Ucime niz igra - Броевите и нивните роднини, поголеми или помали од нив за 10




     МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Броевите и нивните роднини, поголеми или помали од нив за 10

  

ЦЕЛИ и ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ- Одредува број што е за 10 поголем или помал од некој двоцифрен број до 100. (+10 -10) Вежба додавање и одземање 1 до 100. Усно го образложува начинот на решавање и размислувањето. Го користи знаењето за решавање проблеми и загатки.

РАБОТНИТЕ ЛИСТОВИ потребни за овој час се понудени  на крајот на описот на оваа активност од каде можете да ги превземете за работа, се додека ги применувате и почитувате условите за користење на авторскиот материјал и идеите поставени на оваа веб страна.

 

ПРВА АКТИВНОСТ- ФРОНТАЛНА ФОРМА

Повторно се навраќаме на приказната за десетте десетки и преку главните цели на нејзината содржина воочуваме дека секој број има свој роднина, за 10 поголем од него а живее во соседната куќичка веднаш тука до неговата. Така бројот 7 има роднина 17, а пак бројот 17 има роднина 27 кој е за 10 поголем од него...И господин 27 има свој роднина за 10 поголем од него, живее во куќичката до него и се вика 37...Вака до 100. Потоа децата ја превземаат улогата на раскажувачи, одбираат по еден број и ни раскажуваат еден по еден по аналогија на она што јас го раскажав како пример.

 

ВТОРА АКТИВНОСТ

РАБОТА ВО ДВА ЦЕНТРИ СО СЛИЧНА ЗАДАЧА НО РАЗЛИЧЕН ПРИСТАП

Учениците се поделени во две групи но имаат слобода да ротираат низ активностите и да се надополнуваат. Уште пред почетокот на активностите сите деца ги слушаат моите објаснувања за начинот на работа и барањата во двата центри па така подоцна лесно можат да ротираат, да си ги предаваат задачите еден на друг и да се дополнуваат за време на работата.

1. НЕОБИЧНА ТАБЕЛА

Средства- Широк селотејп во бои за исрцртување на табела на подот. Еден комплет картички. Во интерес на времето табелата ја поставува наставникот а децата помагаат. Оваа табела не е подготвена со цел да ги содржи сите броеви до 100, ниту започнува со 1, ниту за завршува со 100. Во неа децата ќе треба да откријат од кој број треба да почнат со поставување броеви според неколкуте карти кои јас ги поставив во неа за појдовна ориентација. Децата имаат за цел да ги најдат сите РОДНИНИ на дадените броеви, по ред онака како што се зголемуваат за 10, еден од друг вертикално.

  

2. СОНЦЕ

Детето одбира еден број од  кругот на маста (броеви од 1 до 10 ) потоа  во купчето броеви до 100 го бара првиот број за 10 поголем од него. Потоа го бара бројот за 10 поголем од вториот број...И така зраците се редат како на пример- 6, 16, 26, 36, 46, 56, 66, 76.....96. Секое дете бира свој број и почнува од него за да направи еден зрак.

  

  

ИГРА-СОСТАВУВАЛКА- ИНДИВИДУАЛНА РАБОТА

Детето извлекува два едноцифрени броеви и со нивно спојување треба да ни каже кои броеви може да ги направи. На добиениот број му додава 10 и решава- ПРИМЕР 67+10=77.

  

Потоа ги завртува обратно цифрите, од 67 добива 76 и му додава 10 па пресметува. Тука откривме дека на некои броеви не можеме да им ги превртиме цифрите за да добиеме друг број. Пример- 11, 22, 33, 10, 20, 30...

   

ПАТУВАЊЕ ВО ПОДВОДНИОТ СВЕТ- РАБОТНИ ЛИСТОВИ

ПРЕДИЗВИК- Помогни му на рипчето да стигне кај пријателите.

  

Најпрвин заеднички, на интерактивната табла го запознаваме начинот на работа. Потоа секој ученик работи индивидулано. Имам подготвено два видови на работни листови за две тежински нивоа. И во двата типа децата вежбаат откривање броеви со додавање или одземање по 1 и додававање 10. Но како најважно тука вежбаат логично размислување затоа што главната цел е да се пополни оваа необична табела 100 која содржи невидливи полиња  па децата деца треба да претпостават кои броеви се невидливи и да ги искористат како репер за следен број. Табелета содржи и неколку броеви кои се почетно поставени и тоа им дава избор да тргнат по нив и да решаваат горе и долу вертикално со што ќе вежбаат и применуваат сознанија дека под бројот 13 треба да стои 23 зошто е за 10 поголем од него....Потоа долу веднаш оди 33 и слично со што работата оди побрзо и полесно а сепак точно. Иако овој тип на задачи и самиот е на повисоко тежинско ниво, сите дечиња со радост и голем интерес се обидуваа да ја откријат тајната како се решава загатката и сите успешно ги завршија задачите.

  

ДОМАШНА ЗАДАЧА

-МАГИЧЕН КРУГ КОЈ ИСПОЛНУВА ЖЕЛБИ-

  

Најпрвин секое дете доби по еден работен лист а потоа сите заедно разговаравме- ШТО БИ МОЖЕЛО ОВА ДА БИДЕ? Децата ја анализираа сликата и според примерот самите заклучија на кој начин треба да го пополнат овој магичен круг.

  

 

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2016