Активности по повод ДЕТСКАТА НЕДЕЛА
3.10 2011 до 5 .10.2011
Координатор и реализација
Весела Богдановиќ
Што ако не - игра.
Тоа е најголем дар за нас децата.Игрите на отворено во дружба со дечињата од второ и четврто одделение го обележаа почетокот на нашата Детска Недела оваа година.
Се сетивме да си поиграме Балонче,Иде мачка покрај тебе,Штркот бара боја и многу други игри а наставничката се радуваше на нашите идеи.
ИГРА
ОД МЕНЕ ДО ТЕБЕ-ОД ТЕБЕ ДО МЕНЕ
-ДА СЕ ВРЗЕМЕ ЦВРСТО И НИКОЈ НИШТО НЕМА ДА НИ ЗЕМЕ..
си игравме интерсна игра и секој се радува колку е интересно кога сите си играат со едно исто клопче
Во соработка со учениците од второ одделение
си направивме РАЧИЊА-ПОЗДРАВЧИЊА ОД СИТЕ ДРУГАРЧИЊА-
Ги ставивме да бидат убав украс за нашата училница.
Учениците од четврто одделение се подсетија на ПРАВАТА НА ДЕЦАТА
и ни ги прочитаа и нам за да научиме и ние.
Потоа направија ЗИДНО ПАНО и ни го подарија нам на малечките
Со играта БАЛОНОТ ТИ ПОСАКУВА НАЈУБАВИ ЖЕЛБИ
се сетивме што се убаво може да се посака некому.
ТИ ПОДАРУВАМ НЕШТО МОЕ ЗА ДА БИДЕ ТВОЕ
-беше активност со која си изработувавме накит и си го подарувавме мегусебно...
ДРВјАТА КОИ КРИЈАТ НАШИ ЖЕЛБИ
се изработки на другарчињата од четврто одделение
СИТЕ ДЕЧИЊА ЗА РАЧИЊА
е име на работилницата во која разговаравме за нации,националности,различни вери,различни бои но исти мисли и срца на сите луге на овој Свет.
Ги обоивме да бидат убави па ги фативме сите за рачиња.Заедно да другаруваат и моите и твоите.
Потоа си добивме беџови,маркица и пасош па свечено се заколнавме дека ќе ја слушаме нашата учителка .
Сега сме и ние членови на Детската организација
Си ветивме многу работи,за другарството,пријателството,делењето,помагањето...а за убаво да ги запаметиме ветувањата наставничката ги испиша на ова жолто ПАЈЧЕ-ВЕТУВАЛКО.
Тоа пајче- пријателче ќе стои тука кај нас и внимателно ќе следи кој си ветил и си исполнал ветување а кој не.Затоа да внимаваме...