МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Математика- Симетрија,  второ одделение

 

Цели и очекувања од овие активости- Воочува што е симетрија и оска на симетрија,  идентификува примери на симетрија во природата, наоѓа симетрија кај 2Д форми и слики и ја црта линијата на симетрија, го идентификуваат бројот на линии на симетрија на форми, прави шеми со рефлективна симетрија.

Реализацијата на целите во овој случај опфаќаше дводневни активности. Во текот на првиот ден направена е дополнителна интеграција со Ликовно образование-Роршахова дамка. Започнавме со забавна игра од моето детство, без воведување во поими а сепак во функција на целите.

ИГРА- Работен лист- Вселенска авантура

Воочување на симетричен распоред на почетни точки

Вежба за соодветно симетрично преклопување на точки во однос на оската на симетрија(линијата која ги дели двата света на листот). Навидум едноставно но сепак може да помогне и на поголеми деца кои треба да научат да пресликуваат отсечки и форми преку оска. Погоден начин да се започне со усвојување на поим без негово посебно објаснување и акцентрање а всушност со директна примена и стекнување солидни почетни сфаќања.

ОПИС НА ИГРАТА:
ОВА Е ИГРА ЗА ПАРОВИ- Листот треба да е испечатен и превиткан на половина. На секоја половина се наоѓа по една вселенска станица , вселенски човек и негови летала. Секој од двата играчи си зема по една своја страна како дом. 
ПРИКАЗНА за вовед- Еден ден две свемирски човечиња се договориле да си ги заменат вселенските станици и леталата. Бидејќи не постоела можност едноставно да се премине границата во средината човечињата откриле дека ќе мора си играат освојување со фрлање на освојувачки бомбони. Штом погоди една од леталата на другата страна таа ќе се ослободи за него. Така човечињата ќе треба од својот простор внимателно да нишанат и да погодуваат на спротивната страна се додека не ги освојат сите ракети и на крај спротивната свемирска станица. 
КАКО СЕ ПОГОДУВА- Прво едното дете проценува далечина и местоположба на една од спротивните ракети која ќе избере, со пенкало во боја на својата страна на соодветно место црта точка, потоа го преклопува листот и ја повторува точката од задната страна за да остави отпечаток- Сега го отвара листот и гледа каде е отпечатокот на таа точка, дали успеал да ја освои ракетета од другата страна. Истото го повторува другиот играч....Се до крај , до освојување на вселенската станица на другата страна.

Работниот лист и целата игра побуди голем интерес кај учениците. Се договоривме да го испечатиме во повеќе примероци и да ни стои спремен за игра во математичкото катче.

ПРЕГЛЕД НА СЛЕДНИТЕ АКТИВНОСТИ

Сега разгледавме различни примери на симетрија во природата со цел децата почетно да ја разбират симетријата како пресликување преку една линија- оска, дуплирање од другата страна на оската, идентично преклопување, како одраз во огледало...Паралелно со анализата на сликите спонтано им ја доловував претставата за поимот симетрија па така и преку прашањето "Колку оски на симетрија има конкретната слика" заедно градевме претстави за поимот без негово посебно дефинирање кое би ги збунило на оваа возраст и во овој прв чекор.

Следно беше ЧОВЕЧКОТО ТЕЛО како пример за анализа и извлекување заклучоци.  ДЕМОНСТРИРАЊЕ СО ПОМОШ НА УЧЕНИК МЕНТОР КАКО МОДЕЛ

Разговаравме и претпоставуваме- Колку оски на симетрија има телото и зошто,....Кога не би постоела симетрија...

Со самолеплива трака во боја ја поставуваме оската на телото. Она што посебно ме израдува беше нивното детално понатамошно размислување и анализа: "За да видиме правилна симетрија треба и левата и десната рака детето да ги држи во иста положба странично, исто и нозете зошто на пример ако левата рака е до телото а десната исправена нема симетрија на она што се гледа како целина" Дечињата спонтано заминаа и чекор потаму во анализата: "Симетријата малку не им била правилна ако ја гледале блузичката а не целината на телото затоа што блузичката има слика која кога ке се подели не е идентична на двете страни"

Потоа ги разгледавме ДЛАНКИТЕ споени во различна положба и си игравме со дланките. (Едноставно креирање шеми на рефлективна симетрија. Детално воочување на поставеност на елементи во шеми на рефлективна симетрија) Со спојување и идентично разместување на дланките и прстите дечињата покажуваа симетричност но и заклучуваа дека возможна е само една оска на симетрија. Поимот оска на симетрија и барање број на оски веќе спонатно влезе во редовна употреба. Посебно интересно им беше да ги најдат оските на симетрија врз слики од овошни плодови. Со добра претходна подготовка наместо слики активноста ќе биде поинтересна ако се изведе со вистински плодови.

СЛЕДНА АКТИВНОСТ-Проверка, кои математики форми имаат оски на симетрија и кој по колку оски на симетрија има...Активноста се изведе со чекори на истражување: Запишување на претпоставки, проверка и бележење откритија, навраќање на хипотезите и нивно споредување со доказите, извлекување заклучоци. Користевме неколку начини и срдства кои најдобро ќе ги воочите на самите фотографии во прилог.

 Роршахова дамка

(Едноставно креирање шеми на рефлективна симетрија. Детално воочување на поставеност на елементи во шеми на рефлективна симетрија)

За време на оваа креативна активност најпрвин работевме во парови. Секој пар имаше свој отворен најлон чија средина беше обележана со лепило во боја. Им објаснив дека она што се бара почетно од нив е со темперни боички да ја исполнат само едната половина од најлонот. Потоа на даден знак сите ги преклопија своите најлончиња и полека со прстињата ја развлекуваа бојата во разни правци за да се направи креативен отпечаток. Така децата изработија интересни творби. Направивме изложба и разговаравме- На што не потсетува секоја слика. Потоа детално разгледавме на кој начин се направило пресликувањето барајки детали на едната и идентичниот детаљ на другата страна од оската. Тука воочивме дека секој детаљ има свој оптечаток на другата страна, оддалечен подеднакво од средината, оската но протегањето нагоре или надолу е обратно. Потоа секој ученик направи по една своја дамка со самостоен избор на бои и избор на нивната поставеност по што повторно ги разгледавме и разговаравме за протегањето и поставеноста на почетните точки на секоја шарка во одност на оската.

КРЕАТИВНА МАСКА (Шема на рефлективна симетрија)

Главата, лицето има една оска на симетрија, заклучија дечињат уште веднаш. Оваа активност беше најголема радост за сите. При оваа наша вежба се договоривме дека двете обравчиња мора да бидат идентично но и симетрично, насликани. Тука полека им објаснував дека мора да се внимава на растојанието од оската за да имаме идентично преклопување. Линијата нацртана од едната страна на другата страна почнува на иста висина но се протега во спротивен правец...

ИДЕЈА ПЛУС

Покажете им на дечињата како при изработка на оригами се користат оските на симетрија и со симетрични преклопувања се добиваат интересни украси.

  




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024