Дропки-Второ одделение
Цели и очекувани резултати: Знае што е една половина, една четвртина, може и осмина, според способноста и интересот на учениците. Наоѓа половини и четвртини од мали групи предмети. Прави цело со комбинации. Умее да го запише тоа како дропка. Споредува дропки по големина.
За изведување на оваа активност користевме разни ситни материјали од збирката во математичкото катче. Се работеше во парови со ротација низ поставените центри. Доколку активноста се изведува со поголем број на ученици, може да се работи во парови со тоа што директните инструкции наставникот ќе ги задава фронтално а секој пар претходно треба да си обезбеди по 1 црн хамер за пишување со креда и една кесичка со ориз, грав, јачмен и слично.
Самите фотографии најдобро опишуваат низ какви искуства поминуваа учениците, поточно какви задачи и предизвици решаваа низ игра и со взаемна помош и соработка, со претпоставки и обиди:
Пример почетна активност реализирана во прво одделение
ЦЕЛО, ПОЛОВИНА, ЧЕТВРТИНА- Математика со платно, брашно, салфетки, чевлички