МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

ЗАЉУБЕНИ ПРСТИЊА- Дидактичка игра во парови

Вежбаме како да правиме парови од броеви кои образуваат збир 10 и збир 20

 

Цели и очекувани резултати од оваа активност- Ги знае сите парови на броеви чиј збир е 10. Ги знае сите парови на броеви чиј збир е 20. Ги согледува и запишува соодветните факти за собирањето. Усно го образложува начинот на размислување при решавање. Креира свои задачи по аналогија на наученото.

Важна придобивка- Учениците ќе учат едни од други, ќе се помагаат меѓусебно и активно ќе се обидуваат да научат на игровен начин. Сами ќе креираат задачи и ќе се обидуваат да смислат, докажат  и запишат многу различни комбинации во натпревар со другите парови. Самите ќе си диктираат темпо и тежина на задачи.

 

Што ни е потребно за оваа игра- Напрстоци во боја, направени од хартија во боја на која се испишани броевите. Ги прицврстуваме со селотејп. Напрстоците се подготвуваат за игра во пар на следниот начин:

 ЕДНОТО ДЕТЕ на едната рака ги има броевите 1, 2, 3, 4 и 5 а на другата рака ги има 11, 12, 13, 14, 15
 ДРУГОТО ДЕТЕ на едната рака ги има 5, 6, 7, 8 и 9 а на другата рака 15, 16, 17, 18 и 19

 

КАКО ИГРАМЕ ВО ПАРОВИ- Едното дете си избира прсте(број) а другото треба брзо да најде соодветен пар(негово прсте со број) за да направи 10 или 20. Потоа улогата се менува.Сите обиди се запишуваат.
ПРЕДЛОГ ИГРИ ЗА ПОГОЛЕМА ГРУПА- Едно дете во центар покажува прст со број а сите други треба веднаш да му ги придружат прстињата кои прават пар. Да видиме кое од дечињата најбрзо ќе донесе заљубено прсте до прстето кое чека во центарот.

Најдобро е по некое време, децата да ги оставите сами да креираат задачи и правила за игра, затоа што така секогаш се појавуваат нивни, нови, убави и корисни идеи а децата сами би си го задавале темпото и тежината на задачите.

ПРЕДЛОГ ИГРИ КОИ МОИТЕ ДЕЧИЊА ГИ ИЗИГРАА НА ОВОЈ ЧАС КАКО НИВНИ ИДЕИ:
1. Кој број ќе се добие ако 1 се сретне со брат му 11 ......( децата во групата предлагаат броеви и носат заклучок) 2+12....и тнт.
2. НЕКОЛКУ ДЕЧИЊА спојуваат прстиња со броевите до 10 и се обидуваат да пресметаат збир.
3. Пресметај збир на сите броеви на едната рака( со броевите до 10)

 

ВАЖНИ ДИДАКТИЧКИ ПРЕПОРАКИ:

Оваа игра може да биде искористена во оној дел од часот во кој Вие ќе сметате дека најдобро одговара, според дотогашите постигања на учениците и вашите идеи за остварување на целите за оваа содржина. Ние оваа игра ја искристивме ДВА ПАТИ - Еднаш на подолу опишаниот начин како вовед, мотивација и за дијагностицирање, а потоа следниот ден со цел- Утврдување на знаењата.

 

Доколку се одлучите да ја играте оваа игра со цел- Вовед во оваа содржина и дијагностицирање на предзнаења, предлагам ваквата игра да ја изиграте на следниот начин: -Вие сте едниот играч кој на своите прсти ги има броевите во боја, а другиот Ваш соиграч е ученик за кој знаете , сте процениле дека има доволно предзнаење. Останатите би се вклучиле во улога на ваши помошници кои би Ви помагале со сугестии при спојување на броевите а Вие би ги следеле нивните предлози за да им овозможите да ја согледаат точноста или неточноста на претпоставките. Еден дел од учениците нека Ви помагаат Вам а останатите на другиот ученик, Вашиот партнер. Во тек на играта како најважно, напоменете неколку пати дека оваа игра подоцна ќе ја играте сите, дека сите дечиња ќе добијат свои шарени напрстоци за игра, но малку подоцна или на следниот час, штом малку се извежбате креирање парови на други начини. На ваков начин ќе демонстрирате креирање парови но и ќе ги мотивирате дечињата активно да се вклучат во следните активности за да можат подоцна успешно да ја играат оваа игра, интересна за сите нив. Воедно, би добиле слика за предзнаењата на децата.  Не би советувала за ваквите цели и на сите деца да им обезбедите уште веднаш напрстоци бидејќи би изгубиле време во игра која не би го помогнала реализирањето на целите наведени горе во целост. Како воведни поучувачки активности за образување парови предлагам други активности-Заљубени броеви-Направи збир 10. Направи збир 20

 

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2017