Влегувам во училницата со молчење и почнувам да свирам ..малце на мандолина..малце на кавалче...па на усна армоника... Ги пеам нотите по скалата но свирењето е лошо па се поттикнува весела атмосвера..Ги разгледуваме, именуваме и опишуваме инструментите.Се обидуваат и тие да свират на инструментите што ги донесов...Се договоривме подоцна да си побараме на интернет да видиме и да слушнеме како свири на овие инструменти некој кој знае.
Кога запрашав дали би можело да се свири со уста,сите се согласија дека тоа е лесно и дека може.Потоа ми покажуваа и се обидуваа да бидат што поуспешни.Следно проверувавме дали можат рацете и нозете да бидат наш инструмент кој ке не придружува додека нешто пееме.ЗА ова имавме пооделени мислења но за кратко време сите се премислија дека тоа би можело да биде па зедно пеевме познати песнички придружени со шлапкање и тропкање со нозе.
Следуваат ПРЕТПОСТАВКИ-Дали се
свири со лажичка....чинија...
Се што поставив како идеја за проверка, на дечињата им беше смешно и сите се согласуваа дека наставничката е смешна
кога тврди дека можело да се свири со најлонче,хартија,гезве,чаша,чинија,со моливчиња,со шишиња.
Ги изненадив кога започнав со моето музицирање комбинирајки ги сите горенаведени предмети а во тоа ми помогна и чичко Робе,домакинот во нашето училиште.
Потоа и самите деца се обидуваа да свират и имавме весела и бучна работна просторија.
Изработка и свирење на ВИБРАФОН
Најсрекни беа кога им покажав како се прави инструмент со шишенца со вода и ми помагаа додека го правев,
но не веруваа дека на него би можело навистина да се свири.
Навистина им беше тешко да поверуваат дека би можело да се свири на шишенца...
Внимателно следеа и ми помагаа да се припремат сите потребни работи.
Штом бевме спремни се обидов да им ја свирам-Билјана платно белеше па и бев навистина успешна.
Не се опишува колку беа срекни и изненадени.СЕ обидуваа и тие да свират малку.
Ја пеевме нотната скала со помош на вибрафонот и беше навистина весело.
Најпосле си направивме и зрнкалки од пластични чаши
полни со капачиња,тапи и ориз па музициравме и со нив.
ШТО НАУЧИВМЕ
Ова беше интересно искуство и за мене и за учениците.
Се обидуваа да даваат свои идеи што да проверуваме...и беа ненаситни.
Се обидуваа и самостојно...но бараа и помош.
Соработуваа но толку им беше интересно што не би можела да им замерам на моментите кога имаше себичност околу тоа кој да свири и на што
..а ги имаше и тие моменти...
Работа во групи со различни задолженија не беше изводлива па нити претходно ја имав предвидено со оглед на возраста
и љубопитноста која не би ги задржала децата во посебни катчиња за време на вакви интересни и бучни активности.
-Научија дека многу предмети а и делови од нашето тело можат да бидат во улога на музички инструмент .
-Сега знаат дека паметно е да се проверуваат работите за кои се сомневаме ако има услови за тоа,
а не да се оставаат непроверени или да се верува во нешто што некој ни тврдел а ни изгледа невозможно.
-Знаат дека секогаш е добро да се побара помош од возрасните зошто некои активности можат да бидат опасни за децата
-Гледаме слики од музички инструменти
преку видео бимот и ги опишуваме....делови од кои се составени...разлики мегу
нив...Некои се детски...кои ли се тие...
-Ги опишуваме
-Се обидуваме да свириме и на гитарата, мандолината
и кавалчето во нашата училница.