МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 4
Guests: 4
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Разложување на броевите до 1000- Трето одделение

  

Активности за почетно воочување С.Д.Е и стекнување јасна претстава за нивното количествено значење - Запишување на реалната вредноста на секоја цифра во зависност од тоа дали се наоѓа на местото на стотки, десетки или на место на единици и доказ со собирање....Цел: Знае што претставува секоја цифра во трицифрен број и ги разложува на стотки, десетки и единици.
Активностите во овој прилог овозможуваат учење низ игри
со ротации низ неколку центри во кој е сместен наш манипулативен материјал, манипулативни сетови направени со достапни материјали. Работата во центри овозможува штедење, рационализација на ресурси, посебно во одделенија во кои има голем број на ученици за да се обезбеди еден ист тип на ресурс за служење од страна на сите ученици истовремено. На овој начин, со неколку различни манипулативни сетови овозможуваме дечињата да минат низ неколку центри во кои ќе учат на различни начини преку тимска работа и соработка. 

 Идеи плус: http://ucimenizigra.ucoz.com/index/pishi_brishi_matematichki_kutivchi_a/0-367 

Предлог манипулативни сетови за оваа тема:

 

1. Табличка направена од стиропор како подлога и пластични затварачи во три бои

Потребен материјал:

-Стиропор обложен со хартија или селотејп во боја, пластични затварачи

-Три тегли или садови во кои ќе ставиме сечени сламки во три бои. Секоја тегла е обележана со посебно име СДЕ. 

-Во внатрешноста на секој затварач има малку пластелин кој има улога да ги држи сламките кои ќе ги забодуваме во него. 

-Три коцки со чие завртвување го добиваме трицифрениот број кој потоа треба да го разложуваме. 

По запишување на бројот, дечињата имаат задача да го претстават бројот со забодување сламки, по една во затварач, во боја соодвентан на бојата за СД или Единици. Додека едно дете го претставува разложувањето на таблата, остантите го разложуваат бројот на следниот начин: Пример 345=300+40+5

  

Наместо сламки, во затварачите може да се ставаат камчиња, бисерчиња и слично, во различни бои за СДЕ.  Посебно е важно едуакторот пред почетокот на работата во центрите со манипулативи да изведе демонстрација на примената на работните сетови, преку фронтално претстваување на неколку пример задачи.

 

За време на сите активности предложени во оваа прилика, може да се користи овој работен лист за индивидуална работа, за решавање како претпоставка а потоа следува заедничка проверка со примена на манипулативите како доказ, објаснување на тврдењата.

2. Математички сателит

Потребен материјал за изработка и игра: Пластично шише. Може да биде наполнето со вода во боја за да биде поинтересно. Три испишани кружни ленти во три бои, една за стотки, друга за десетки а најмалата за единици. Табличка за решавање, тетратка или предложениот работен лист.

 

Детето со замижани очи ги завртува трите ленти, една по една а потоа го запишува бројот што го добил. Оваа "играчка" служи за добивање на трицифрениот број. Понатаму сите деца од групата го разложуваат бројот со запишување и собирање пример 568=500+60+5 за следно да ги споредат своите записи. Потоа следното дете ги завртува сателитот за да добие нов број и постапката се повторува во круг. Сателитот го привлекува вниманието на децата играчи и ги држи активни за време на играта.

 

Преку употреба на вакви средства дечињата се поттикнуваат да размислуваат за откривање на нови креативни а едукативни примени на отпаден материјал. Особено е интересно и корисно често да им нудиме готови манипулативни сетови и нив да ги замолиме да ни откријат за која намена можат да служат, што би можеле да учиме со нивна помош, се разбира доколку конкретните сетови во тој миг не ги користиме за првично воведување во разбирање на нова цел. Верувајте, нивната фантазија е далку подобра од нашата. Доколку често учат со примена на пренаменети манипулативи, тие ќе умеат лесно да ни дадат и многу повеќе добри идеи за конкретни активности за дадена цел и од нас самите. Посебно ме радува кога ќе забалежам дека после неколку круга игра според моите правила, дечињата откриле и применуваат свои нови правила и нови начини за учење на истата цел со примена на истиот сет. 

Сложувалка-погодувалка-криенка

Направена е на основа од хартија со хартии во три бои а може да се применува за игри во неколку варијанти.

Основна варијанта за игра- Детето произволно отвара полиња за СДЕ а потоа запишува кој број го добил и го крие- Остантите читаат од сложувалката а потоа носат заеднички заклучок за добиениот број

Втора варијанта- Едно од дечињата запишува трицифрен број на малечко ливче-потоа усно го претставува пред другарчињата: Пример- Запишав број кој има 3 единици, 2 стотки и 4 десетки. Кој е тој број? Останатите дечиња запишуваат секој за себе а потоа ги споредуваат записите. Покажуваат на сложувалката со отварање на полиња.

 

Трета варијанта: Едно од дечињата извлекува три едноцифрени броеви од сет со броеви или со завртување на три коцки- по една за СДЕ. Тоа го прави додека останатите имаат задача да мижат до даден знак. Го претставува бројот на сложувалката со преклопување на полиња а потоа им го покажува на другарчињата за да го прочитаат бројот. Потоа прави нова комбинација на трите извлечени броја- На пример, кој бил на место стотки го става на место едници и тнт. Следува ново читање. Потоа се прави трета комбинација со која исто така се воочува дека големината на бројот зависи од цифрата која сега стои на местото на стотки. Заклучуваме која комбинација на трите цифри може да даде најголем број а која најмал. 

 

Трицифрена масичка

Шемата се прави на самата работна маса, со ленти од три бои широк селотејп. Интересно би било и кога би ја направиле на подот во училницата па дури и надвор со цртање на асфалт.

За овој сет потребни ни се и три садови со пластични затварачи за шишиња во три бои. Секој сад треба да биде одбележан со посебен знак за СДЕ. Потребни се и три коцки во посебни бои, по една за СДЕ, со запишани броеви-важно е да се опфатени броевите до 9 и нула. Коцките можеме да ги направиме со обложување на стари коцки од растурен сет за склопување слики од приказни. Важно е боите на коцките да се исти како боите на поделените капачиња.

1-Со завртување на коцките дечињата добиваат трицифрен број кој понатаму треба да го претстават со разложување- со ставање соодвебни тапи, во соодветен број на соодветно место за СДЕ.

2-Следно е писмено претставување на разложувањето во форма на собирање. Дечињата работаат индивидуално а потоа си ги споредуваат записите. 

  

И тука можни се комбинации на коцките со цел да се прикажат сите комбинации на цифрите и броевите кои ги добиваме на тој начин, нивно подредување по големина, откривање на најголемиот и најмалиот трицифрен број кој може да се добие со промена на местата на цифрите. 

 

Направете избор на активности кои можете да ги искористите за време на ваков час или организирајте ги сите понудени активности за работа низ центри со ротација на дечињата по истек на предвидено време за работа. 

Автор Весе Весела Богдановиќ




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 4
Guests: 4
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2017