Ucime niz igra - Сите на фарма-Интерактивна математичка приказна




     МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Интегрирана активност-СИТЕ НА ФАРМА со СЛАМЕНИ ПЕРНИЧИЊА ;-)

   

-Учење преку наша интерактивна приказна "ПОДАРОЦИ ЗА СИТЕ ДОМАШНИ ЖИВОТНИ" изградена со содржини од Математика- Бројот 7 и неговата бројна вредност, додавање и одеземање 1 во обем на 7, творење и решавање текстуални задачи.( Со мала измена на содржината на  задачите во приказната на овој начин можете да вежбате задачи со броевите до 20)  Македонски јазик-Градење на содржина на приказна според слики и примена на драмска техника-Клучни зборови. Корелација со Запознавање на околината- Домашни животни. Во интеграција со Ликовно образование- Обликување и моделирање.

Ова активност претставува пример за забавна хоризонтална и вертикална интеграција.  Во неа учествуваа учениците од прво одделение заедно со група другарчиња од второ до осмо одделение и наставничката по Англиски јазик Кате Кутлешовска Тасевска. 

   

Токму со оваа приказна започна нашето утро. Јас ја водев активноста со интрпретација на делови од замислена приказна а дечињата за цело време имаа задача да ми помагаат во градење на содржината со опишување на сликите, разговор за домашните животни, претпоставка на настаните, решавања низа проблемски задачи со броење и собирање до 7. 

  

Индивидуална работа- Формирај множество од седум елементи а потоа претстави го збирот како 1+1+1+1+1+1+1=7. Разговарај на колку други начини можеш да добиеш збир 7 и покажи на другарчето.

 

ПОТОА УЧЕНИЦИТЕ ИМАА ПРИЛИКА ДА ИЗБЕРАТ ЕДНА ОД 2 ПОНУДЕНИ АКТИВНОСТИ,

со напомена дека подоцна би можеле да се заменат со другачињата.

ПРВА АКТИВНОСТ-Изработка на КОКОШКИНИ СЕДЕЛА со по 7 пиленца.  

За оваа активност децата обликуваа сено, обликуваа хартија и изработуваа пиленца а потоа избираа преполовени лушпи од јајца и ги ставаа во нив. 

На поголемите другарчиња им беше интересно да помагаат. Тие со нас споделија интересна идеја за правење кокошка, од хартија и жолта селотејп трака, а ние бевме пресреќни.

   

ВТОРА АКТИВНОСТ-Прикажување  на сцена од местото на случување во приказната со

-Моделирање пајчиња од пластелин и изведба на драмски игри и дијалози

    

Потоа дечињата уште еднаш се дружеа со приказната преку работа на комјутер заедно со другарче од второ одделение. Така во парови првачињата ги решаваа математичките задачи а другарчето од второ одделение во улога на ментор следеше и помагаше. Потоа дечињата имаа задача да креираат текстуални задачи кои би одговарале на содржината на секој слајд посебно а другарчето од второ одделение тоа го запишуваше врз слајдовите. 

  

Но тука не застанаа нашите активности :-)   

ВРЕМЕ ЕДНА ГОЛЕМА, ВЕСЕЛА, СЛАМЕНА ЗАБАВА :-) и НЕ САМО ТОА..

ЌЕ СИ НАПРАВИМЕ НАШИ СЛАМЕНИ ПЕРНИЧИЊА И ВО ИДНИНА ТИЕ ЌЕ БИДАТ НАШИ СТОЛЧИЊА во миговите кога си читаме приказни или си разговараме.

 

Гоооолемо благодарам на родителите на моите првачиња што ни ја овозможија оваа сламена журка највесела на свет.

Прекрасни сте, ви благодарам на соработката :-)

    

 

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2016