоги при работа во тим, поттикнување основи на претприменички вештини- наоѓање решенија за унапредување на почетни идеи до изработка на конечен продукт кој совршено би промовирал производ, во случајов книга.. При изведување на слична активност, работата во парови и групи опишна подолу, треба да се прилагоди според број на дечиња и услови за работа во одделението.  Така, доколку се работи со голем број на ученици, може да се изработаат две или три магични сликовници за обработка и промоција на книгата а кога во самата активност би се вклучиле и барем неколку родители или ученици ментори од вишите одделенија, активноста и со голем број на ученици може да биде убава прилика за соработка, дружење и размена на различни креативни идеи. Распоредот на парови и групи тука за време на сите опишани активности одговара на бројот на моите дечиња во одделението а сите дечиња без разлика дали во конкретен миг работаат индивидулно, во пар или група, повторно тимски работеа на изработка на заеднички краен продукт. Време за реализација- 3 часа (во два дена- 2мк јазик + 1 слободни активности или интеграција со ликовно образование, моделирање и градење, полн и празен волумен. Активностите немаат фуксирано време за работа поради овозможување на креативни решенија и реализација на креативни идеи кои се појавуваат тековно. Се распоредуваат според темпото на работа.)

    

Претходна подготовка- Потребна е почетна празна шема, база на производот со неколку превиткувања. Доколку активноста се изведува за прв пат, полесно ќе биде дечињата да пристапат на работа во полуготов производ кој ќе го пополнуваат со податоци. Сепак понатаму, штом се разбере суштината и постапката учениците можат да бидат креатори и на почетната шема на сликовницата. Во нашиот случај како почетна шема ја искористивме шемата за изработка на коцка која понатаму ја збогатувавме на сите страни.  Основната шема, независно во кој облик, треба да биде направена од картон или хамер кој подоцна ќе може да биде носител на повеќе за него приврзани, залепни листови, картони и слично. Наставникот треба почетно да демонстрира на кој начин може понатаму да се додаваат страните со цел сликовницата да станува што поголелма и поголема, богата со многу скришни џебови, забавни превитувања кои во себе ќе кријат богати цртани и пишувани податоци. Понатаму, штом целта и постапката се познати, дечињата водејки се од претходните искуства за обработка на лектири и текстови самите во разговор треба да предложат кои елементи треба да ги содржи оваа наша книга за најдобро да го претстави делото- Осврт на ликот и делото на авторот, ликови, време, место, непознати зборови, омилен дел, проблем-решение, нови краеви или продолженија со нов тек од договорена секвенца избрана низ делото...

  

Ние за почеток започнавме со разговор во насока -размена на првични вкупни впечатоци од прочитана книга, претставување на продукти- Читачки кутиии, направени од страна на учениците за време на читање на делото. Изработката на ваквите читачки кутии е од големо значење за доживување на читањето како забавен и креативен процес но воедно и за воочување на важни елементи за анализата. Нашите дечиња се веќе запознаени со постапката за читање со паралелна изработка на читачка кутија . Изработката на вакви кути не претствува задолжение туку само предлог активност која можат но не е задолжително да ја направат додека го читаат делото дома. http://ucimenizigra.ucoz.com/index/kako_chita_eto_lektiri_i_knigi_da_stane_kreativna_aktivnost_omilena_na_decata/0-337

 

Понатамошен тек: Работа во две групи со ротација по 10 минути

ПРВА ГРУПА работи на- Запознавање и претставување на ликот и делото на авторот- Читање, пребарување информации преку интернет, пишување белешка, избор на посебно место за претствување на авторот во рамки на сликовницата, барање креативни решенија за промоција на податоците за авторот.

ВТОРА ГРУПА работи на-Изразно читање на омилени делови- Игра:Презентираме, читаме омилени делови пред замислена, бројна публика на сцена.

После ротација на групите следува заедничка игра 

ДЕТЕКТИВ НА НЕПОЗНАТИ ЗБОРОВИ

Непознатите зборови секој ги запишува на посебни ливчиња, потоа по истекување на даденото време разговараме за нивното значење а од задната страна на ливчето го запишуваме објаснувањето или синонимите за тој збор. Сите непознати зборови на крајот добиваат свое посебно место во новата сликовница каде ги ставаме во прозирна фолија во облик на куќа на непознати зборови.

 

ИГРА: ДЕТЕКТИВОТ "САКАМ ДА ПРАШАМ"

Анализата на содржината ја изведовме преку индивидуална работа на задника цел- збогатување на ЅВЕЗДАТА СО ОПАШКА врз која се почетно залепени прашални зборови за креирање прашални реченици. Секое дете има слобода и препорака да запише што повеќе прашања за ист но и за повеќе од понудените почетни зборови и ливчињата да ги залепе под соодветните прашални зборови за ја збогатиме нашата Ѕвезда-распрашувалка. Имаат дозвола да ги користат книгите како помош за навраќање на важни мигови околу кои би можеле да прашуваат и по неколку различни прашања. На овој начин анализата навлегува во многу детали кои високо го издигнуваат нивото на анализирање затоа што вака дечињата креираат прашања околу мотиви за постапки, чувства, претпоставки, можни настани од типот-Што би било кога би било...Си играат ДЕТЕКТИВИ кои истражуваат преку прашања и одговори во недоглед, за сите важни и помалку важни моменти од делото со што се овозможува воедно и навраќање на детали од содржината и текот..

 

Тука е важно на дечињата да им се укаже дека сите прашања треба да бидат поврзани само со оваа приказна . Потоа, по истекот на договореното време ги читаме сите прашања и ги одговараме заедно. Оваа Ѕвезда исто така, на крајот доби свое место во завршниот продукт- Доби свој џеб во кој стои скриена и чека да биде откривана и прочитана.

 

Да се врaтиме на текот, постапно понатаму: Моделирање со пластелин и природни материјали

 

Работа во две групи- Претстваување на домот внатре и претстваување на домот гледан од надвор, заедно со непоредната околина

Најпрвин дечињата имаат задача со брзо читање низ страниците да ги идентификувааат клучните зборови кои детално ги опишуваат местата и истовремено важните зборови да ги запишат на посебни ливчиња кои следно ќе им служат како насоки за идеи при моделирањето. Оваа активност нема да биде проблем и при обработка на дело со подолга содржина бидејки и онака при самото задавање на задачата-дома да се прочита делото, ние почетно треба да ги упатиме редовно да обрнуваат внимание на тие важни елементи. 

 

За време на моделирањето работаат во парови и имаат за цел што подетално да ги претстват сите опишани елементи. Имаат дозвола и препорака да соработуваат и со другите групи со цел да помогнат, да понудат идеи доколку мислат дека прочитале опис кој може да помогне за збогатување на сликата на другиот пар. Затоа и оваа севкупна активност воопшто не е почетно поставена како натпревар туку како работа на зедничка цел-Заедничка магична сликовница. Доколу бројот на деца е голем, во овој случај повеќе парови би работеле на иста цел и самата сликовница би била побогата доколку се изработува заеднички одделенски производ.

 

Сите зборови кои ни служеле како асоцијација за моделирање подоцна ги ставаме во самата сликовница, на пример-во прозирни џебови од фолија за документи украсени во форма на куќички. Сликите на кои со моделирање се прикажани сцените ги обложуваме во целост со селотејп, широка трака, за да не се разметуваат кога ќе бидат поставени во сликовницата, бидејки пластелинот знае да се одлепува од страниците.

  

Група дечиња работи на опис и моделирање на ликовите.

И во овој случај, доколку бројот на дечиња е голем, неколку тимови би работеле на иста цел.

  

Овде децата имаа задача:

1-Тимски, внимателно, со штафетно читање да откријат важни описи кои се запишани во книгата а се однесуваат на ликовите.

2-Со тимска работа и меѓусебна поделба на работата дечињата имаат задача да напишат опис на секој лик посебно водејки се според прочитаното, без препишување на описите кои ги дал авторот туку со свои зборови-доживување на ликот, надворшен опис и опис на неговиот карактер, постапки и слично.

3-Последниот чекор на овој тим е моделирање на ликовите. И овие производи подоцна добија свое место во сликовницата.

 

 НАЈТАЖНИОТ МИГ-Како ПАТЕКА за креирање нови среќни продолженија и завршетоци

Најпрвин секој поединечно но сепак со заедничка цел, пребаруваше низ својата книга за да го најде најтажниот миг. Еден ученик го прочита на глас а потоа избравме друг ученик за да запишува според инструкции кои останатите усно го креираа за писмено прераскажување на делот, кратко но изразно и прецизно прераскажување. Додека едни учествуваа во прераскажувањето, друга група направи илустрација на која го прикажа тој миг а потоа сето тоа заедно си најде свое место во новата креативна сликовница. Ова дело содржеше најтажен миг па токму него го искристивме како пресек, како нова патека за нас, од кој понатаму ние во улога на автори ќе ја продолжиме приказната со убав крај, секој според своја замисла:

  

ПИШУВАЊЕ НОВИ СРЕЌНИ ПРОДОЛЖЕНИЈА И КРАЕВИ НА ПРИКАЗНА

Во нашите нови приказни Мице или бешен спасен на време, или воопшто и не паднал во гравот или бил успешно излекуван. Понатаму сите наши краеви беа толку среќни и забавни што скоро во сите Мице беше среќно оженет глушец со жена глувчица, синчиња и ќерки, вредни како него. Ова богатство од нови приказни може да се најде и прочита во нашата нова мала а голема магична сликовница која во овој миг беше комплетно завршена иако може да се надолнува и во недоглед со нови идеи и мигови. 

 

Секој вид на приказна може да биде продолжен во друга насока, независно од тоа дали содржи тажен крај или не. Понекогаш интересно е пресекот да се направи во дел каде настанал проблемот со цел да се даде прилика за нови решенија. Може да се направи пресек и пред да се стигне до проблемот, веднаш после воведното запознавање со ликовите и местата опишани во делото. Овие игри од типот ШТО БИ БИЛО КОГА БИ БИЛО се исклучително важни за унапредување на творечката креативност кај младата читачка публика и градење солидни основи за понатамошно самостојно литературно творештво.




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024