Прваче
Прваче сум буквар имам
и честитки вeзден примам.
Звонче звони
слушам глас
брзам,брзам
на прв час.
..............................................
РОДЕНДЕН
Денес ми е роденден
гости многу сакам.
ако некој не дојде ке ми биде мака.
Торта сама направив
и колачи имам
Денес ми е роденден
гости цел ден примам.
Ај ве чекам дојдете,
дојди и ти Маро,
само слушај-шепни ми
ми носиш ли подарок?
.................................................
ЦВЕЌЕ ЗА МАМА
Ќе наберам цвеќе најубаво на свет
и ќе ја гушнам мама послатка од мед.
Ќе ја стегнам милно
и ќе викнам силно-
Сонце си што грее,
птица си што пее.
Најдобра на свет и од мајки пет!
ЗОШТО НИ СЕ
Зошто ни се рачињата?
-Мама да ја галат.
Зошто ни се устињата?
-Мама да ја фалат.
Зошто ни се ушињата?
-Мама да ја слушаат.
Зошто ни се рачињата?
-Мама да ја гушкаат.
Очињата зошто ни се?
-Мама да ја гледаат.
Ножињата едно-две
кон мама да трчаат.
........................................................................................
КОЈ ПОМАГА
Кој на мама и помага тој е чисто злато,
така велат бабичка и дедо и тато.
Мама цел ден работи,готви,чисти мие,
таа дома последна легнува да спие.
Приборот за јадење си го измив сама,
собата ја исчистив без да знае мама.
Слушнете другарчиња,кој што прави така,
заслужува пофалба-секој ќе го сака.
МИЛА МИ Е
Мила ми е птицата песни кога пее.
Мило ми е сонцето топло кога грее.
Мило ми е цвеќето кога мирис шири.
Кога в гора овчарче на кавалче свири.
Мили ми се децата песни кога пеат.
Мили ми се бабите,љубов што ни леат.
А што ми е најмило,ќе ви кажам сама,
-кога ќе ме гушне и ме бакне мама!
........................................................................................
МАЈКА И ДЕТЕ
Во нашето семејство ваков си е редот-
татко ми е дете на баба и дедо.
Но,исто и јас заедно со бато
и ние сме им деца на мама и на тато.
Од памтивек до денес тоа така бива,
за мајката сме деца се дури е жива.
........................................................................................
МОЈОТ НОС Е САМО МОЈ
Многу сакам дома гости,
баби,тетки,вујни,стрини.
Ама не се сите исти,
не се сите толку фини.
Неќам секој да ме гали
и за образ да ме штипка.
Како кому да му текне
да ме гали да ме пипка.
Каков им е пак тој штос
да ме влечкат и за нос?
-Секој нос си има свој-мојот нос е само мој!
Не сум веќе бебе мало
туку дама што ве моли-
Пипни-штипни,
пипни-штипни
-тоа може и да боли!
........................................................................................
ТРИ БАБИ
Некој многу сака кученца и мачки
другарчиња многу и убави играчки.
А јас еве вака-три баби да имам
најповеќе си сакам.
Една ќе ми кажува приказнички лесни,
најубави сказни,најубави песни.
Втората од мама и тато ќе ме брани
и в буквар ќе чита место мене страни.
А третата ќе може шалче да ми сплете
и игри да ми покаже од кога била дете.
........................................................................................