МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Обичен-необичен летен предизвик за креативна, научна, творечка мобилизација

и сензомоторна стимулација на дечиња од 3 до 10 години

 

 

 

 

 

 

Летото е време за одмор, за нас и нашите дечиња но сепак и сега и секаде продолжува работа за нас, возрасните. Нашата секојдневна мисија е посредно, непосредно и континуирано да влијаеме на градење на квалитетни ставови, позитивни навики, потреби, хоби, вештини, знаења, однесувања на нашите дечиња. Ние можеме да бидеме нивниот омилен јунак чии игри ќе се паметат и прераскажуваат на генераците, позитивен модел кој детето ќе го следи и имитира во својот живот како возрасен и како родител, некогаш со свои деца. Можеме од време на време да им подаруваме забава со наука, творење, читање, пишување и истражување за време на летниот одмор, затоа што тоа и ним и нам ни е корисно. Зошто?

Затоа што така, пред себе и со себе дечињата ќе имаат успешен модел на посветен, несебичен родител, баба, дедо кој умее и сака да најде време и начин како да го вклопи своето детенце и неговите потреби во своето возрасно секојдневие исполнето со многу различни обврски.

Затоа што дечињата ќе имаат до себе возрасен пријател кој сака да си игра со нив, а тоа е основа за градење поврзаност, доверба, близина, која подоцна лично нам на возрасните ќе ни биде потребна, за да имаме отворен пат да допреме до нив со совети низ разни ситуации за време на нивното растење и секогаш да останеме блискиот пријател со кој може да се сподели и голема тајна и проблем и среќа.

Сигурна сум дека секој од нас има барем по неколку интересни активности кои со носталгија ги раскажува и ќе ги раскажува до старост, доживувања овозможени од страна на нашите родители или некој од возрасните од нашата околина. Затоа ајде и ние да придонесеме за градење убави спомени и позитивни примери за идентификација.

И што е најважно, на овој начин, преку креативна анимација на нашите дечиња ние нема да дозволиме навиките и вештините кои нашето дете ги стекнало во текот на учебната година или за време на месеците поминати во градинка, да се заборават, да не се одржуваат и напредуваат само затоа што е лето и затоа што некои за жал, летото го толкуваат и поминуваат само како време за пасивен одмор.

Кога е време за вакви креативни анимации на дечињата? Секогаш, кога и да најдеме прилика и нова идеја во која и самите ќе уживаме.

Каде? На секое можно место, било да е плажа, планина, парк или во нашиот дом..

Средства? Фломастери, ножички, моливче, нотес и лепило се нашиот основен прибор кој верувајте, навистина треба патува со нас за време на секое наше патување независно од тоа дали во моментот имаме или немаме идеја за нивна примена. Понатаму, природата и отпадниот материјал лесно ќе ни се вклопат за да го надополнат фондот на останати ресури кои можеме да ги искористиме...

Во следниве прилози опишани се различни, интересни активности, лесно применливи а интересни дури и за нас возрасните. 

http://ucimenizigra.ucoz.com/index/nasheto_neobichno_pe_zazhno_slikarstvo/0-396

 

http://ucimenizigra.ucoz.com/index/pe_zazhna_kuti_a_dom_na_nashite_zhivi_spomeni/0-397

 

http://ucimenizigra.ucoz.com/index/detska_pe_zazhna_arkhitektura_kreativno_modelira_e/0-398

 

http://ucimenizigra.ucoz.com/index/ta_nata_na_drvenoto_kovche_e_domashna_dekoraci_a_za_tvorechka_stimulaci_a/0-394

Aвтор Весела Б. јули 2016

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2017