МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

ПАРНИ и НЕПАРНИ БРОЕВИ ДО 20 

Цели и очекувани резултати- Брои по 2 до 100. Ги знае броевите што се добиваат со броење по 2 почнувајќи од бројот 2 и од 1. Разбира зошто и кои броеви ги викаме парни, а кои броеви се непарни и ги препознава до 20. Користи групирање или делење на предмети на два еднакви дела за да покаже дека бројот е парен или непарен. Го објаснува начинот на размислување. Го поврзува новото знаење за проценка кои броеви се парни и непарни до 100.

 

ВОВЕДНА АКТИВНОСТ

РАБОТНИ ЛИСТОВИ ЗА ИНДИВИДУАЛНА РАБОТА И ТИМСКА АНАЛИЗА:

Оваа активност има за цел-  Да применат стекнато знаење за броење по 2. Да ги слушнат поимите ПАРНИ и НЕПАРНИ БРОЕВИ и сами да ги откријат следејки ги моите инструкции за броење по 2 почнувајќи од 1 или од бројот 2. ВАЖНА НАПОМЕНА-Во главниот дел од часот ќе ја откриеме тајната зошто некои броеви ги нарекуваме ПАРНИ а други НЕПАРНИ.

 

Иако активноста ми беше планирана за работа во две групи, сите ученици изразија желба уште веднаш да ги добијат и двете куќички, за да откриваат и парни и непарни броеви бидејќи сметаа дека умета правилно да бројат по 2 од 1 и по 2 од бројот 2

  

По завршувањето на активноста ги изложивме куќичките и забалежавме дали некаде има грешки кои треба да ги поправиме. Ги поделивме во две УЛИЦИ-  УЛИЦА НА ПАРНИТЕ И УЛИЦА НА НЕПАРИТЕ БРОЕВИ. Тука уште еднаш си игравме погодување, со броевите до 20.

Потоа заедно уште еднаш ги решивме задачите на таблата и си игравме претпоставување- Каков број може да е бројот 28. Децата одговорија- Тој е парен затоа што - се наоѓа под парните број во табела 100 или ( друго објаснување) затоа што е веднаш под БРАТ МУ 18 а овој е за 10 поголем ама се браќа и се добиваат со броење по 2. Потоа јас кажував други броеви поголеми од 20 до 100 па слично претпоставуваме и објаснуваме и за нив. Разговаравме и -Во што е разликата ? На кои броеви завршуваат броевите добиени со броење по 2 почнувајќи од 1 и почнувајќи од 2.

 

СЛЕДНА АКТИВНОСТ

ДА НАПРАВИМЕ НАШАТА ЕСЕНСКА ГРАДИНА НА БРОЕВИТЕ

Претходно имав подготвени картички- три пара ливчиња со броевите до 20 и две суви гранки од дрво. Најпрвин децата имаа задача да ги гледаат измешаните броеви и во парови да бараат изгубени броеви- Едното дете покажуваше парни а другото покажуваше непарни броеви, сите останати беа судии. Со следење на она што го изработивме во куќичките ги одделивме броевите што се добиваат со броење по два почнувајчи од 1 на едно место, а другите на друго место до нив.  

Кога броевите беа одделени започнавме со китење на дрвата. Двете дрва ги именувавме како ДРВО НА ПАРНИ и ДРВО НА НЕПАРНИ БРОЕВИ.

 

Штом завршивме со работата ги прашав што мислат- Зошто двете групи носат вакви посебни имиња?

 Што би можело да значи зборот ПАРНИ и зборот НЕПАРНИ броеви....

Разговараме малку а потоа им кажав дека сега ќе треба внимателно да слушаат додека им раскажувам една интересна приказна со помош на која верувам дека ќе ја откримеме тајната за значењето на овие зборови

"ПРИКАЗНА ЗА ПАРНИТЕ И НЕПАРНИТЕ БРОЕВИ 

ОД ФАМИЛИЈАТА БРОЈКОВЦИ"

 

          

......................................................................................................................................................................................................

  

По разговор со учениците ние се договоривме да изработиме сликовници за останатите броеви до 20. Да видиме што мисли господин 12, дали е парен или непарен број. Што мислиме за 17?....Да го претставиме тоа со слика. Сега имаме уште страници, со нови настани во нашата приказна која до пред малку беше недовршена. (Творењето на нови содржини за приказна  е содржина и цел на Творечката секција во рамки на Слободните ученички активности па така можевме темелно да се посветиме на оваа активност, без брзање).  Некој смисли дека бројот 20 имал 20 пајчиња дечиња и тој за да не им е тесно ги поделил да пливаат во две езерца. Тој тоа го можел затоа што бил парен број. Друг ученик ни раскажа дека бројот 15 си купил 15 лижалчиња и сакал да си ги подели половина за денес, половина за утре ама нема да му успеело бидејки тој е непарен број. Бројот 16 имала посадено 16 дрва, пола јаболкници, пола од нив круши..

 

Истовремено поставивме манипулативно катче со дидактички материјали за да можат децата да го користат по желба или потреба за проверка на мислењето. Ја искористивме нашата манипулативна слика АКВАРИУМ и игравме со неа- Децата извлекуваа број, претпоставуваа дали е парен или непарен број а потоа го докажуваа своето тврдење со помош на аквариумите и грвчињата, со броење по два и делење во две еднакви друпи.

   

 

 

 

ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ ГИ ПРЕЗЕНТИРАМЕ НАШИТЕ ИЗРАБОТКИ

 

ЗА ДОМАШНА РАБОТА- БРОЕВИ ДО 100

Децата добиваат по два листа на кои е отпечатена по една празна куќа. Во едната треба да ги запишат сите парни броеви до 100 а другата треба да биде дом на непарните броеви до 100. Има давам насока да работаат со броење по д почнувајки од 1 и со броење по два почнувајќи од 1 но и дека можат да користат табела 100 за помош ако им е полесно така.

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2017