МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 4
Guests: 4
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

"РИПЧИЊАТА КОИ ОДЕЛЕ НА ПРОШЕТКА ДО ДАЛЕЧНИОТ ОСТРОВ"

Цели и очекувања- БРОИ ПО ДВА ПОЧНУВАЈКИ ОД БРОЈОТ 2 па до 100. Користи групирање по 2 за да изброи поголем број предмети. Ги открива и учи броевите што се добиваат со броење по 2 (Второ одд)

  

Забелешка- Поимот "Парни броеви" и сега ќе биде ненаметливо претставен и поврзан со овие броеви но како посебна цел останува за наша следна активност. Броењето по два почувајќи од бројот 1 исто така останува како цел во активностите за запознавање на непарните броеви, наредната седмица. На крајот на страницава понудена е идеја за  час- Броење по 5. Броењето по 2, 5 и 10 ги разделив во 3 посебни часови затоа што бројот на целите предвиден за оваа седмица дозволува ваква комбинација и секој од овие посебни часови го поврзав со целта- Ги открива и учи броевите што се добиваат со броење по...

Средства- Наша интерактивна приказна, рибите од камчиња, табела 100 за секое дете. ДИДАКТИЧКА ПРЕПОРАКА- Доколку воведната активност ја изведувате со повеќе од 15 деца предлагам да користите апликации-риби( наместо риби од камчиња) и со нивно лепење на таблата да ја проследите приказната.

Започнувам јас и полека ги вовлекувам учениците во текот на приказната .

 

"РИПЧИЊАТА НА ПРОШЕТКА ДО ДАЛЕЧНИОТ ОСТРОВ"

Денес моите пријателчиња  одлучија  да одат на прошетка низ морето, некаде таму далеку, кај некој убав малечок остров. (Покажувам две риби и ги ставам на масата на сина површина. Децата ми помагаат и избираат картичка со бројот два па ја ставаат под рибите.  Потоа уште веднаш секој во својата табела го обојува бројот два и повторно внимателно слушаат.) 

 

Но, рипчињата некако се мислат,  никако не им се оди сами толку далеку. -Што ќе правиме сами ние двајца, јас мислам најдобро е да си викнеме друштво, во друштво е секогаш поубаво.  Ги повикувам ги повикувам, повикувам двете пријателчиња од морето на Лео, ќе сакате ли да ни се придружите? Детето ги реди двете риби во близина на првите со малку простор помеѓу нив.. Колку сме сега зедно? ДЕцата наоѓаат картичка со бројот 4. Ги броиме овие риби по два и продолжуваме. -Сепак малку сме, си мислам јас- рекла најстарата риба. Најдобро ќе биде да повикаме и две пријателчиња од морето на Стефан. *Ги ставаме малку одделени* Колку сме сега? ДЕцата наоѓаат картичка со бројот 6, броиме од почеток по два до 6. Ќе повикам и две пријателчиња од морето на Бојан, да не помислат дека ги заборавивме.. Колку сме сега на број?.......8.......А да повикаме ли уште две другарчиња од морето на Андреа? ...10

 

ЗА цело време инсистирам на броење од почеток по 2 и така спонтано ги повикувам дечињата на учество. После одреден блок на броеви децата одат кај своите табели 100, во нив ги заокружуваат или пишуваат броевите до каде што сме изброиле и повторно сите се враќаат на масата за заедничка работа за да одиме понатаму.

 

На ваков начин играме до бројот 30. Потоа дечињата ја превземаат активноста и продолжуваат без мене а на местото ГЛАВНА РИБА се ротираат по ред за секој круг. Така полека, преку интерсна драмска игра, на масата правиме низата со картичките и ги воочуваме броевите кои се добиваат со броење по два , ПОЧНУВАЈКИ ОД 2 до 100.

 

ГРУПИРАЊЕ КАМЧИЊА- Активноста ја продолжуваме во дворот каде собираат и групираат камчиња по 2 до 100- Тимска работа ( 5-10 мин)

 

ПОВТОРНО ВО УЧИЛНИЦА

Со тимска работа ја подредуваме Табела 100 во која имаме задача да ги пронајдеме и ставиме само броевите кои се добиваат со броење по 2. Воочуваме и разговараме- Со кои броеви завршуваат сите овие броеви, ајде да ги погледнеме по ред, во секоја десетка, што е тука интересно ? Секаде се повторуваат 2, 4, 6, 8

  

 ИГРА,  ПЕЧАТЕЊЕ со ДВЕ ПРСТИЊА- ИНДИВИДУАЛНА РАБОТА-

 Крувчиња со жолта а некои Јаболчиња со црвена боја. Правило е- секој да печати со две прстиња за два броеви одеднаш и внимателно да брои по два до каде стигнал. 

 

 ДОМАШНАТА ЗАДАЧА -ЛАВИРИНТ  

 

 

 

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 4
Guests: 4
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2017