МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Вежби- Расказните реченици-"богати " и "сиромашни "

  

Претходни заења- Поим и претстава за реченица. Што е тоа РАСКАЗНА РЕЧЕНИЦА. Веќе се запознаени со:  нејзина содржина и функција, правила за пишување на голема буква на почетокот на реченицата и во зборови кои означуваат имиња на лица, градови, држави...Имаат искуство со творење нови реченици после секоја нова изучена буква.

Цели и очекувања од оваа активност- Да вежабаат пишување нови реченици со примена на досега изучените букви и примена на правилата за употреба на голема буква и точка на крајот. Да ги подредуваат правилно зборовите во реченицата но и да вежбаат збогатување на реченицата со нови зборови(придавки) кои би дале појасна, поубава слика за кажаното. Да можат да идентификуваат и прочитаат расказни реченици во пишувани дела, раскази и сликовници. Да започнат да се оспособуваат, насочуваат и поттикнуваат кон самостојно литературно творештво. Напомена-Поимот ПРИДАВКИ не беше спомнат за време на ативностите иако токму преку употреба на придавки вежбавме пишување богати, сликовити реченици.

Воведна активност

Вежби за пишување зборови; именување и броење на гласовите, буквите во зборот

Учениците работаа поделени во две групи со два типа на понудени активности. Имаа слобода да ротираат по своја желба во договор со другарчињата и наставникот.

ПРВА ГРУПА- Игра за пишување зборoви (КУЌИЧКА СО ЗАПОЧНАТИ ЗБОРОВИ)

Средства- Таблички и креди за пишување.  Големо пластично шише (куќа) во кое се сместени пластични затварачи од тегли во кои претходно се напишани почетни слогови. На некои од капачињата не е запишан слог( мо, ма, та, ко...)  туку само почетите букви од збор, пример-БР...ШТ....бидејќи забележав дека при пишување на зборовите децата често ги прелетуваат согласките ако се една до друга кога си го кажуваат зборот во себе, без да го забележат  неговото постоење. Оваа вежба ќе им помогне  да креираат различни зборови според две зададени почетни букви. ПОСТАПКА- Детето извлекува капаче, ги чита двете букви запишани на него и треба да ги напише сите зборови на кои ќе се сети. 

 

Денес, за време на ваквата активност некои од учениците не пишуваа само збoрови, туку уште веднаш пишуваа цели реченици во кои почетниот збор започнува на тие две извлечени букви.

Оваа наша КУЌИЧКА СО ЗАПОЧНАТИ ЗБОРОВИ е секогаш достапна на дечињата заедно со табличките за пишување, не само во рамките на овој час. Бидејки сите овие средства им се многу интересни на дечињата тие често, и за време на одморите си играат пишување зборови, взаемно си проверуваат и се помагаат учејќи низ игра.

ВТОРА ГРУПА-  Игра во парови

Средства- Кутија со разни сликички од предмети и суштества. "ЖАБА" од хартија . Хартија и моливи за пишување.

ЧЕКОРИТЕ ЗА ИГРАТА- 1. Едното од децата извлекува слика. 2. Го именува она што го гледа на сликата 3.Кажува од колку гласови е составен тој збор. 4. Двете деца ја зeмаат во раце својата "ЖАБА" и го повторуваат заедно зборот, буква по буква со отварање и затварање на "устата на жабата" посебно за секоја буква. 5. Потоа го запишуваат зборот, секој на својот лист. 6. Сега двете деца треба да кажат нешто во врска со зборот што го напишале (по една реченица). 7. Секој на својот лист ја запишува реченицата на другото другарче и си ги заменуваат листовите за да си помогнат да си ги исправат евентуалните грешки во пишувањето. Наставникот следи и укажува на употреба на голема почетна буква и точка на крајот на реченицата доколку забележи дека има потреба.

 

ВТОРА АКТИВНОСТ- СИРОМАШНИ И БОГАТИ РЕЧЕНИЦИ

Средства- Едноставни реченици кои јас претходно сум ги смислила и напишала, секоја на посебен лист, по две според бројот на деца(со досега изучените букви) Ножички, креди, површина за пишување со креда. Истата активност може да се изведе и со пишување врз бели хамер хартии.

ТЕК- На почетокот на оваа активност им ги покажав моите "сиромашни " реченици. Ги ставив на маса каде дечињата имаа можност да ги прочитаат и да видат што сум напишала. Броевме-Колку зборови сум напишала во секоја реченица. Ги замолив да ми помогнат да ги направам да бидат поубави, "богати" со нови зборови. 

 

За таа цел најпрвин избрав една реченица, ги замолив да ја прочитаме на глас за да видиме на кој начин би можеле да ја збогатиме, кај кој збор треба да ја пресечеме за да вметнеме нов збор или повеќе зборови. Повторно броевме колку зборови има сега оваа наша нова БОГАТА реченица која заедно ја креиравме. Потоа им ги поделив речениците, по две на секое дете и заедно ги исековме . Понатаму децата самостојно ги збогатуваа речениците а јас следев и помагав.

   

За време на активноста освен додавање зборови за опишување, некои од учениците ја тргаа со сечење точката кај последниот збор и  ја продолжаа реченицата и во таа насока. Останатите го прифаќаа примерот на другарчињата па  тие се обидуваат да ги збогатат своите реченици и на тој начин.

 

ТРЕТА АКТИВНОСТ- "Шкавче со реченици"

Самостојно творење и пишување нови реченици со примена на изучените букви

 

"Шкавчето" со реченици реченици е пренаменета кутија за чевли која стана наша омилена играчка за учење низ игра. Во себе ги собира и чува речениците кои дечињата ги творат после секоја обработена буква, уште од почетокот на обработката на буквите. Секогаш е достапно на дечињата и тие секојдневно како да се натпреваруваат кој ќе смисли поинтересна реченица, на часот, за време на одморите или дома, без разлика дали е тоа дадено како задача или тоа е само нивна желба и идеја за пишување. До него секогаш стојат празни ленти од хартија во кои децата би можеле да запишуваат нови реченици. Нашите утрински средби започнуваат со ова "шкавче". Дечињата со големо задоволство си ги читаат речениците кои ги напишале дома едни на други  а јас сум среќната учителка која со радост ги охрабрува сите обиди и се радува на секој напишан збор. Грешките ги поправам внимателно, без да го навредам или обесхрабрам трудот на детето,  заедно со детето кое ја напишало реченицата. Никогаш не користам стило за испрвака на зборовите или буквите туку го замолувам внимателно  да избришеме со гума и самото дете повторно да напише, за никој да не знае за нашата мала грешка.

Дечињата често знаат и самите да си играат со ова помагало за време на слободното време. Седнуваат на масичката на која стои, извлекуваат реченици по случаен избор, во парови си ги читаат едни на други. Додека едниот чита другото дете следи внимателно а потоа улогата се менува. Сите реченици кои влекуваат во ова шкавче се шарени, илустрирани од страна на пишувачот и така секоја реченица наликува на мала авторска приказна.

И денес имавме задача да го збогатиме нашето шкавче со нови речници. На мој знак -"ОСТАВИ СЕ И ПИШУВАЈ ! ", дечињата ја прекинаа активноста опишана погоре, зедоа по неколку празни ленти за пишување и седнаа на своите места. Се договоривме овој пат да се обидеме да напишеме "богати" реченици со повеќе зборови и повторно убаво да ги илустрираме но да внимаваме тоа бидат нови реченици кои не сме ги запишале до сега. За време на пишувањето следев и помагав, внимателно укажував на грешките, поттикнував да употребуваат повеќе зборови за опишување.

 

ДОМАШНА ЗАДАЧА-

Дечињата добија задача да напишат по 5 нови реченици, богати и интересни но и да ги илустрираат. Сите нив ќе ги читаме следниот ден за време на утринската средба и потоа ќе ги ставиме во шкавчето со лентички за да биде уште побогато.

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2017