МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

БРОИ ПО 5 до 100

Користи групирање по 5 за да изброи поголем број предмети. Ги открива и учи броевите што се добиваат со броење по 5. Се воведува во основите на множењето и делењето. 

 

ДИДАКТИЧКА ПРЕПОРАКА- Активноста прикажана долу како неизменета може да се реализира со група до 15 ученика. Доколку работите со поголем број на ученици направете избор на активности кои ви се допаѓаат и прилагодете ги според своите можности.

  

-Започнуваме со игра со дланките сите во круг на поголем простор. Мојата Леванка ја повикува до неа левата рака на Стефан а потоа броиме по пет прсти- една дланка = 10 прсти. Потоа во друштво ја повикуваме Деснанка на Ева....Повторно броиме по пет...= 15 прсти. Повукуваме уште едно дете да ни го придружи левото раче и сега имаме 20 прсти....

РАБОТА ВО ДВЕ ГРУПИ

ПРВА ГРУПА-Во 20 капачиња од тегли распоредуваме по 5 зрна гравчиња и под секое наполнето капаче ставаме картичка со број- Така ја воочуваме низата на броеви што се добиваат со броење по пет. ВТОРА ГРУПА- На децата им се понудени 100 жетони од хартија- ''Топчиња сладолед', корнети од хартија и картички со броеви- Имаат задача да ги распоредат топките сладолед по пет во секој корнет и правилно да ги подредат картиките како низа на броеви што се добива со групирање по 5.

По завршување на активноста групите си ги менуваат местата и си проверуваат едни со други

Сите заедно броиме по 5 со помош на табела 100

  

 

 ИНДИВИДУАЛНА РАБОТА

ПРВ тит -СЛАДОЛЕД

Секое дете пред себе има ПРИЛОГ 1. Детето треба да нацрта по 5 топки сладолед во секој корнет и долу да запишува броеви за да ја добие низата броеви со броење по пет. По завршување на активноста сето тоа го запишува како 5+ 5+5......= 100 и брои по пет до 100 пред свое другарче.  ПРИЛОГ 1 http://1drv.ms/XTrXwu

              ВТОР тип-ОРИЗ ЗА РУЧЕК

Слично како во претходната група но тука децата во нацртаните чинии треба  да распоредат вистински зрна ориз . ПРИЛОГ 2

  

ИЗБОР НА ПРЕДЛОЖЕНИ АКТИВНОСТИ

ПОСТАВЕНИ во ТРИ ЦЕНТРИ -за работа во ПАРОВИ со ротации низ центрите

 

АКТИВНОСТ-Фудбал

Средства-Игралиште од хартија, 2 комплети мали картички на кои се напишани броевите што се добиваат со броење по 5 до 100

ТЕК-Со правилно редење на картичките, два играчи се натпреваруваат кој побрзо но и точно ќе ги подреди картичките од најмалиот до најголемиот број за да стигне до противничкиот гол. 

АКТИВНОСТ- НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ во парови

Средства- По 1 лист во боја за секој играч, претходно исечени 20 кругови од една боја и 20 кругови од друга боја. ИГРА-Секој за себе, треба прво да ги напише броевите кои се добиваат со броење по 5 до 100 во секој круг од својот комплет а потоа тие кругови да ги распореди по правилен редослед на листот во боја- во вид на Не лути се човече за да стигне да се спои со патеката на партнерот на другиот лист и да се направи едно големо Не лути се човече.

 

ЦВЕТОВИ-Највисоко ниво

Средства- Кругови во кои се запишани броевите што се добиаат со броење по 5. Ситни картички и на сите напишан бројот 5.

ТЕК- Детето извлекува круг со број и треба да направи цвет со додавање на онолку 5ки колку што содржи тој број. 

 

  

 

ЗАБЕЛЕШКА- Завршната активност е слеана заедно со претходниот тек бидејки децата имаат право да ротираат низ активностите и да се обидуваат низ сите предизвици а наставникот следи, насочува и води евиденција за постигањата на учениците за време на сите активности. Овој час се изведе во итеграција со часот за дополнителна настава со иста цел.

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2017