ЧИРИБА ЧИРИБУ, ЗА ПОВЕСЕЛ ДЕТСКИ СВЕТ
Втор дел од активностите по повод ДЕТСКА НЕДЕЛА 2012/2013

ШТО ПРАВЕВМЕ?
-Игравме и учевме, учевме низ игра, се разбира.
ШТО НАУЧИВМЕ?
-Научивме да се дружиме, да си играме без да се караме, да навиваме едни за други и пријателски рака да подадеме на победникот.
Научивме дека доброто со добро се враќа. Поубаво е кога сме повеќемина зедно додека си играме и ги делиме играчките.
Знаеме да се договориме кога цртаме заеднички цртеж и сите помагаме да биде најубав.

Со тениските рекети не се играло само тенис. Може со нив да се игра и некоја друга интересна игра која ние ќе си ја измислиме и ќе си се договориме кои ке бидат правилата на игра. Може правила и воопшто да нема. Тоа може да биде едноставна весела игра како оваа нашата. Ја нарековме- Ти посакувам убави нешта...
Погледнете го нашето волшебно стапче. Нели е необично? Колку само интересни магии правевме со него.За час се претваравме во мачиња, за час станувавме кученца...Од каде ли дојде таа магија? Можеби од толку посебното волшебно стапче но можеби и од нашата волшебна црвена наметка..Кој би знаел...
Сите по ред ја испробавме магијата и таа навистина делуваше. На среќата и немаше крај.Утре повторно ќе се обидеме за секој случај.
Потоа си игравме уметници.Направивме уметнички слики за највесел детски свет.
Како се игра уметници?
Треба боички, хартии, фантазија и насмевки.
Најпрвин треба учителката да се сети дека и старите шишиња можат да се искористат за нешто а потоа малку да ни покаже.
Мора да си се договараме и да не се караме додека работиме во групи.
Треба секое другарче од групата вредно да работи и да помага за да бидеме супер група.
Потоа, треба учителката да вели браво додека работиме и ние да се радуваме и така среќни и охрабрени да правиме уште поубави слики.

На крајот многу е важно сите да и помогнеме на учителката да се врати се на свое место зошто не е фер а и срамота е да оставиме растурено.