МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Приказна во вода -Читачка работилница “Џуџињата и чевларот”

 

Зошто тука зборуваме за приказни ВО ВОДА? Кои се тие "водени приказни"?

Во овој наш пример сликовницата за “Џуџињата и чевларот” ја претворив во водена приказна со што читањето, анализата и прераскажувањето станаа игра која привлекува и дава нови идеи и желби за дружење со литературата за деца. "Водена приказна" всушност може да биде секоја приказна или текст,  за која едукаторот ќе успее претходно да најде ликови и предмети кои би одговарале на описот и содржината или ги изработи од пластелин а понатаму ги искористи за забавна интерпретација. За оваа цел потребни се садови и теглички со вода во кои би биле распоредени нагледните средства.

Зошто во вода? Затоа што дечињата сакаат вода, ликовите ставени во вода изгледат магично, ја предизвикуваат детската фантазија и го привлекуваат и задржуваат детското внимание. Децата сакаат да допираат вода, тоа исто така ги прави среќни посебно кога водата е на маса или под во нивната училница, поставена со цел учење низ игра. Дечињата исто така сакаат изненадувања и промени во поглед на пристапот и идеите користени при едукативната работа. Ова е забавен начин за читање, обработка, анализа...Со ова можеби и тие ќе се поттикнат уште веднаш дома да прочитат сликовница или книга, на тој начин да откријат кои се и какви се ликовите во неа, мотивирани за подоцна да ја изиграат нашата улога на едукатори и да ја интерпретират приказната на сличен начин пред одделението или другарчиња во домот. Токму така ја започнав оваа работилница. Им опишав колку сум среќна денес што имам прилика да се обидам да им прочитам приказна на нов забавен начин кој сум го смислиаа претходниот ден. Ги замолив да бидат мои партнери и да ми помагаат во миговите кога ќе ги повикам за помош. Потоа постапно им објаснив како полека ги собирав материјалте и како ми доѓаа идеи за денешниот ден. Токму тоа беше воведот кој сите дечиња ги собра да ме следат со полно внимание за да ме слушнат како има ја откривам мојата тајна за спремање на еден час.  

Работилницата беше реализирана со дечиња на возраст до 3 до 6 години во рамки на Кампања за подигнување на читачката култура кај младата публика во организација на Асоцијација за истражување, комуникации и развој ПАБЛИК од Скопје, ЕВН Македонија и Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16. Место на реализација Народна Универзитетска Библиотека- Битола. 

  

Покрај доживување на читањето како забавен процес и унапредување на желбите за понатамошна активна дружба со книгите, преку содржината на оваа приказна дечињата имаа приликаДа се запознаат со професијата чевлар и чевларскиот занает во споредба со современото фабричко производство на обувки. Преку едукатината игра “Водена приказна- Воден предизвик”  опишуваа и анализираа ликови и нивните постапки, правејки споредба со примери од својот живот. Анализираа порака-поука и истатата ја поврзуваа со реални животни ситуации. Ја активиравме фантазијата како интересен талент и поттик за богато литературно творештво. Децата умеат  да проценат и разграничат фантастични од реалистини застапени елементи, ликови и настани. Дечињата иако слушатели беа ставени во улога на директни партнери во читачкиот процес, помагајќи со “оживување” на клучни зборовите во приказната. 

    

ПРЕГЛЕД НА АКТИВНОСТИТЕ:

2. Игра-Лага или ВИСТИНА. Јас кажувам тврдења а дечињата погодуваат дали е лага или зборувам вистина. Пример: Јас сум учителка. Јас имам 14 години. Носам бела блуза. Имам кратка црна коса. Носам црвени чевли. Мај е зимски месец, 5+5=15 (Овие тврдења се осмислуваат претходно во зависност од возраста на децата во групата со која се работи и дел од нив пожелно е да бидат смешни)

3. Игра за поттикнување весело расположение и воведување во темата: Погоди ја мојата професија (звучна пантомима) Јас покажувам- Поштар, доктор, продавач, шивач, учител. Децата погодуваат и потоа заедно сите ме имитираат.

Идеи плус: Игра со ситни апликации- најди парови чевлиња скриени во сад со брашно.

Игри со детските чевлиња- ги собуваме, правиме патека од измешани,чевлиња, подредуваме измешани парови, претпоставуваме колку парови ке има, броиме чевлиња, броиме парови чевлиња, пресметуваме колку вкупчно чевлиња има од две дечиња....и слично

 

СЕГА ДА СЕ ЗАПОЗНАЕМЕ СО ЕДЕН ЧУДЕН ГОСТИН И ДА ОТКРИЕМЕ ШТО РАБОТИ ТОЈ

Пред да почнам со откривање на ликовите на дечињата им објаснив дека и тие малку подоцна ќе имаат прилика да си поиграат со се она што е тука на подот. На тој начин си обезбедив поволна работна атмосвера за овој дел и насмеани дечиња кои со нетрпение чекаат да видат што се крие тука.

 

Ја открив водената кутијата во која е ставен чевларот и ги предизвикав дечињата да ѕиркаат низ неа за да откријат кој се крие во неа, што работи тој чичко. Во тоа време и останатите кутии со ликови беа поставени на подот но покриени со марамчиња за да не се гледаат. Потоа го извадив чевларот од водата за да можат поубаво да го видат и да донесеме заеднички заклучок за кој ни дошол денес на гости. Го опишувавме, зборувавме за  професијата ЧЕВЛАР. Правевме споредба со денешното фабричко производство на чевли. За да им биде интересно на дечињата јас му се обараќав на ликот како да е жив и ги поттикнував дечињата и тие да го распрашуваат како се вика, од каде доаѓа и слично. 

Потоа ги замолив да погледнат низ просторијата и да се обидат да ги здогледааат изгубените чевли на чичкото чевлар. Така за брзо време дечињата ги најдоа чевличките и ги вративме до чевларот. Им кажав дека денес ќе читаме една интересна приказна за многу чудно доживување на чичкото чевлар. Сега ги открив и другите теглички со ликови во нив и ги замолив дечињата внимателно да погледнат кој се се крие тука. Нивната задача ќе биде внимателно да ја слушаат приказната за да откријат кој од ликовите е само случаен гостин во водените теглички и за него воопшто не се зборува во таа приказна.

 

Потоа веднаш продолжив со ПРИПРЕМАТА НА ДЕЧИЊАТА

1. Едукативна техника “Неколку тајни”- Ги замолив да внимаваат додека читам за да успеат да откријат неколку тајни: Кои се главни ликови, особини, постапки, проблеми и решенија, места, поука ( и овие задачи се поставуваат во согласност со возраста на децата во моментот а бидејки зборот ТАЈНА е омилен и интересен, ова е лесен начин за задржување и насочување на вниманието кон елементите за анализа)

2. Драмската техника “Клучни зборови”-Ги замолив да бидат мои помошници, соработници за време на читањето и да ми помагаат во секој миг штом слушнат некој од клучните зборови - Се договараме кои ќе бидат клучни зборови и што да имитираме кога ќе ги чуеме. На пример- Штом ме слушнат да го прочитам зборот Чевлар-, сите дечиња треба брзо да започнат со тропкање како со чеканче, имитирање на работата на чевларот. Бројот на клучни зборови се бира според возраста на групата и во зависност од тоа дали имаат претходни искуства со примена на оваа техника при слушање на приказна. Тука започна читањето на приказната и навистина имав прекрасни, внимателни соработници кои ми помагаа во самата интерпретација и придонесуваа се да биде забавно. 

 

Потоа повторно ги гледавме водените кутии за да најдеме кои други ликови беа во приказната а кои се тука случајни гости. Повикував дечиња да ми помагаат за да ги извлекуваме од водата и да ги опишуваме. Откривме дека имаме кутија со 3 џуџиња а во приказната беа само две. Шрек беше случаен гостин кој дечињата посакаа да го примиме во приказната иако не бил за во неа, па така, малку време посветивме на тоа да раскажеме што би можел тој да прави тука и беше навистина интересно да се слушне како дечињата умеат да фантазираат и творат.

 

Ја опишуваме жената на чевларот, замислуваме што би можело да се случува потоа, каде се сега џуџињата, што ли прават, каде живеат сега...Што би било кога и кај нас дома би дошле џуџиња за да ни помагаат, што би правеле со нив, што би сакале да ни помогнат?

ТАЈНИТЕ ги откривме со креирање и одговарање на прашања со помош на КОЦКАТА РАСПРАШУВАЛКА

 

Поука-порака-ДОБРОТО СО ДОБРО СЕ ВРАЌА- 

Разговор-Кога ние сме помогнале некому- Раскажување реални примери од секојдневниот живот

За крај дечињата работеа во работни листови кои ги подготвив за оваа прилика, за помалечки и поголеми дечиња, но имаа прилика и да си поиграат слободни драмски игри со ликовите во водените кутии.

РАБОТЕН ЛИСТ-НОВИТЕ АВАНТУРИ НА ЏУЏИЊАТА

Оведи ги џуџињата до куќичката која се гледа во далечината. Обиди се да смислиш приказна-Кој би можел да живее таму, што би можеле да му помагаат нему....? Помогни им по патот да ги најдат изгубените чевлички. 

 

  

 

ПРЕДЛОГ КВИЗ ЗА НЕКОЈА СЛЕДНА ПРИЛИКА :

КВИЗ-Лага или вистина (квиз со прашања што се влечат од тегла)

  1. Чевларот и неговата жена живееле во голема кралска палата

 

  1. Чевларот бил многу вреден но сиромашен човек и немал пари за да купи материјал за изработка на чевли

 

 

  1. Пет волшебни самовили му помогнале и го направиле најубавиот пар чевли

 

  1. Што направил чевларот откако ги продал првите убави чевли кои ги направиле џуџињата?
  • Ги потрошил сите пари за да си купил 2 големи сладоледи , еден за себе и еден за женичката
  • Си купил стол за да си седни на него додека работи
  • Купил малку храна и кожа за нови чевли

 

  1. Што направиле чевларот и жената за да им се заблагодарат на џуџињата за помошта?
  • Им спремиле богата вечера и го поканиле на вечера
  • Им сошиле нова облека на џуџињата

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2017