МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Кула од чашки-Собирање до 100 низ игра

 

Преку оваа интересна активност дечињата вежбаат собирање до 100 на забавен, игровит начин, поделени во две групи. Бројот на групи можете да го одредите според бројот на ученици а играта може да се игра и во парови затоа што не е тешко секој пар да има свој комплет чашки. Чашките визуелно го претставуваат зголемувањето при собирање поставeни броеви на дното на кулата а нивната основа улога е да го привлечат детското внимание и математиката да наликува на игра и токму поради тоа се присутни тука.

Започнете со една прва зедничка игра-Погоди што се случувало тука. Покажете им ја оваа слика преку проектор, интерактивна табла, испечатена или направете своја верзија со цртање на хамер.

Важно е дечињата да се поттикнат на размислување и да се обидат да дадат одговор. Штом откријат што следува заедно решете ја задачата до самиот врв.

Потоа поставете ја пред нив оваа слика без понудени броеви и повторно изиграјте нова заедничка игра но овој пат почетните броеви на дното запишете ги заедно со завртување на коцка 5 пати по ред и заедно пресметајте до врвот. Паралелно на масата поставувајте чашки и на нив со самолепливи стикери претставете го пресметувањето. 

Сега дечињата веќе умеат да ја играат играат во групи или парови. Во нашиот случај работевме во две групи со две кули од чашки. 

ПОСТАПКА

- Секоја од групите на својата маса почетно ја реди кулата со почени 4, 5 или 6 чаши и нагоре

- Со вртење на коцката ги запишуваат почетните броеви на стикери и ги лепат на чашите на дното.

- На даден знак во исто време секој сам за себе почнува со пресметка, на табличка или на лист.

- Кога ќе завршат сите членови од групата се бара точниот резултат на врвот и првиот кој завршил точно. Потоа се се повторува со нови броеви.

 

ПОТОА НА НИВО НА ГРУПА СЕ ИГРА СО ЗАПИШАНИ ПОЧЕТНИ БРОЕВИ ОД 1 ДО 10, без коцка или со поголем почетен број, полни десетки и слично НО СО ПОМАЛКУ ПОЧЕТНИ ПОЛИЊА ВО ДНОТО за да не се надмине бројот 100. Дозволете им сами да си запишуваат почетни броеви, дури и ако надминаува збир 100, дозволете да се обидат.

 

За да биде поинтересно можете да користите тајмер со кој ќе се поттикне натпреварувачки дух и ќе се види колку време му требало на најбрзиот ученик да пресмета http://www.online-stopwatch.com/eggtimer-countdown/full-screen/. Овој online тајмер е омилен на сите дечиња. 

 

Играта може да продолжи и дома. Споделете го овој работен лист во групата за интернет комуникација со родителите со препорака да го испечатат во боја а потоа да го стават во најлонска кесичка. На тој начин, децата ќе можат да вежбаат различни комбинации со впишување и бришење броеви на кесичката а листот секогаш ќе стои спремен за следна нова вежба.

 

 

 

 

 

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2017