МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     
И децата сакаат разговор..Погледнете...


Едноставна анализа на веќе обработен текст




ВИДЕО ЗАПИС




РАЗГОВОР ПРЕД СЕ !

Децата сакаат разговор како што го сакаме ние возрасните во секојдневната комуникација. Довербата на детето се стекнува со разговор. Првото внимание на детето се предизвикува со разговор. Љубопитноста со разговор се буди.

Се договараме со разговор, со разговор разменуваме мислења, ставови, проблеми, решенија. Колку и да се обидуваме да дадеме предност на останатите методи при работа со деца, сепак разговорот реално го завзема првото место а истиот е основа за сите останати методи и го следи и помага секој од нив.

Како се води и насочува продуктивен разговор?

Колкава треба да биде групата на ученици за успешен разговор?

Дали е потребно дигање на рака за да се обезбеди ред за зборување?

Има многу интересни прашања во врска со примената на овој метод.

Најпрвин, ајде да се потсетиме како ние возрасните водиме разговор.

Како ние некому кажуваме за нешто што ни е интересно ? За нешто интересно што сме чуле или ни се случило.

Нели најпрвин се обидуваме да најдеме згодно место каде ќе седнеме или ќе се повлечеме со пријателот за да разговараме. Најпрвин му кажуваме накратко дека имаме нешто посебно да му кажеме и дека би се радувале то да го споделиме со него. Потоа, откако сме обезбедиле внимание но и услови за раговор ние тогаш започнуваме со раговор. Доколку нема пријатни услови и самите ние не се чувствуваме убаво да започнеме да раговараме. Ако пак на пријателот не сме му дале до знаење колку ни е важен овој разговор со него, тој веројатно и ќе нема време да седне да разговара. А ако пак му ставите до знаење со една реченица дека за некој друг нешто сте чуле и виделе, тогаш од љубопитност и сам соговорникот услови ке направи за да ве сослуша и да ја задоволи својата љубопитност.

Така и децата на оваа воздраст. И тие сакаат да знаат дека нам ни е важно сега, во овој момент,  ова или она да го споделиме со нив. Тие дури и од возрасен пријател повеќе би се зантересирале да слушнат што ќе им кажеме. Секоја информација за нив може да биде интересна ако се каже како божем некоја тајна или некое посебно доживување. Посебно би сакале да слушаат внимателно работи кои божем на некое неумно дете му се случиле или пак му се случиле на некое паметно дете. Колку нашата најава е поинтересна толку позаинтересирани ќе бидат нашите ученици.

Како да се смират дечињата кои претходно изведувале живи динамични активности? Како нив да ги натераме да седнат мирно и да не слушаат?

Еве една едноставана игра за смирување.

Се вика СЛУШАЈ ЈА ТИШИНАТА.

Наставникот дава знак а учениците седнати удобно на столчињата треба да замолчат и да се обидуваат да ловат звукови од околината на училиштето и дворот. Потоа на знак на наставникот дечињата кажуваат што слушнале додека ја слушале тишината. Сите деца ја сакаат оваа игра и веднаш седнуваат на своите места штом наставникот го каже името на оваа игра. Така смирени и релаксирани спремни се она што ќе следува.

Што потоа?

Каков треба да биде тонот на гласот на наставникот додека го води разговорот.

Тонот на гласот треба да биде таинствен.

Понекогаш дури и шепотењето знае да предизвика зачудувачки поголемо внимание отколку наше силно надвикување. Кога зборуваме тивко, тие сами се трудат да слушнат што зборуваме доколку убаво сме  ги заинтересирале. Доколку претходно не сме ја предизвикале нивната љупотност, тогаш нашето викање и гласно збоување воопшто нема да ни помогнат децата за да слушаат внимателно и со желба за слушање.

Подобро е да водиме разговор во групи доколку имаме многу ученици во одделението.

 Најдобри се разговорите со група до 15 деца. Воопшто не е потребно делење на уште помали групи. Наставникот стои помеѓу самите ученици.

Разговорот се води спонатно, точно како кога разговараме со пријатели. Внимателно го слушаме секој предлог, секој коментар и што е најважно, го почитуваме.

Дури и погрешните мислења или одговори вниателно ги преформулираме во истиот миг или од нив истакнуваме што посебно ни се допаднало за да го заштитиме детето од осудување на другите. Така детето и следниот пат има храброст да се вклучува во секој разговор и да не се плаши дали неговото мислење е точно или не е.   

Кревање рака за да се одговори на парашање????

Не се согласувам дека тоа треба да биде присутно во пракса со деца на оваа возраст .

Во атмосфера во која наставникот се поставил како пријател со кој разговараат и кому му ја даваат својата доверба, не се вклопува вакво нерамноправно однесување. Така би значело дека наставникот смее кога сака да каже нешто или да параша а децата тоа не смеат туку мораат најпрвин рака да кренат и да чекаат да им биде дозволено да зборуваат.

Разговорот со деца од прво одделение е истата онаа техника, Бура на идеи. Тука нема запишување како при примената на таа теника но другото треба да биде исто.

Да се потсетиме како во секојдневниот живот разговара група луѓе на роденден на маса.

Или повеќе деца кои си играат во дворот на училиштето.

Таму никој не дига рака за да го каже своето мислење. Таму сите го слушаат оној кој знае намногу да ги заинтересира присутните.

Таму секој се бори да биде слушнат но и проценува кога е момент да почне да зборува тој. Проценува кога е паметно да се молчи и да се слуша некој друг што почнал да кажува нешто а подоцна да се вклучи и тој самиот.

Зошто и во училницата не би важеле овие закони на спонатност? Зошто од мало дете кое можеби единствено онака спонтано би собрало храброст да викне и кажи некое свое мислење или став, ние би барале да се охрабри да дигне рака и да чека ред да одговори кога сите ќе молчат и ќе го слушаат.

Како дополнително да ги мотивираме децата да разговараат?

Посебно е полезно кога би биле во можност со камера да ги снимаме разговорите кои ги водиме со децата. Подоцна кога ќе се гледаат на некоја заедничка активност, наставникот може да ги пофали сите но и да истакне колку му се допагаат некои одговори на другарчиња кои најчесто и најупорно се вклучувале во разговор. Децата ја примаат таа порака лесно и запомнуваат дека наредниот пат и тие би сакале да видат себе си на камерата како активно разговараат , даваат предлози и на некој нечин- како се главни за време на часот што се снима.

Подоцна, ова преминува во навика која се практикува и кога нема камера која снима а нашите ученици станале активни наши соговорници, слободни и љупобитни се да си прашуваат но и храбри да учествуваат со свои ставови и мислења.

Способноста за разговор, отвореноста да се разговара, храброста да се каже своето мислење и да се сослуша туѓото, да даваат свои предлози, сето ова е богатсво на личноста без разлика за која возраст станува збор.







NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024