СЕДМИЦА
ПОНЕДЕЛНИК ден е делник,
тогаш баба меси зелик.
Пот од чело ВТОРНИК роси
втора срека тој ни носи.
СРЕДАТА е бела Неда,
со ЧЕТВРТОК што се гледа.
ПЕТОКОТ е ,нека прости,
ден што неке многу гости.
САБОТА е ден за мрза,
ни работи,ни се брза.
НЕДЕЛАТА одмор вреди,
си одмара,сед лен седи.
СЕДУМ ДЕНА-СЕДМИЦА
ИЛИ ЕДНА НЕДЕЛА.
СЕДИМ ДЕНА ПОСЕБНИ
КОЈ ОД КОЈ ПОРАЗЛИЧНИ.
ВРЗАНИ СЕ СЕТРИ,БРАКА
СЕКОЈ СЕКОЈ СИ ГО САКА.
ДА ГИ ДЕЛИШ ШАНСА НЕМА
НИТИ НЕКОЈ ДЕН ДА ЗЕМА.
......................................................
Нека ни е
Kога сонце
светне в утро
нека ни е
ДОБРО УТРО.
Штом е над нас,
на пол ден,
нека ни е
ДОБАР ДЕН.
Штом зад ридот
ке се скрие,
ДОБРА ВЕЧЕР
нека ни е.
.......................................................
КАКО ПОЗДРАВУВАМ
Ако сретнам другарче
ке му речам ЗДРАВО!
Тато ке ме пофали
браво,браво,браво.
Наутро ДОБРО УТРО
секогаш поздравувам.
Напладне со ДОБАР ДЕН
секому се јавувавм.
На вечер-ДОБРА ВЕЧЕР
секому сакам,
и често поздравувам
со крената рака.
Штом некој си легнува
и се смири звон,
обично поздравувам
ДОБАР,ЛЕСЕН СОН.
Патник кога сретнувам
го сметам за брат,
со поздрав го испаракам
СРЕКНО!ДОБАР ПАТ!
......................................................
Часовник
Дење ноке
тика така.
Не знае за замор,мака.
Нити спие,нити дреме,
покажува точно време.
Часовите тој ги брои,
на зид ил на маса стои.
Пријател е тој најдраг,
тика-так,тика-так.
..............................................................
Дедо мрак
Облечен во најцрн фрак
на бал оди дедо Мрак.
Темницата,баба стара
дедо Мрак го учи ,кара.
Помалку да јадеш,пиеш.
Немој визби да се крие.
Весели сено со ум,
глупоста е најлош кум.
Очила и чадорноси,
надвор ситен дождец роси.
А и бастун земи в рака
да си немаш по пат мака.
Во совети нокта мина,
денот фракот му го скина.
Денски за него нема шетање,
дента за дедо Мрак е за спиење.
..................................................
Кавга
ДЕНОТ И НОКТА
САКААТ ДА ЗНАТ
Кој е поубав?
Таа или јас?
И така двата спореле,
долго се карале,
и кај што ке стигнеле
одговор барале.
Кога за тоа
ја прашале Гората,
таа им рекла-
поубава од вас е Зората.
И веке кавга си нема,
денот денот си до зема,
нокта ноки има цели
и двата си се срекни и весели.
............................................