МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 3
Guests: 3
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Заљубените броеви-Направи збир 10. Направи збир 20

 

 

...........................................................................................................................................................................................................................

Цели и очекувани резултати- Ги открива и учи сите парови на броеви чиј збир е 10. Ги открива и учи сите парови на броеви чиј збир е 20. Ги согледува и запишува соодветните факти за собирањето. Усно го образложува начинот на размислување при решавање. Креира свои задачи по аналогија на наученото. Дополнителен резултат кој произлезе во текот на активноста- Воочивме дека паровите се повторуваат само со сменати места на броевите- Односно, промената на местото на собироците не го сменува збирот.

 

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ

Денес си игравме ЗАЉУБЕНИ БРОЕВИ затоа што тоа ни беше многу интересно и на лесен, забавен и смешен начин најпрвин научиме да правиме парови кои прават збир 10, а потоа  го искористиме тоа знаење за да ги откриеме паровите на броеви кои на сличен начин прават збир 20.

Со користење на зборовите " Бројот... се заљубил во бројот..." и овој час по математика го имаше нашето полно внимание, супер расположение, огромна љубопитност и желба за истражување.

.......................................................................................

Секое дете за себе го имаше работниот лист со срценцата. Најпрвин заедно, фронтално, со користење на интерактивната табла ги откривме првите 2 парови на броеви кои прават збир 10. Го погледнаме овој работен лист, им кажав дека тука некој со некој за заљубил и ги повикав да откриеме за што би можело да станува збор на оваа слика. Што понатаму би можело да се бара тука од нас? Децата лесно пресмета дека 9+1 прават 10 а потоа веднаш  се сетија дека според она што го гледаат треба да ги побараат и другите броеви по ред, кој со кој треба да се заљуби за повторно да имамаме нов збир 10. Понатаму заедно ги решивме задачите во првото срце. Откривме дека паровите се повторуваат ако на броевите им ги замениме местата а сепак збирот е 10 и тоа ни беше откритие на кое посебно се израдувавме. Потоа дечињата ја повторија вежбата уште еднаш, секој во својот работен лист. Бидејќи ги скривме решенијата на таблата, сега децата имаа можност да си помагаат со користење на табела 100 доколку почувствуваа потреба за тоа.

 

Потоа повторно сите заедно се собравме пред таблата и почнавме да ги откриваме паровите на броеви кои прават збир 20. По аналогија на првата вежба, искуството со броевите до 10, сега дечињата лесно се одлучуваа да прават парови по редослед, почнувајќи од бројот 11. Дури и ми објаснуваа дека вака би можеле да прават парови и за другите десетки до 100 бидејќи тоа се било исто како да броиш и собираш до 10. После заедничката работа, повторни ги скривме решенијата на таблата и учениците работеа самостојно на своите работни листови

    

ВТОРА ВЕЖБА- Работа во парови

 

Со набљудувачи и ротациja на паровите во улога на играчи или набљудувачи

 (Работна техника "Стаклена топка")

 

Потоа на масата ставив исечени апликации, срциња во различни бои и еден бел, отворен чадор. Им реков дека вчера ги подготвив овие материјали за некаква активност но сега неможам да се сетам која беше таа интересна активност која би можеле да ја правиме со чадорот, срценцата и броевите. Учениците веднаш предложија да ја повторат вежбата од почетокот на часот и да земат по две срциња, едно во кое би ги напишале бреоевите до 10 и друго за паровите до 20 а потоа со нив некако да го украсиме чадорот. Ги прашав што мислат? Дали на таков начин ќе имаме многу шарено чадорче? Јас би се радувала на многу, многу шарено чадорче. Се погледнаа, почнаа да бројат по два и заклучија дека можеби така нема да чадорчето да биде многу шарено бидејќи се малку деца на број а секој би подготвил само по две срца. Потоа еден ученик предложи да правиме срценца за секој пар посебно. Тоа беше моментот што го очекував и токму на тоа рзмислување ги наведував. 

 

Целата активност се претвори во спонтан натпревар- Кој ќе успее да направи повеќе срценца со различни парови. 

 

За време на работата иако работеа индивидуално, редовно се консултираа меѓусебно, загрижени паровите да бидат точни за да успее нашата намера. Потоа зеднички започнавме со украсување на чадорчето.

 

На едната половина ги распоредувавме паровите до 10 а на другата паровите до 20.

 Задоволни и весели го прошетавме во дворот :-)

 

ШТО ЗА ДОМАШНА ЗАДАЧА?

Децата сами избраа што би сакале да направат за домашна работа. Еден од учениците предложи да направат нови срциња и со нив да ја украсиме училницата, да бидат висечки украси или срциња на стапчиња. Ја охрабрив нивната идеја и така следното утро имавме многу убави срциња и една прекрасна шарена честитка.

 

ЗАБЕЛЕШКА- НА СЛИЧНИ НАЧИНИ МОЖЕМЕ ДА ВЕЖБАМЕ ФОРМИРАЊЕ ПАРОВИ

НА ПОЛНИ ДЕСЕТКИ ДО 100  И ОДЗЕМАЊЕ.




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 3
Guests: 3
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2017